Дијаспора

Во Тарту (Естонија) инаугурирана изложба посветена на авторот на првата докторска дисертација за македонскиот јазик од 1890 година

tartu3

Во Универзитетската библиотека во Тарту беше отворена изложба посветена на првиот проучувач на македонскиот јазик Леонард Готхилф Мазинг, воедно и автор на првата докторска дисертација за македонскиот јазик одбранета во 1890 година на тогашниот Дерптски универзитет (денес Тарту) истовремено одбележуваќи и 170 години од неговото раѓање.

tartu3

Изложбата е ретроспектива за неговиот живот и дело со фокус на 125. годишнината од издавањето на одбранетата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик како и неговите сестрани истражувања за географијата, историјата и етнографијата на Македонија.

Иницијатор и автор на изложбата е Георги Гоце Дуртаноски кој оваа архивска граѓа ја истражуваше во последните две години во подготовка на оваа изложба посветена на двата јубилеи за Леонард Мазинг во Државниот архив на Естонија, Универзитетската библиотека, Естонскиот литературен музеј и архивата на Естонската евангелистичка црква. 

tartu1

Со инаугуративни говори изложбата ја отворија директорката на универзитетската библиотека г-ѓа Лиси Лембинен и македонскиот амбасадор Неговата екселенција г. Сашо Велјановски.

Госпоѓа Лембинен се задржа на важноста на јубилејот за Леонард Мазинг инициран од македонска страна во зацврстување на културните врски меѓу двете земји, додека македонскиот амбасадор Велјановски ја подвлече важноста на делото на Леонард Мазинг за меѓународно етаблирање на македонскиот јазик од крајот на 19 век.

По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Естонија и Македонија и взаемната соработка на сите полиња амбасадорот Велјановски донираше и книги на македонски јазик како и специјално издание за македонските глаголски и кирилски ракописи.

tartu2

Естонскиот дипломат г. Даниел Шер како претставник од Министерството за надворешни работи во своето излагање го заокружи пријателството на двете земји изразувајќи притоа целосна поддршка од естонска страна за интеграција на Македонија во Европската унија. Господинот Шер ја поздрави недвосмислената одлука на Македонија да отвори амбасада во Талин како единствено дипломатско претставништво во Балтикот.

Со свое присуство на отворањето даде и почесниот конзул на Македонија во Тарту г. Петер Роуз. Во негувањето на оваа нераскинлива врска меѓу Македонија и Естонија почесниот конзулат има посебно значење и симболика што се наоѓа токму во Тарту. 

Импресивен беше говорот на проф. д-р Љубов Кисељова, директор на Колеџот за странски јазици и славистика во нејзиниот инаугуративен говор ги праша присутните:

„Кога ќе прашаме за Македонија на што асоцира името на таа земја?

На империјата на Александар Македонски! – одговори публиката.

За кој народ зборуваме?

За тој народ кој ја создаде најголемата и најславната империја во светот која потоа беше освоена и разграбана од Римската и Византиската империја како и окупациите кои потоа ќе следат: српската, грчката, бугарската …„     

На младиот студент Леонард Мазинг кој дојде во Тарту да студира теологија не му било судено да стане свештеник по стапките на татка си, туку стана филолог и го препозна македонскиот јазик како посебен преку говорите на Македонците кои ги сретна во Лајпциг и во Петроград за подоцна да стане и одличен познавач и да го владее истиот. Преку личната кореспонденција и доживотно пријателство со големиот поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик Иван Александрович Бодуен де Куртене можеме да ја заклучиме дека Мазинг за својата докторска теза имаше голем број на истомисленици!„

Поздравен говор кон изложбата имаше и познатиот славист Александар Димитриевич Диличенко, поранешен професор по славистика на Универзитетот во Тарту, чии трудови и цитати за Мазинг беа исто така вклучени како дел од изложбата на авторот Дуртаноски.

Професорот Диличенко ја оцени изложбата како најголема чест што му се случила на Мазинг по неговата смрт.

Цитирајќи го светски познатиот славист Реџиналд де Бреј, авторот Дуртаноски рече:

„Како иронија на историјата, македонскиот народ чии претци му ја дадоа писменоста на сите славјански народи во втората половина на 9. век, остана последен чиј јазик им го признаа како засебен!„ Естонската престолнина на науката – Тарту е дел од поновата историја на Македонија и токму преку Мазинг културен мост кој ги поврзува двата народи со слични судбини од минатото„.

tartu4

Од име на Светскиот македонски младински конгрес и македонската дијаспора на Универзитетската библиотека беше подарена плакета како благодарност за чување на дел од македонското културно-историско наследство и афирмација на македонскиот јазик токму преку делото на Мазинг чиј оригинал се чува токму овде.  

Свечената дел заврши со разгледување на изложбата од сите присутни и научен осврт/дискусии за животот и делото на Леонард Мазинг.  

Изложбата ќе биде отворена до 22. декември 2015 година

ПРОМОВИРАНИ ПЛИК И ПОШТЕНСКА КАРТИЧКА СО ЛИКОТ НА ЛЕОНАРД МАЗИНГ

Светскиот македонски младински конгрес во Естонскиот поштенски музеј во Тарту истиот ден ги промовира и пушти во оптек поштенски плик и картичка со ликот на Леонард Мазинг и првата докторска дисертација за македонскиот јазик.

Издадениот лимитиран тираж картички и пликови беше испратен со датум 27. ноември до македонските организации во дијаспората и катедрите за македонски јазик на универзитетите ширум светот.

ЧОКОЛАДА СО ЛИКОТ НА МАЗИНГ КАКО ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБАТА 

По повод 170 години од раѓањето на Леонард Мазинг специјална серија на чоколади со ликот на Мазинг се најде како дел од изложбата во Тарту.

Најпознатата фабрика за чоколади „Лаима„ основана во 1870 година во Рига (Летонија) на почетокот го носела името „Македонија„ сѐ до 1925 година кога била преименувана во „Лаима„ – балтичка митолошка божица на честа и судбината. Серијата на чоколади беше послужена на време на свечениот коктел, а една чоколада е изложена како експонат.

Изложбата за Леонард Готхилф Мазинг беше иницирана, осмислена и реализирана од Георги Гоце Дуртаноски, предавач на Летонската христијанска академија (Рига) во соработка со:

Проф. д-р Љубов Кисељова, директор на Колеџот за странски јазици и славистика при Универзитетот во Тарту, Тања Шаховскаја, виш библиотекар од одделот за ретки книги и ракописи при Универзитетската библиотека во Тарту, Татјана Шор, архивар од Државниот архив на Естонија, Естонската евангелистичка црква, Амбасадата на Македонија во Талин, Почесниот конзулат на Македонија во Тарту, Светскиот македонски младински конгрес, Естонскиот литературен музеј и Естонскиот поштенски музеј.

ЛЕОНАРД Г. МАЗИНГ – БИОГРАФИЈА

Леонард Готхилф Мазинг бил роден на 21. ноември 1845 година во с. Мустјала, Естонија и потекнувал од црковна фамилија. Се школувал во Лајпциг, Гетинген и Тарту.

Бил доцент во Дерптскиот Универзитет (денес Тарту) на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје.

На 27. ноември 1890 година во Тарту ја одбранил докторската дисертација за засебноста на македонскиот јазик. Посебно внимание Мазинг обрнал на ќ/tj и џ/dj во македонскиот јазик што претставувал најатрактивен „проблем“ во славистиката.

Леонард Мазинг преку 45 години предавал во тогашниот Дерптски универзитет, каде што одржувал курсеви по споредбено – историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, увод во славистика, филолошка и словенистичка литература, за црковнословенскиот јазик, јужнословенската дијалектика, источноевропските јазици итн.

Тука, секако, влегува и интересот за македонскиот јазик и неговата посебност.

Со докторската дисертација како и останатите свои дела Л. Г. Мазинг даде поттик за развој на македонистиката кон крајот на XIX век. Неговите дела ги привлекле и други автори на кој им била важна историјата на Кирило-методиевата писменост, култура и етнолигвистика,  додека политиката и пропагандата им била туѓа.

За Македонија/македонскиот јазик вели:

„Во денешниве услови кога Македонија не е независен политички субјект, за нас (лингвистите) важат нејзините етно-историски граници за дефиниција на јазикот!„ 1890

Починал на 4. април 1936 година во градот Тарту.

Линк до Универзитетската библиотека во Тарту за изложбата на естонски јазик кликни тука:  

http://www.utlib.ee/index.php?mod=ntx&cmd=sisu&e_id=162&id=354&e=1

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top