Дијаспора

„Куферот“ премиерно отворен во Сиднеј

kuferot

kuferot

Минатата сабота во просториите на Културниот центар „Илинден“ во Сиднеј се одржа премиерата на драмата „Куферот“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу.

„Куферот“ беше вистинско доживување да се гледа и да се следи изведбата на еден мошне професионален тим на актери кои во една заедничка хармонија го градеа „Куферот“ но и ги расветлуваа тајните една по една што се криеа во затворените души-куфери на сите карактери во оваа динамична полна со емоции драма. Емоциите на гледачите беа испреплетени како што и животот некогаш знае да се испреплети: се смееше и плачеше од радост – се жалеше и смееше од жалост.

Без двоумење можам да заклучам дека од сите досега прикажани драми на овој Театар, оваа најдлабоко влегува во психата на човекот, посебно прикажаниот лик на мајката која целиот свој живот им го посветува и го жртвува за своите деца, а тие таа доброта ја враќаат со малтретирање, злоба и непочит. Во еден момент односот на мајката – Ангела (Валентина Апостоловска) се чини дека не е хуман, понижувачки и непожелен но кога ќе се завлезе подлабоко во нејзината личност ќе се увиди дека таа е длабоко психички растроена жена и мајка и тоа растројство е длабоко вкоренето во нејзиното битие: дете бегалец од домот што е уништен од кој останува само едно камче, од преселбата која е исткаена во едно веленце, од тешката работа по фабриките во Австралија каде го губи своето бебе и траумите поврзани со губењето, смртта на нејзиниот сопруг кој бил стожерот на семејството до разочараноста од своите синови кои прифатиле погрешни патишта, до среќата што ја наѕира со успехот и женидбата на најмладиот син. Покрај животот на Ангела се расветлуваат и расплеткуваат и животите на сите ликови поставени така сложено во „Куферот“. Сите носат тајни и трауми, како на пример младата невеста Татјана (Гордана Милошевска) како и нивниот сосед Михаил (Руди Цветковски), сите имаат желби и сонови кои се расветлуваат на завршетокот на оваа динамична престава. Авторот успеал мошне умешно да го пренесе психичкото растројството кое е многу добро „вткаено“ не само во еден туку во сите ликови преставени во оваа драма.

Иако на крајот од преставата гледачот е опфатен со некаква меланхолија од прикажаната трагедија на мајката се чувствува дека сите околу овој лик извлекоа некои позитивни пораки за подобра иднина и едноставно да се заклучи дека животот тече и има негативни и позитивни моменти.

Ликот на Ангела изврсно го одигра Валентина Апостоловска која повторно покажа дека има извонреден тален за глума – таа преку овој карактер не обзеде со емоциите што ги носеше во себе за и ние гледачите да станеме дел од нејзиниот полн со неизвесности живот. Ликот на Лазе (Лук), најстариот син на Ангела, го играше мошне талентираниот Васко Србиновски за кој мислам дека ова беше негова најдобро досега одиграна улога. Тој прикажа еден лик кој беше полн со контрадикности на човек кој заборавил да биде човек и неговиот однос кон целото општество, а посебно кон мајката беше одвратен и непожелен – парите му беа поважни од животот и хуманоста за другите. Ликот на Димитар многу успешно го одигра Никола Апостоловски кој беше прикажан како коцкар за кој не беше важно дека има врска со Гркинка, заборавајќи на минатото и траумата на неговата мајка поради војната и трагедијата на Македонците. Најмладиот син, Симон (Самоил Митревски), беше и најголемата надеж на Ангела, ја послуша својата мајка и се ожени, донесе невеста од стари крај, но секако тоа носи одговорности, а мајката се почувствува отфрлена. Гордана Милошевска преку ликот на Татјана не врати на комплексноста што носи преселувањето во нова средина. Иако Гордана по втор пат настапува на сцена покажа дека е искусна и зрела за поголеми улоги. Ликот на Зои (Мена Ристевска) и нејзиниот обид да стане дел од ова македонско семејство донесе некаква свежина во динамиката на првиот дел во драмата и не направи да се преиспитаме колку сме спремни да одиме кон иднината кога минатото не враќа во нашата трагична историја. Руди Цветковски, иако дебитант, покажа природност во прикажување ликот на Михаил кој е соочен со смртта, жеден за братска љубов и повторна шанса во животот. Зоран Гулабоски со неверојатна реалност го прикажа ликот на Гарет, зависник од дрога, покажа дека има голем глумачки потенцијал.

Со искреност можам да кажам дека режисерот Стефо Нанцу успеа да избере еден мошне добар тим на артисти кои успешно прикажаа дело кое тематски досега не било прикажано во Австралија. Драматургот Душан Ристевски повторно успеа да ја долови психата на македонскиот човек кој живее во Австралија. Се јавува со нови теми и уметнички искажувања кои се во исто равниште со врвни драматурзи како во Македонија така и во Австралија. Честито на АМТ од Сиднеј кој на сцена за осум години има поставено девет драми и има понесено неколку награди за драмските остварувања.

Следните престави на „Куферот“ се во Волонгонг на 14 мај во 19 часот во Македонскиот центар при Црквата Св Димитрија Солунски 8-14 Stewart St., во Сиднеј се на 21 мај во просториите на Bankstown Polish Club, 11 East Terrace, Bankstown, во 19 часот како и на 28 мај во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдал со почеток во 19 часот.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top