Дијаспора

Формирано литературно друштво „Кочо Рацин”, Мелбурн

kniga

knigaНа состанокот одржан во просториите на библиотеката во Mill Park, се оформи новото литературно друштво “Кочо Рацин“, Мелбурн. Тоа беше заедничката желба на иницијаторите, писатели и поети кои долги години се активни во Македонската заедница во Викторија и издаваат свои дела. Нивната мисија и цели ќе бидат спроведувани преку низа активности и ќе бидат насочени кон поттикнување на писателите од македонско потекло да творат на и збогатуваат фондот со книги на Македонски јазик, создавање на литературен модел кој ќе овозможи делата да бидат промовирани пред поширока публика насекаде во светот како и поголема афирмација на македонскиот јазик во Австралија.

Литературното друштво изготви програма за активности кои ќе ги преземе оваа година а ќе се започне со организирање на награден литературен конкурс и Саем на книги од наши автори.

Управниот одбор го сочинуваат: претседател, Гордана Димовска, потпретседател,  Нове Младеновски, секретар, Виолета Јовановска, благајник Стеван Ацески и редовни членови – иницијатори, Крсте Наумовски – Мечкар, Љубица Поповска, Вера Горгиевска, Пеце Јовановски, Марија Коцева.

Сите заинтересираните љубители на македонскиот збор и литература можат да се зачленат и да придонесат во постигнувањето на мисијата на литературното друштво.

Контакт броеви: Гордана Димовска – 0423 496 821, Виолета 0402 757 374, Нове 0488 001 946

New Literary Association  “Koco Racin” has been established in Melbourne

A new Macedonian literary Association “Koco Racin”,  has been established in Melbourne. It was the common desire of the initiators, writers and poets, active members in the Macedonian community in Victoria.  Their mission and objectives will be implemented through a series of activities thus will be directed towards encouraging writers of Macedonian origin to write and publish their literary work. The Association will work on  creating a literary model that will work well on book promotions  to a wider audience worldwide and greater affirmation of the Macedonian language in Australia.

Literary Society prepared a program of activities that will take place this year and will begin organizing literary competition and book fair.

Committee of Management: President, Gordana Dimovska, Vice president – Nove Mladenovski, Secretary Violeta Jovanovska treasurer Stevan Aceski,  Committee members – initiators, Krste Naumovski – Mechkar, Ljubica Popovska, Vera Gjorgievska,  Pece Jovanovski, Maria Koceva.

Everyone is welcomed to join our Association by contacting one of the following contact numbers:

Contact numbers: Gordana – 0423 496 821, Violeta – 0402 757 374, Nove –  0488 001 946

Macedonian Timeline

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top