Дијаспора

Печалбарската судбина на Алексо Грежлов (Трајков) од Љубојно-Преспа

alekso-grezlov

alekso-grezlov

Печалбарската сторија за доблесниот иселеник Алексо Грежлов од Љубојно, Преспа е само дел од голема македонската  печалбарска сага. Таа е тесно поврзана со историскиот и општествениот развој на Македонија и македонскиот народ во целина. Во таквите услови, особено судбината на печалбарските краишта била сурова и оставила вековни последици и лузни врз животот на печалбарите.

Таквата судбина беше сурова и за Алексо Грежлов (Алек Трајков, како што беше регистриран пред американските власти, а кој беше дедо по мајка на авторот на овој текст). Тој беше  честит и доблесен Македонец со педесет годишно државјанство од САД, но по род, од Љубојно, од питомиот крај до Преспанското Езерото. Алексо беше најмалиот меѓу браќата Ефтим, Петре и Крстин, а беше  роден во 1898 година од татко Ристо и мајка Дафина Грежлови. Тој беше човекот кој го сакаше семејството, својот народ, својата татковина Македонија. Алексо беше многу праведен, искрен, честит и човекољубив, како и сопруг, родител и старател кој беше многу поврзан и почитуван од  својата фамилија, од соседите од соселаните од печалбарите, од сите луѓе кои го познаваа. 

Инаку, родното место на Алексо Р. Грежлов – Љубојно се наоѓа во пазувите на Баба Планина, недалеку од Преспанското Езеро, на македонска земја, а само неколку километри северно од границата. Тоа е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер и од кај Преспанското Езеро многумина заминале од своите родни дедовски огништа и се задомиле на сите континенти во  светот.          

Печалбарството за Љубојно, а и за цела Преспа е и среќа и судбина. Тоа е река што не сопира и процес кој продолжува со векови. А судбината била сурова и, меѓу другите го однела на печалба и Алексо Грежлов, кој во тој период бил млад црномурест со дамки и благ израз на лицето и со среден раст. Како четврто машко дете во семејството на Ристо Грежлов, во споредба со другите браќа кои биле најсилни мажи во Љубојно, тој бил физички послаб, но многу вреден и послушен, бил скромен, трудољубив и писмен. Но, се чини, најважно од сè е тоа што тој бил честит граѓанин, пријатен соговорник, гостопримлив, со американски манири и навики, а сепак  вљубеник во сè што е македонско.          

Еден пролетен ден во 1924 година, како и на неговите браќа и многумина од тој печалбарски крај, му ја подготвиле торбата со понови алишта, му тутнале некоја пара во џебот, му го покажале пратот преку граница и го турнале во белиот свет да ја бара среќата, како што водата во реката го бара својот тек, го пратиле на печалба во далечната “ветена земја“ – Америка.       

На новиот континент, заедно со уште поголема група патувале со брод од Франција до Америка. Прво пристигнале во Њујорк на Елис островот, а оттаму заминале за Детроит, каде што веќе живееле и работеле голем број преспанчани и други Македонци. Во тоа време, всушност Детроит била последната дестинација на најголемиот број печалбари од Македонија, кои живееле во групи според местото од каде пристигнале и работеле  претежно на железницата, на тунелот или по фабриките.

panorama-na-ljubojno
Панорама на Љубојно

На печалба во Америка на Алексо Грежлов не му било лесно. Тој бил одделен од семејството, далеку од родната земја, во нова средина и со непознавање на англискиот јазик, затоа животот му  бил со многу предизвици. Меѓутоа, со трудољубивост, тешката физичка работа и домаќинско штедење некако се снаоѓал и, како и голем број печалбари, одел и се враќал во родното место со многу заштедени пари. Работел со една поголема група од Преспа, добро заработувал, но најважно било што бил домаќин и ги чувал заработените пари.

Првото враќање на Алексо во родниот крај донело неизмерна радост во семејството, па и во селото. Сите се радувале. За многумина радоста преминала во плач, искажувајќи ја тагата што со години се собирала. Дошол ред и неговата сопруга, Ката, срамежливо да го гушне својот домаќин, како бродоломничко парче штица која нуди надеж за постоење. По кратка пауза, некој почнал да пее. Преку песната се изразувало задоволството и радоста што тој пак е меѓу своите, што од печалба дошол жив и здрав, донел добри вести за семејствата и на другите печалбари од селото.

Инаку, Алексо Грежлов се оженил за Ката Грпчева, една од најубавите и стројни чупи од езерското село Наколец во 1919 година. По две години заедничко семејно живеење на брачната двојка Алексо и Ката им се родила ќерката Сандра (1921 – 1998), мајката на авторот на овој текст, која како прво дете претставувала неизмерна радост на родителите и пошироко. Потоа им се родиле уште пет деца, четири девојки и едно момче.

Разделбата, како и секоја разделба, била тажна и тегобна за сите присутни. Сите плачеле, како и оној ден кога Алексо се вратил од печалба, но, овој пат, во плачот немало радост, туку само тага. Тој повторно заминал на печалба. Не бил ниту прв, ниту последен печалбар од крајот крај Езерото кој безброј пати длабоко ги чувствувал средбите и разделбите. Тоа повторно одење на печалба за него било едно од десетте заминувања и враќања во родниот крај. Сите негови заминувања биле исполнети со горчина, но во исто време и со радост и среќа. Тука се измешала носталгијата, среќата, парите и тагата за да може судбината да си поигра со него и со голем број Македонски со иста судбина.

Секое враќање во татковината за него претставуваше ново доживување и среќа, особено враќањата по Втората светска војна кога неговото семејство беше многу поголемо и имаше среќен и среден живот. Меѓутоа, последното враќање за Алексо Грежлов во 1959 година беше исполнето со особена радост и задоволство, кое значеше и збогување со неговата втора татковина – Америка и печалбарството. Како американски пензионер, со висока заработена пензија пет години го уживаше убавиот живот со семејството во својата родна земја. Почина во својата татковина Македонија во 1964 година, за што имаше оставено аманет да биде погребан во родното место, во Љубојно.

Алексо Грежлов го помина својот најубав дел од животот во Детроит, во Хемтремик. Тоа беше еден долг период, за кој со задоволство се сеќаваше и за кој честопати раскажуваше за згодите и незгодите. Тоа беше период кога спечали доволно пари, направи убави куќи и купи доста земја во селото, го зголеми семејството, се порадува неколку години како американски пензионер и на крајот виде дека животот му помина во заминувања, враќања, средби и разделби – во печалбарството. Алексо почина во својата куќа во Љубојно во 1964 година, каде и е погребан.

detroid

И неговата сопруга Ката која беше родена во 1900 година во Наколец на брегот на Преспанското Езеро, отиде во Америка во 1963 година, да ги види патиштата и да ја почувствува и среќата и тагата на својот сопруг и да го види својот брат Иван, кој ги остави коските во Америка. Баба Ката, која авторот на овој текст ја викаше мајко и по која го доби прекарот Катин, беше со убави црти на лицето, висока, претставителна, природно надарена и благородна. Животот ја натера да ги врши и машките и женските работи во семејството, да се грижи и во добро и во зло, да ги воспита децата и да им го покаже правиот пат во животот. Таа почина за време патувањето од Америка за Македонија, во Битола во 1963 година, за потоа да биде пренесена во Љубојно, каде и се наоѓа нејзиниот вечен дом.

Слична печалбарска судбина имаше и ќерката на Алексо, Сандра. Таа беше благородна, разговорлива, бистра, со големи мајчински чувства и со љубов кон својот род. Меѓутоа, патот ја однесе заедно со брачниот другар во Вулунгонг, Нов Јужен Велс, во 1964 година. Од таму понеле многу добри спомени, оти, како што зборуваа, таму им било како во Преспа: долу морето и плажата, како крај Преспанското Езеро, горе планина и високи дрвја, зеленило и убавина, како на Пелистер. По пет години престој во Австралија, Сандра и Јосиф се преселија во Торонто, Канада, каде останаа до крајот на својот живот. Како канадски пензионери доаѓаа скоро секоја година во родната земја Македонија. Затоа често Сандра во шега ќе речеше дека биле растргнати  и со мислите и со телото меѓу двете нивни татковини, Македонија и Канада.        

Идејата на Сандра беше слична како на  одреден број иселеници за враќање во родната земја. А тоа беше со кристално чиста цел, да се дојде во Македонија, која ги привлекува со невидена сила, за да воздивнат во своите стари домови, да ги реновираат старите или да градат нови куќи, да ги обноват спомените од младоста, но и таму да ја  завршат  староста и да остават вечни траги за идните генерации. Таква беше и судбината на Алексо Трајков и неговите три браќа кои оделе на печалба и се враќале во родната земја..

Затоа и  сега гробовите На Алексо и Ката Грежлови во Љубојно останаа неми сведоци на минатото, а за иднината надгробните стихови  вечно ќе потсетуваат на животот и судбината на нивниот печалбарски живот. Така, таму на гробната плоча на Алексо пишува: “Америка беше твојот завет, животот тој суров меч тебе таму те прати, но родината пак те врати за на век“, а до него на плочата на Ката пишува:“Мајко, пламенот од шесте искри што го вивна ти, го остави да гори, да тлее и вечно на тебе да мисли“.

Слична судбина како на родителите имаше и нивната ќерка Сандра, која се прости за секогаш со Канада и дојде во Македонија да почине во родниот крај. Тоа и се случи. Таа почина во својот дом и со големи почести и почит од многу роднини и пријатели, со девет свештеници и владика е погребена  во близина на Алексо и Ката Грежлови на гробиштата во Љубојно, каде на  надгробна плоча им пишува: “Австралија и Канада ви беа времен дом, а Македонија вечен сон“.

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top