Дијаспора

Нападот од Каракамишева за младите нови македонски емигранти ОМД и поединци од диаспората го користат за политички цели против ВМРО-ДПМНЕ

Tanja-Karakamiseva

Пишува: Јанко ТОМОВ, јануари 2016

Tanja-Karakamiseva

Мето Колоски претседател на Обединета Македонска Диаспора (ОМД), кој мисли дека диаспората го подржува во неговата Македонска националнополитичка активност, постојано прави гафови, кои му го намалуваат авторитетот за напорите со застанување пред македонското иселеништво, за афирмација на македоинската националност, култура и сл.,како обединителна алка на диаспората, со родна Македонија. ОМД. посебно со контакти и зголемување на Американски Конгресмени во групата “Пијатели на Македонија”, кој покрај поголемиот број на Демократи, кои го кочат напредокот на републиката, нарочно непризнавањето на уставното име и со тоа членство во НАТО и ЕУ, како и признавањето на сувереното име од страна на Обединетите нации, има Конгресмени и од Републиканската партија на Америка, од кои се очекува поправилен третмант на Република Македонија, доколку ги добијат изборите во о.г.

Од време навреме слушаме за некои коментари во врска со извесни навреди од страна на Проф. по Уставно право г-џа Тања Каракамишева Јовановска, за извесно навредување на новите македонски емигрант-интелектуалци, со написот “Мујо од Канада” во колумата на “Дневник”. Деновиве сме сведоци дека Мето Колоски од ОМД, ми се чини дека званично со тој гест подаде рака на социјалдемократите –СДСМ, факајки се за едн збор кој се однесува за младите Македонски интелектуални кадри, дека не би требало да ја напуштаат републиката и да бараат работа во државите на западната хемисвера. Како факт е дена написот на ОМД е публикуван само во антивмровскиот весник “Утрински весник”, кој скоро целосно ја подржува комунистичката СДСМ, одредена да по секоја цена и по цена на сменувањето на уставното име на Македонија, дојде со неуставни закани на чело на владата на републиката.

Колоски вели во написот “НА ИЗВИНУВАЊЕ ОД КАРАКАМИШЕВА НЕ СЕ НАДЕВАМЕ”, публикуван во “Утрински весник” на 11 јануари 2016 година. Меѓу останалото, кога спомнува дека во иднината секако постоеле индикации во Р.М., да одговорат на извесни напади на Македонски млади интелектуални иселеници со тоа да таквите како Каракамишева, професорка по парво на универзитетот во републиката, која е една од бранителите на Уставот на Македонија, Колоски си зема парво да ја деградира со неговиот закључок: “Во најмала рака потребно е да и се одземе академската титула поради неморално и непрофесиомално однесување, поради ширење лаги и навредување”!

По мое моислење Колски и ОМД, каде е веќе 10 години претседател, патриотската диаспора, очекува сеуште од него, да се извини за посетата на Киро Глигоров, поранешен претседател на Р.М., кој направи голема штета за признавање на уставното име на Македонија, правејки ги македонците за наводни доселеници од Задкарпатите во 5-6 век после Христа, во ОН во 1993 година, кога се примаше Р.Македонија за членка. Тогаш Колоски, пред смртта на Глигоров, му поклони благодарница од името на ОМД, што со тоа ја прокламира наклонетоста кон него и кон СДСМ!

Зошто Мето Колоски и ОМД не реагираат и не ги подржуваат написите на Македонски автори,од диаспората на Македонски и на Англијски јазик, како и на моите написи, вперени до ВМРО-ДПМНЕ, за неглектирање – запоставување, а секако со тоа и негирање на Македонското движење од диаспората-патриотрското иселеништво, отпочнато со активност одма после Втората светска војна!? За кое движење познати поединци, како Драган Богдановски идеолог за македонската борба за осамостојувањето на Република Македонија, од комунистичко-социјалистичкиот систем на СФР Југославија и СР Македонија и идеолог и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, што ги дадоа своите животи и најскапото драгоцено време за осамостојувањето на Македонија и за воведувањето демократски поредок, како во западната хемисвера!?

Зошто ОМД и поедини про-социјалистичко-комунистички Македонски организирани субјекти и познати поединци, во диаспората-Австралија, Канада, САД и Европа, не ги спомнуваат ниту ги признаваат македонските национално-политички организации, како што беа: МАК, ДОМ, ДООМ, ТНМРО, МНРО, НОФМ, ДПМНЕ, а се темел-основа за ВМРО-ДПМНЕ, во 1990 година и неговото пренесување од диаспората во Македонија.Македоските лидери И раководства на тие национало-политички партии, кои со својата патриотска активност во диаспората, придонесе за воведување на плуризмот во републиката и пидонесоа за осамостојувањето на Република Македонија, на мирен начин преку референдумот на 8 септември 1991 година?
Тања Каракамишева е позната на демократско определени Македонци, со бранење на Уставот на Македонија. Таа е една од ретките кои бараа од Уставниот суд да го повлече создавањето на Специјалното обвинителсто раководено од Јанева, а врз основа на несватливата одлука, на Пржинскиот договор, од Мај и Јуни 2015 година, потпомогнат од СДСМ, Вашингтон и Брисел, која одлука е против Уставна!?

Зошто ОМД, во својата национална рограма (што ја нема), нема ниту своја библиотека, од Македонски автори на историјски дела (од Праисторијски , Антички, Средновековни и написи од современата Македонска историја), како и од написи од актуелни национално-политички карактери!?
Зошто нема интерес, во Македонските национално-политички организации во диаспората, за набавка на авторски дела од видни Македонски патриоти-автори и нивна распределба-доставување на свои членови, на Американски политичари, парламентарци, декани и професори по историја, на факултетите пред се во во Америка. Авторски историјски дела, првенствено за Македонските праисторијски и антички периоди, кои се полни со најнови факти од археолошки артифакти, ископани во Археолошките локалитети на Република Македонија, Егејска Македонија и пронајдени во книгите на Западни автори на историјски дела, кои со факти го докажуваат постоењето и континуитетот на Македонци од праисторијски период до современи- денешни дни? Да не ги набројувам насловите на историјските дела на македонските автори, кои ги има скоро за секој историјски период и во доволни количини. Тие драгоцени дела за одбрана на националното и Уставно име на Македонија, за жал се складирани во авторските магазини и чекаат со минимални цени, да биат откупени од заинтересирани и загрижени Македонски патриоти, ако постојат, барем во редовите на македонските организирани субјекти, како во диаспората така и во Република Маедонија.

Читајки како ОМД собира доброволни приходи, од своето членство, со десетици иљади долари, а Македонските автори на историјски и патриотски дела немаат од никого материјална и финансова помош, при публикувањето на нивни авторски дела, а потрошиле огромно време од љубов кон родна Македонија, како и сите финансијски заштеди и од скратени лични потреби и задоволства, а од друга страна незнам како да ги окарактеризираме тие Македонски раководста, кои прават секојдневни трошоци, како дневниците и патните трошоци на амбасадори и конзулати, а посебно на владици и на метрополити на МП Епархии. Покрај трошењето тие верски лидери, заблудени финансијски, се задолжени со милиони Австралијски долари, за судски трошоци, напаѓајки се едни со други, а кои наложуваат се што е изградено со раката, трудот и љубовта кон македонизмот, на македонските иселеници, за сочувување на својата Македонска националност и Православна вера во мултикултурните и мултинационали општества , каде зивеат и се раѓаат.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top