Дијаспора

Славе Катин – автор на значајни лексикогравски дела (14)

slave-katin

slave-katin1

Славе Николовски-Катин, или како што е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонците насекаде во светот. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.

Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тоа време ја заплиснувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата наколна населба Наколец, од каде е неговиот татко Ристо, кој ги остави коските како прогонет Македонец во Рио де Жанеиро во Бразил. Катин е роден на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета и заслепена од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Краток  период по неговото раѓање, семјеството на Катин се вратило во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра (од семејството Грежловци). Таму Славе Катин го минува поголемиот дел од детството и младоста, а се навраќа во него цел живот. Во својата убава македонска куќа тој има библиотека со над четири илјади книги. Во Преспа од мали нозе го почувствувал печалбарскиот живот на луѓето од тој крај, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов, кој педесеттина години живеел во Детроит САД и од неговите родители кои педесетина години живееле во Торонто, Канада. Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во Љубојно, а геодетскиот отсек на Средното техничкото училиште во Скопје. Студирал геодезија во Белград, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во Торонто, пак, се школувал на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература.

Патува непрестајно по светот цели педесет години. Затоа, најновата публикација „Светот на дланка“ е негово 50. издание, во кое се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот. Тука се и трите патувања до Австралија, посетите на: Индија за погребот на Мајка Тереза, Емиратите, Израел, Турција, Украина и Русија, Средна и Јужна Америка, Бразил и Аргентина, Европската унија, од Германија до Шпанија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка. Како куриозитет за него е тоа, што досега има 55 двонасочни, или 110 еднонасочни патувања преку Атлантскиот Океан, почнувајќи од првиот лет во САД во 1964 година и во Канада во 1966 година па се’ до денес.

bibliski-recnik

По дипломирањето на Филолошкиот факултет, односно по враќањето од Канада, Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон, дс, САД. Во тој период, Катин  интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство, особено во САД.

Славе Катин, меѓу другото, е познат со неговите лексикографски изданија. Негово прво дело е „Англиско-македонскиот лимнолошки лексикон“ (1986) во издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид. Тој е резултат на неговата долгогодишна преведувачка дејност во областа на лимнологијата и хидробиологијата, остварена, пред се, во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Ова дело е подготвено да пополни една празнина во овие науки и да им послужи како помагало на учениците, студентите и научните работници кои се служат со англиска литература од повеќе области и науки.

Исто така, Катин е автор и на  „Англиско-македонскиот биотехнички речник“ (1994), потоа на „Водич низ компјутерската терминологија“ (2000), со Стеван Томовски и на „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“, (1996) со проф. Илинка Дракулевска-Грубовиќ и проф. Никола Јордановски.

Во „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“ кој е прва публикација од ваков вид во Македонија, се собрани околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството. Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот.

slave-katin-knigi2

Значајното лексикогравско дело „Библиски речник“ (1997), од проф. Д-р Петко Златески, познат педагог од Теолошкиот факултет во Скопје и претседател на Библиското здружение на Македонија и Славе Николовски – Катин е првенец од ваков вид на македонски јазик, што излезе само после неколку години од појавувањето на комплетното македонско издание на Светото писмо на Стариот и Новиот завет. Составен е да служи како патоказ за истражувањето на Библијата, како помагало за секој љубител и читател на Светото писмо. Подготвен е да биде толкувач и водич низ библиските текстови и да помогне за подобро и полесно да се разбере Божјото слово.

Овој библискиот толковен речник, главно, содржи историски и археолошки податоци за личностите од Библијата, поединости за библиските настани и институциите, податоци за библиските книги. со најразновидни информации наменети за денешниот културен и религиозен свет. Исто така, дадени се и повремени кратки објаснувања на одделни теолошки термини, пропратени со бројни библиски цитати. На тој начин, доаѓа до израз изворниот мотив за составување на овој речник, тој да биде не само со научни, туку и со информативни карактеристики.

Се чини меѓу лексикогравското творештво на Славе Катин, изданија за деца „Ајде да учиме македонски и англиски“ (1997)(на француски и германски; потоа „Ајде да учиме македонски, англиски и турски“, со Исние Шабан; „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“, со Лирија Реџепи; „Ајде да учиме македонски, англиски и влашки“,со Захарица Порчу и „Ајде да учиме македонски, англиски и ромски“, со Љатив Демир, имаат посебен простор во неговата дејност.

slave-katin-knigi3

Познато е дека англискиот францускиот, рускиот и германскиот јазик спаѓаат во групата јазици најчесто нарекувани како “јазици на иднината”, зашто се најупотребувани во науката, техниката, културата, дипломатијата и бизнисот. Поради тоа, тие се најизучувани, не само во регионите во кои се најдоминантни, туку и во секоја цивилизирана држава во светот. Не случајно, најголемиот дел од научната и стручната литература, но и од светското книжевно творештво, се објавени токму на овие јазици.

 Речникот во слики – ајде да учиме англиски, германски и француски – се подготвени да пополнат една празнина во нашата средина и со нивниот  скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапни за повеќе слоеви на популацијата. Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогнат да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на нашата планета Земја.

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top