Дијаспора

Распетието меѓу Преспа и Торонто на поетесата Неда Лозановска (12)

neda-lozanovska

neda-lozanovska

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ Македонците раселени насекаде по светот се едни од афирматорите на македонскиот јазик, култура, обичаи, религија, народ, на македонскиот народ и на Македонија. Една од таквите Македонки е, секако Неда Василевска – Лозановска по потекло од преспанското печалбарско село Штрбово, во Долна Преспа.

Судбината на семејството Лозановци била да ја напушти Македонија и да се пресели во Канада, во еден сончев и рацветан ден, на Ѓурѓовден, 6-ти мај, 1971 година. Во таа пролетна убавина тие се подготвиле да ја напуштат Македонија и да се преселат во Торонто, каде поетесата Неда со својот сопруг Алексо и семејството живее повеќе од педесет години. Меѓутоа, иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, тоа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите корени во Македонија.

Треба да се нагласи дека членовите на семејството Лозановски се големи приврзаници и почитувачи на Македонија и на нивната втора татковина – Канада, затоа, често се вели  дека тие се еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Тоа се потврдува со зборовите на Неда  дека каде и да се оди, каде и да се биде во светот, во било која точка и судбинскиот дел од животот, треба човек да се бори за својата иднина, да го чува мајчиниот јазик, обичаите, традициите и религијата, со цел да остави  трајни  белези за идните генерации тие  да  ги продолжат древните македонски вредности.

Животот на Неда Лозановска е, истовремено и историја на Штрбово, на Преспа, на Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Иселеничката приказна  за Македонката домаќинка, мајка, баба, пријателка и поетеса Неда, пак, а со тоа и на нејзиното семејство Лозановски е и единствена и слична и идентична и различна со судбинските и патешествијата на бројни Македонци кои талкаат по светот.

Инаку, Неда Лозановска е родена и одраснала во Македонија, во Штрбово, се омажила во селото Арвати, Преспа, а поголемиот дел  од животот го поминува во Торонто. Како што таа ќе рече дека се родила на Богородичните пости, пред славењето на Света Голема Богородица, на  25  август  1938  година,  а  името  го  наследила  по  името на баба  ѝ  Неда,  мајка  на  татко  ѝ.

Во Штрбово го поминала детството и го завршила основното образование. Во 1965 година со семејството се доселува во Битола, а во 1971 година, заедно со сопругот Алексо и децата Здравко и Соња заминуваат за Торонто, Канада.

neda-lozanovska-2

Во изминатите педесетина години во Канада, таа е активна во македонската заедница. Меѓу другото, таа е член на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” при МПЦ “Св. Климент Охридски” од Торонто, во кое била и потпретседател.

Објавила десетина поетски творби во Канада и во Македонија. Нејзино прво поетско остварување е стихозбирката “Молк” објавена во 1993 година. Потоа ги објавила стихозбирките: “Напуштени дворови”, 1994, “Премолк” и “Моите мисли и зборови”, 1998, “Подмамка”, 2002, “Подалеку од занесот”, 2004, “Туѓи патишта”, 2006, “Загриз во сонот”, 2008, “Бесоница”, 2009, “Ѕвездена везилка”, 2010, стихозбирките „Небесна ѕвезда“ и “Разделба” во 2011 година и „Автобиографијата“, објавена во 2014 година.

Стихозбирката „Молк“ на Неда Лозановска  е прво нејзино поетско дело, подготвено и објавено во 1993 година. Во ова дело може да се види дека, бескрајни се тагата и копнежот далеку од родното огниште. Проклетсвото е судбината на откорнатикот. Како што потски ќе рече и Неда  „Таму ни животот е живот, ни сонот е сон“. Затоа со право се вели дека болката како релевантен потсрек на поетската инспирација, како еден вид напишано правило, се преповторува и во случјаот со Неда Лозановска. Таа како Македонка далеку од сопствената грутка земја и коренот, домаќинка и мајка, честопати сама со себе, го започнува своето преслушување на минатото низ  стиховите.         

Книгата “Молк” донесува само помал дел од фондот стихиви, кои ги создавала авторката, но сосема доволни на број да го презентираат нејзиниот поетски свет и да ја потврдат како автор.

Во стихозбирките ,,Напуштените дворови”, 1994 година, “Премолк” и “Моите мисли и зборови”, 1998 година се стихозбирки за Македонија, каде е огништето на Неда. Со тоа, поезијата на Неда Лозановска е претстава за темното и светлото. Затоа и Неда ќе напише:

neda-lozanovska-3

„Ние, откорнатите, во душата имаме тешка болка, во нас ја носиме старата слика. Кога се враќаме во нашето родно место, гледаме споменици, гледаме камења кои ги покриле трнливи капини, синорите се сменале, а на нашите плеќи товарот останал. Иако купивме куќи, купивме и таму имаме, стан, куќа, нива, друга куќа во селото Штрбово, сè е под своја стреа. Ние одиме и се враќаме со тела студени, над облаци лебдиме, иако чуваме автомобил во Македонија, останавме туѓинци“.

За целосна слика за Неда и нејзиното сопруг Алексо и нивното семејство Лозановски, за нивната семејна прикаска, судбина, успеси, за нивното  постигнување  на  литературно поле и с’е  она што значи Неда и Алексо е дадено во делото „Автобиографија“ на Неда. Во делото, на  еден  многу  интересен,  наративен  начин, се вметнати   многу    убави описи, романсиерски обиди, мудри изреки, поучни совети, а со тоа се презентирани историскиот, животниот, семејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на поетесата Неда Лозановска.

Неда Лозановска е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор. Во исто време со својата поезија е позната, не само во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски“, туку и во Македонија.

Како резултат на тоа, меѓу другото, таа е член на Друштвото на писателите на Македонија, учесник на Струшките поетски вечери, добитник на “Иселеничката грамота” што и‘ ја додели Матицата на иселениците од Македонија, како и е добитник на други награди и признанија. Затоа е големо задоволството кога ќе се најде успешна Македонка во светот, која голем дел од својот живот го посветил на пишаниот збор за Македонија. Затоа со право се вели дека поетесата Неда Лозановска е на распетие меѓу Преспа и Торонто.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top