Дијаспора

Богомил Карлаварис – големиот пријател на ликовната култура во Република Македонија (15)

bogomil-karlavaris

bogomil-karlavaris

Проф. д-р Богомил Карлаварис беше еден од познатите и признати ликовни педагози и творци кој својот живот го посвети на уметноста, на ликовното образование и на културата на напредокот на новите генерации. Тој е автор на бројни ликовни дела, публикации, учебници и дидактичка литература, кои си нашле свое место во голем број земји на Балканот, особено во Република Македонија. Во исто време професорот Карлаварис беше осведочен и потврден вљубеник на “Малиот битолски Монмартр”.

Тој беше новосадски битолчанец, како што умееше да каже и човек кој доследно им остана пријател на Битола и на Македонија. Во исто време, тој беше посветен на добрите односи меѓу Србија, каде го помина најголемиот дел од животот и на Македонија, неговата земја во која стекна голем број пријатели, соработници, педагошки работници и своја ликовна млада генерација. Професорот Карлаварис како човек, уметник и педагог даде извонредно голем придонес во развивањето на односите меѓу Битола и светот. Тој беше многу омилен меѓу неговите колеги – ликовни педагози и ликовни творци и со задоволство беше видуван на различни ликовни колонии и други собири на уметниците.

Животниот пат на проф. д-р Богомил Карлаварис започнал во местото Перлез, општина Зрењанин,  во Банат- Војводина, на 18 ноември 1924 година (почина на 7 јули 2010 година во Нови Сад). Тој е од семејното стебло Карлаварис кој ја дели судбината на своите далечни предци кои носат потекло од Хрватското приморје и Истра од крајот на 17-от век. .

Младиот Богомил Карлаварис завршил основно образование во Перлез, а во Зрењанин се запишал ва осумгодишно училиште, за потоа да го продолжи своето образованието во Нови Сад. Во 1939 година се запишал на прва говина во Учителската школа во Сомбор. Потоа го продолжил своето образование на Вишата педагошка школа во Нови Сад, која ја завршил како одличен студент. Во истата година Богомил се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград, која ја завршил во 1953 година кај професот Недељко Гвозденовиќ.

Според кажувањата на неговиот поранешен студент, голем пријател и близок соработник во Македонија, академскиот скулптор Петре Наневски, Проф. д-р Богомил Карлаварис, или како што сите негови блиски го нарекуваа – Карло, комуницирал со Македонија уште непосредно по војната, затоа што  тој беше од тие генерации каде што во Белград студирал заедно со Петар Мазев, Димитар Кондовски, Миле Корубин, Ванчо Георгиевски и други. Со сите македонски познати уметници соработувал на полето на ликовното творештво се‘ до крајот на нивниот живот. А со покојниот Ванчо Георгиевски соработувал и на полето на ликовната педагогија, бидејќи во Република Македонија, според зборовите на скулпторот Наневски, кој е роден во селото  Загоричани, Костурско,  проф. Георгиевски беше една од најмаркантните фигури и двигател на ликовната педагогија.

Исто така, според кажувањата на Петре Наневски, поголемиот број професори од средната генерација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје: Душко Перчинков, Ана Темкова, Симон Шемов, Свето Манев и други кои завршиле во Белград, како и поранешните професори по методика на ликовното образование Симеон Силјановски и Смилков биле студенти на Карло. Овие професори и други стручњаци во својата работа ги користеле методиките и другата стручна педагошка литературе чиј автор беше проф. Карлаварис.

За проф. Богомил Карлаварис, 1969 година е една од најзначајните години. Тогаш тој докторирал во областа на ликовната педагогија на  универзитетот „Греифсвалд“ во поранешна ДДР, со што станал доктор на науки, и му се отвориле нови перспективи во надградбата на ликовната педагогија, теорија и практика.

mal-bitolski-monmartr

Како резултат на неговите постигнувања на полето на детското ликовното творештво бил избран за претседател на Регионалниот комитет на ИНСЕА за Европа, Африка и Блискиот Исток. На таа должност останал цели шес години, притоа учествувал во работата на многу меѓународни жириа за детски ликовни изложби и тоа: Нови Сад, Прага, Толедо, Мартин, Битола, Москва, Киев, Стутгарт, Луксембург и други места.

За неговата креативна работа, за развојот на ликовното творештво, за уметникот – педагог и културен деец и за се‘ она што тој го дал на ликовната култура на балканските и светските простоти, тој е добитник на бројни признанија и награди. Меѓу другото, тој е добитник на меѓународната награда „Е. Зиегфелд“ (САД) во 1993 година. Таа е меѓународна награда која се доделува на врвни креативци за образованието. Како награда за неговиот успех ја добиел и Октомвриската награда на Градот Нови Сад.

За големите успеси во својата творечка дејност, проф. д-р Богомил Карлаварис во 1972 година, ја добил наградата “Искра на културата” што претставува најголемо признание за постигнати резултати во културата. Во тој период се нижат неговите постигнувања во областа на ликовното творење. Затоа и бил избран за член на Светскиот совет на ИНСЕА, на кој бил избран на три избори, се‘ до 1993 година.

Со формирањето на Академијата за ликовни уметности во Нови Сад во 1977 година, д-р Карлаварис бил избран за редовен профессор на ова висока институција, а го задржал статусот хонорарен профессор на Академијата за ликовни уметности во Белград. Потоа во 1980 година повторно бил избран за редовен профессор на Академијата во Белград и хонорарен профессор на Академијата во Нови Сад и на Педагошкиот факултет во Ријека. Година потоа бил избран за член на Хрватското друштво на ликовни уметници на Ријека и бил редовен профессор по предметот методика на ликовното образование на Педагошкиот факултет во Риека.

Сите овие активности, постигнувања и носталгијата кон Истра за мирен живот, придонеле проф. д- р Карлаварис да се пресели во Кастав во родниот, недалеку од Риека. Да се вдоми во куќата на неговите родители која била национализирана по Втората светска војна. И таму, д-р Карлаварис не мирувал, туку ја продолжил својата активност на уметнички план. Така, по доаѓањето во Риека организирал изложба во просториите на Модерна галерија, на која изложил 220 творби направени во период од четириесет години (1945-1985). Изложбата имала повеќе информативни од ретроспективни одредници. Сликарот сакал на таков начин да се претстави на средината во која се вратил. Потоа и Хрватското друштво на ликовни уметници од Риека му приредило ретроспективна изложба на која биле вклучени дела создадени во периодот од 1945-1998 година. Од 2006 година Проф. д-р Богомил Карлаварис беше дописен член на Академијата на науките и уметностите на Војводина.

Инаку, во период од четириесетина години, проф. Карлаварис објавил над педесет книги, претежно методики и учебници по ликовно образование и друга дидактичка литературе. Токму објавувањето на неговите учебници по ликовно образование во Република Македонија и на авторот на овие редови му го отвори патот да се запознае со проф. д-р Богомил Карлаварис, со кого издадовме 4 учебници и 1 блок по ликовно образование за учениците од 5-то до 8-мо одделение во Република Македонија.

Имено, на конкурсот за учебници на Министерството за образование и наука во периодот 2004- 2006 година, издавачката куќа “Македонска искра” од Скопје, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови Славе Катин, ги доби учебниците по ликовно образование и воспитание за 5-то 6-то, 7-мо и за 8-мо одделение, чии автор беше проф. д-р Богомил Карлаварис со: Лаура Херцег, Александар Јовановски, Гоце Наневски, Марија и Никола Наневски.

Според професорот, учебникот за ликовно образование треба да ја задоволи детската љубопитност за уметноста, потребата за уметнико творење, за набљудување на ликовни дела и за стекнување на одредени сознанија од областа на ликовната уметност. Оттука функцијата на учебникот треба да мотивира и обезбеди импулси за творечка работа на ученикот; да поттикнува размислување, истражување, да обезбеди визуелен материјал, тоа се уметнички дела за естетска анализа; и конечно учебникот треба да пружи средени сознанија од ликовната уметност, јасни и разбирливи дефиниции на одредени поими и имиња на ликовни уметници и на ликовните дела.

likovno-obrazovanie

Исто така, проф. д-р Карлаварис е автор на учебниците и педагошките помагала што се користат во Хрватска, Словенија, Србија, Албанија и Австрија, кои се прилог и придонес на ликовното образование во овие земји.

Проф. д-р Богомил Карлаварис беше голем пријател на Република Македонија. Тој беше почесен претседател на Ликовната колонија “Малиот битолски Монмантр” во Битола и најблискиот соработник на Коста Хаџи Антоновски и ликовен амбасадор на Македонија во светот. Во период од околу дваесет и пет години, заедно со Коста Хаџи Антоновски, раководител на Колонијата во Битола и другите соработници, тој даде голем придонес во работата и афирмирањето на “Малиот битолски Монмартр” во некогашните југословенски републики, во Европа и во светот. Со своето долгогодишно искуство и стручност, проф. д-р Карлаварис придонесе за квалитетот на меѓународната изложба “Битола”, а голем број негови сугестии се вградени и во програмските содржини на “Малиот битолски Монмартр”.

Инаку, резултатите што ги има постигнато “Малиот битолски Монмартр” во изминатите триесетина години се импресивни. Таквите резултати битолската манифестација ја вброија меѓу најпознатите детски ликовни фестивали не само во Република Македонија, туку и во светот. За тоа зборуваат бројките дека интересот за Битолската манифестација од година во година е се‘ поголем. Ако на првата ликовна колонија учествувале само пет екипи, со дваесеттина дечиња, во последните години на “Малиот битолски Монмартр” редовно учествуваа по триесетина екипи, со над 150 ученици, ликовни педагози и други гости.

Организаторот на битолската манифестација – Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј” од Битола, благодарение на “Малиот битолски Монмартр” се здоби со непроценливо ликовно богатстсво, со над 400.000 прекрасни творби на деца од Македонија, Европа и светот. Тоа е богатство со кое можат да се пофалат само најпознатите светски галерии, какви што се Лувр во Париз, Ермитаж во Санкт Петербург, Прадо во Мадрид и други.

“Малиот битолски Монмартр” е вистински празник на бојата, на ликовните штафелаи и четките на светската младост. Оваа ликовна манифестација останува да биде најголемата ликовна работилница во Република Македонија и светот, чии учесници, покрај тоа што создаваат прекрасни ликовни творби во речиси сите ликовни техники, меѓусебно другаруваат и ги шират пораките за мир во светот.

Проф. д-р Карлаварис доаѓал повеќе од дваесет и пет години во Македонија, особено во Битола, за манифестацијата “Малиот битолски Монмартр”, каде стекнал голем број искрени пријатели. Годините и големата оддалеченост од Кастав до Битола никогаш за него не биле пречка. Тој секогаш со восхит и голема љубов зборувал и пишувал за Битола, нарекувајќи ја космополитски град, светски центар на детското ликовно творештво, град во кој младите од светот доаѓаат со задоволство и се залагаат за мир и толеранција меѓу луѓето од сите земји во светот.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top