Дијаспора

Македонските медиуми во Нов Јужен Велс (10)

nov-juzen-vels

nov-juzen-vels

ДЕЛ ОД КНИГАТА „МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ ПЕЧАТ“

Медиумите на Македонците во Австралија се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни. Тие имаат посебна важност и играат огром­на улога во ин­­фор­мативната дејност на Македонците во новата средина.

Развојниот пат на информативните гласила пред Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници во САД и Канада. Тогаш ги следела бес­крупулозната бугарска, грчка и српска пропаганда, пре­­ди­звикувајќи заб­лу­ди, поделби и раздор во нивните редови. Тоа се гледа и на планот на ин­­фор­­мирањето, каде што токму поради недостиг на сопствен пе­чат тие чи­та­ле бу­гарски, српски, грчки, англиски и други информативни гласила.

 Меѓутоа, со конституирањето на  Република Македонија во 1944 година настанаа позитивни крупни измени и кај македонските иселеници. Меѓу другото, започнаа да се печатат информативни гласила на мајчин македонски јазик, да се отвораат радио и ТВ часови, со што иселениците се блиску до својата дедовка земја, Македонија.

Едно од најзначајните македонски информативни гласила во македонската дијаспора беше весникот “Македонска искра”, кој е прв македонски иселенички весник во Австралија. Тој започна да се печати на 11 октомври 1946 година, на денот кога се отвори нова славна страница во историјата на македонскиот народ во борбата за слобода и независност. Весникот беше орган на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС).

Тој процес се продлабочува, проширува и збогатува во изминатите седумдесет години во целина во Република Македонија и во дијаспората. Затоа, во продолжение ќе ги презентираме  гласилата во Нов Јужен Велс објавени во делото „Македонскиот иселенички печат“ од авторотт на овој текст, Славе Николовски-Катин, во периодот од 1957 до денес, а тоа се:

“Македонски глас” (1957-1958) – Сиднеј. По престанувањето на првиот македонски весник “Македонска искра” во јануари 1957 година, во февруари истата година, како двоброј за февруари и март во Сиднеј се појави “Македонски глас”. Весникот излегувал како двоброј, макар што беше најавено дека ќе излегува еднаш месечно. Во првата година се издадени пет броја и тоа покрај вториот април-мај, третиот за јуни-јули, четвртиот за август-септември, петтиот за октомври-ноември. Во втората година е отпечатен шестиот број за декември – јануари, а по подолга пауза во јуни 1958 година е отпечатен последниот седми број. Весникот се печати на среден формат 28,5 х 44,5 см. Со латиница. Само главата на весникот односно клишето, е со кирилица, на кое стои дека е ова единствен македонско-австралиски комерицјален и социјален весник. Бројот 7 од јуни 1958 година е последен отпечатен “Македонски глас”. Тој е печатен на 4 страници, исто формат и ист квалитет на хартијата. Во него е даден пригоден текст по повод завршувањето на 7-та конференција на МАНС со извештаи од повеќе членови, кои зборуваат за проблемите, значењето, перспективите, обврските и финансирањето на весникот, а е поместена и Резолуцијата.

makedonska-iskra

Единство” (1965).  По згаснувањето на “Македонски глас” во 1958 година во информативната дејност кај Македонците во Австралија настана голема празнина. Во тој период и‘  се отвори простор на бугарската пропаганда машинерија, која успеа една група поранешни активисти на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС) да ја натера, да издава весник. Весникот е наречен “Единство”, чиј прв број излезе во септември 1965 година во Сиднеј, деклариран како општествен и економски весник.

Првиот број е отпечатен во Сиднеј во септември 1965 година на среден формат 31 х 43 см. На бугарско-македонски јазик со латиница, само насловот (клишето) е со кирилица.  Вториот број се појавил во октомври 1965 година, во кој е објавена статија за Илинденското востание со некои стари “видувања” и “вистини”. Исто така, поместен е текстот под наслов “11 Октомври – Денот на оруженото востание” во кој покрај другото, се наведува дека 11 Октомври е симбол на вековните стремежи на македонскиот народ на злобода и е национален празник како во стариот крај, така и на Македонците во Австралија и во светот. Потоа поместен е текстот за одржувањето на годишното собрание на организацијата „Весела Македонија” од Сиднеј и текстот по повод изборите на црковното раководство во Македонската православна црква Св. Ѓорѓи во Мелбурн.

 “За Единство” (1966).  Со пропаѓањето на “Единство” во 1965 година, се направи уште еден обид да излезе весникот, но со нешто изменето име. Имено, се појави под наслов “За единство” во ноември 1966 година како бр. 3. Весникот кој повеќе личи на леток, се појави во Сиднеј и од него е отпечатен само еден примерок, на 4 страници, формат 20 х 31 см. Отпечатен е на англиски и на нечист македонски јазик, а и насловот на весникот е на латиница.  Посебен простор е посветен на гостувањето на КУД “Светлост” од Мелбурн во Сиднеј и Њукасл.

 “Македонија” (1969).  Првиот број на весникот “Македонија” се појави во Сиднеј на 13 март 1969 година. Отпечатен е на 8 страници на среден формат (29 х 44 см.), на македонски јазик со латиница.  Весникот е независен и рекламно-информативен, а тоа значи дека нема да се врзува со било каква идеологија и политика.

etnicka-makedonija

“Нова Македонија” (1969).  Гласилото за прв пат се појави во Сиднеј на 19 април 1969 година како неделник, чиј издавач беше извесен Чек Лорд, а главен и одговорен уредник Драги Неделковски.  Главата е на македонски, со латиница и ги содржи основните податоци. Весникот се печати на лош македонски јазик со латиница, на 8 страници, на формат 28 х 45 см. По цена од 15 центи.

Во почетокот на мај 1969 година се јавува уште еден број.

“Македонија” (1972).  Во предградието на Вулунгонг, во Порт Кембла, во почетокот на седумдесеттите години, кога бројот на доселениците во Македонија постојано се зголемуваше, се појави првиот број на весникот “Македонија”. Тој е отпечатен како месечник во февруари 1972 година, на 8 страници, на среден формат. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има текстови и на англиски јазик.

Од весникот “Македонија” се отпечатени само три броја кои се исти по форма и идентични по содржина.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top