Дијаспора

КУД „Илинден“ – афирматор на македонскиот фолклор (6)

kud-ilinden

kud-ilinden

ДЕЛ ОД КНИГАТА „ВО АВСТРАЛИЈА КАКО ДОМА“

При нашата посета во Сиднеј ни беше речено дека Македонското културно-уметничко друштво „Илин­­ден“ од Рокдеил, е ороводник меѓу бројните културно-уметнички друштва во државата Нов Јужен Велс. Тоа било формирано на 26 ноември 1966 година од група Македонци, ентузијасти, кои, одделени од Македонија, преку орото, песната и музиката ја изразувале силната љубов кон родната земја- Македонија.

Со отворањето  на портите на Македонската православна црква „Света Петка“, во ноември 1976 година, друштвото „Илинден“ навлегло во една нова фаза на постигнување резултати. Имено, во друштвото се формирал Одбор од голем број активисти кои во исто време имале задолженија и во црковната општина и кои решиле тоа да биде во состав на црквата. Членовите на друштвото на најдостоен начин го презентирале фолклор пред македонските доселеници и другите етнички групи кои живеат во Австралија.

Инаку, Македонското културно-уметничко друштво „Илин­­ден“ од Рокдеил, пред­градие на Сиднеј, каде што живеат повеќе од дваесетина илјади наши луѓе, е ед­но од нај­ста­ри­те и најактивните македонски друштва на петтиот кон­ти­нент. Работи во составот на МПЦО „Света Петка“, и во него досега чле­нувале над 2.000 млади играорци, музичари, пејачи и други ен­ту­зи­јас­ти.

Во периодот од скоро педесет години КУД „Илин­­ден“ учествувало на многу ет­нички фестивали, црковни и други манифестации и било до­сто­ен ам­ба­садор на македонската игра и песна. Повеќе пати гостувале во Република           Ма­кедонија и учествувале на број­ни манифестации со постигнати видни ре­зултати. Оваа година македонското културно-уметничко друштво во              исе­леништвото го слави своето педесетгодишно по­стое­ње, исполнето со сто­тици успешни концерти, со мно­гу­број­ни награди и признанија и со многу ова­ции и аплаузи за успешната изведба на богатиот македонски на­цио­на­лен фолклор. Денес претседател на КУД „Илинден“ е истакнатиот иселеник Пеце Наумовски, а кореограф е познатиот фолклорист  Крис Каранфиловски.

Бевме информирани дека почетокот не беше лесен. Друштвото рабо­те­ло во тешки услови, меѓутоа желбата за орга­ни­зи­ра­ност и афирмација на македонскиот фолклор била го­ле­ма. Се започнало со организирање на игранки, про­сла­­ви и други свечености на кои се афирмирале млади­те фолклористи бурно поздравувани и подржувани од публиката на сите нивни настапи. Подоцна во состав на Друштвото се ос­но­вале драмска и фудбалска секција, кои имале за цел да ги опфатат новите генерации Македонци да се приклучат во се­вкупното живеење на досе­ле­ни­ците од Ма­ке­до­нија. Прв претседател на Друштвото бил Ристо Велковски, а пр­ва играорка Лена Белчева.

Sydney-Eisteddfod

При нашата посета разговаравме со еден од претседателите на КУД „Илин­­ден“, истакнатиот исе­­леник Кире Паовски, по потекло од Цапа­ри, Битолско, за кое често се ве­ли дека небаре цело село се преселило во Рокдеил. Кире е вљубеник во својот народ и голем активист во македонската заедница. Бил претседател на комисијата за културно-просветна работа при црквата „Света Петка“ и претседател на КУД „Илин­­ден“ и повеќе пати на чело на оваа македонска асо­цијација која постигнува видни резултати на полето на ширењето на македонските обичаи, традиции, песна­та и игрите и македонскиот народен фолклор на австралискиот континент.

Бевме информирани дека во изминатиот период чле­ну­вале илјадници Маке­донци, претежно родени во Австралија. Друштвото постојано учествувало на нај­раз­лични фол­клор­ни фестивали меѓу кои заслужува да се споменат, меѓу другите, нас­та­пите на Етничкиот фол­клорен фестивал „Квантас“, што се одр­жа на 6 јуни 1991 година во поз­натата светска куќа „Опера Хаус“ под по­кро­ви­тел­ство на Владата на Нов Ју­жен Велс, каде што достојно го пре­зен­ти­ра­ше маке­дон­скиот фол­клор со другите етнички групи што живеат на петтиот континент.

За успехот на фестивалот КУД „Илин­­ден“ беше ставено во та­канаречената „Златна гру­па“ и доби парична награда. Исто така, Друштвото учествувал на фе­сти­валот „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, што се одр­­жа во чест на на­ционалниот празник Илинден, како и на фестивалот „Илин­­ден“ во Рок­деил, потоа настапи на првиот фолк-фестивал „Македонија 91“ во Кан­бе­ра, а гостуваше во Њукасел и во многу други места ширум Австралија.

anticki-makedoncii

Прославата на 49-годишното постоење на Маке­дон­ското културно-умет­ничко друштво „Илин­­ден“ е уште еден доказ за континуитетот во ет­но-презентацијата и воопшто за достигањата на ма­ке­донските до­се­ле­­ни­ци во Сиднеј, каде што иако толку далеку од дедовската земја, Ма­­ке­донија ги негуваат, чуваат и афирмираат национал­ни­те и културните вред­­нос­ти како дел од меѓу­нацио­нал­ниот и демократскиот мозаик на Ав­стра­лија.

Покрај Маке­дон­ското културно-умет­ничко друштво „Илин­­ден“, од активностите на Македонците треба да се одбележи дека во Сиднеј постојан голем број друштва и различни асоцијации на доселениците од Македонија. Меѓу другите се: Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс; Македонското пензионерско друштво “Методија Андонов – Ченто”, кое е  формирано на 20 март 1990 година од членови кои црквуваат во “Св. Недела” во Кабрамата; во повеќе градови на Австралија се одржуваат македонски фолклорни фестивали на новокомпонирани песни; во Илавара постои Македонскиот театар што го носи името на  нејзиниот режисер и основач  Благоја Нешковски, млад талентиран уметник што прерано го заврши својот живот; во Илавара е формиран Македонски добротворен центар, како  продолжение на Македонското добротворно здружение формирано во 1983 година; КУД “Охридски бисери” од Беркли; КУД “11 Октомври” од  Илавара; КУД “Вардар” од Грингила;  КУД “Вардар” од Бенгстаун и други македонски друштва и асоцијации во Нов Јужен Велс.

esma-tomov

Исто така,  Катедрата за македонски јазик на Универзитетот „Маквори“ во Сиднеј, е една од најзначајните образовни институции за Македонците и бројните лингвисти во Сиднеј. Таа е основана во 1984 година и до денес голем број лингвисти ги завршиле своите студии по македонски јазик и литература на престижниот универзитет „Маквори“. Тоа е поврда за признавањето на македонскиот јазик и литература, за македонска нација и вистината за Република Македонија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top