Дијаспора

Откривањето на новиот континент од Џејмс Кук (2)

dzems-kuk

dzems-kuk

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

Во текот на нашиот престој во Сиднеј бевме информирани дека еден од најсмелите морепловци во Тихиот Океан бил хо­ланд­скиот  капетан Абел Тасман, кој, пловејќи, ги зао­би­колил, Австралија и Тасманија. Во првата половина на XVIII век, пак, почнало истражувањето на океанот од Русите. Беринг го препловил северниот дел на Тихиот Океан, којшто сега се вика      Беринго­во Море и ја открил Алјаска. Меѓутоа, сите откри­тија на овие први тихоокеански морепловци биле непознати во споредба со големината на самиот океан.

Во обемната англиска литература забележано е дека во втората половина на XVIII век европските морепловци из­вр­ши­ле низа смели пловидби. Благодарејќи на нив, чо­веш­твото дознало за многу непознати земји. Многу херои се удавиле, други загинале во битките, а само малкумина умреле дома, во својата татковина. Но, светот нема никогаш да го заборави бестрашниот   мо­ре­пло­вец Џејмс Кук, кој мечтаел да открива нови земји во Тихиот Океан, во тој огромен непознат простор за Ев­ропејците, кој, во исто време бил мамка за храбрите.

Со започнувањето на војната меѓу Англија и Франција во 1755 година, Џејмс Кук како офицер на вое­на­та морнарица извесно време бил во Канада, каде што ја проучувал реката Сеинт Лоренц и бреговите на Њу Фаундленд. Затоа, Лондонското географско друштво го примило за свој член. Друштвото во 1769 година испратило научна експедиција на Тахити во Тихиот Океан, за на 3 јуни да се следи необичната астрономска појава кога Земјата, Венера и Сонцето се нашле на една права линија, а самата Венера била видена на Сончевиот диск. На чело на експедицијата бил Џејмс Кук кому на располагање му бил ставен малиот, но одлично граден воен брод „Истрајност“. По ус­пеш­но извршената задача, експедицијата тргнала на југозапад и по долго патување пристигнала до бре­говите на Нов Зеланд.

AND426-2

Про­читавме многу легенди и се запознавме со различни вистински стории за славниот морепловец Џејмс Кук. Така, во англиската литературата се ве­ли дека Кук го продолжил својот пат кон запад за да го проучи источното крајбрежје на Австралија. Во тоа време за јужниот и западниот брег нешто веќе се знаело, благодарение на Тасман и некои други холандски морепловци. Меѓутоа, за Кук на хоризонтот се појавило австралиското копно токму на 19 април 1770 година.

Ниските планини што го затскривале видикот кон внат­решноста на континентот Австралија го потсетувале Кук на Јужен Велс, па затоа целиот тој простор го на­ре­кол Нов Јужен Велс. Овде Кук бил преокупиран со правење точна карта, во која го внесувал секој р‘т, за­лив, остров… Пловејќи кон север го минал Ек­ва­то­­рот и се пробил меѓу многубројните острови на Го­лемиот корален гребен, не насетувајќи каква голема опас­ност ги демне членовите на експедицијата.

Имено, се случил бродолом на 25 мај 1770 година. Сите топови би­ле фрлени во морето, а ја истуриле и водата за пиење. По едно деноноќие непрекината работа во црпење на водата што навлегувала на бродот, со следниот највисок при­лив бродот се ослободил од подводните карпи и запловил кон брегот. Бидејки не биле сигурни на австралискиот брег од непријателски расположените домородци, се упатиле на островот Јава во градот Батавија – холандска колонија, поминувајќи низ протокот меѓу Но­ва Гвинеја и Австралија.

Патем, многу од патниците ум­­реле од скорбут и маларија. Откако бродот бил ос­пособен за пловидба, останатите го продолжиле патот по веќе добро познатите мориња. Зао­би­ко­лу­вај­ќи го ’ртот Добра Надеж на југот на Африка, тие запловиле во водите на Атлантскиот Океан и, речиси, по тригодишно отсуство се вра­тиле во Англија на  12 јуни 1771 година.

Името на Џејмс Кук се прочуло во цела Англија. За него пишувале сите весници. Книгите во кои се опи­шу­вало неговото патување веднаш се распродавале, а се преведувале и на многу јазици. Целиот учен свет бил возбуден особено: астрономите, ботаничарите, зоо­ло­зите, геолозите, новинарите и другите научници, но најмногу гео­гра­фичарите кои многу одамна немале добиено толку скапоцени податоци. Точно определените брегови на Авс­тра­лија и Нов Зеланд ја исполниле огромната бела по­вршина на сите мапи и географски атласи.

syd

Во 1770 година, Џемјс Кук подробно ја испитал и ја прогласил Австралија за англиски посед. Во тоа време во Австралија живееле неколку стотици илјади домородно население кое било изолирано од цивилизацијата со илјад­ни­ци години и со крајно низок степен на развиток. Осум години потоа, во 1778 година бил испратен  пр­виот конвој од транспортни и товарни бродови со 717 затвореници под командата на капетанот Филип, со што почнала колонизацијата на таа нова земја – Австралија.

Прва европеизирана област била Порт Џек­сон, формирана во 1778 година од англиски зат­во­ре­ници, а на крајот од XVIII век и  почетокот на XIX век се доселиле многу колонисти од Европа, особено од Англија и во тоа време се формираат самоуправни колонии како: Нов Јужен Велс (1788), Тасманија (1825), Западна Австралија (1829), Јужна Австралија (1835 – 37), Викторија (1851), Квинсленд (1859) и Северната Територија во 1863 – 64 година. Почнувајќи од 1855 година колониите стекнувале толкава самостојност, што во секоја од нив постепено се формирала уставна влада со парламент. Во 1901 година сите колонии го формираа Австралискиот сојуз, освен Северната Територија, која се приклу­чи­ла 10 години подоцна. Тогаш Австралија доби статус на британски доминион.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top