Дијаспора

„Свети Кирил и Методиј“ – прв црковен и национален центар во Сиднеј (14)

sv-kiril-i-metodij-sidnej-1

sv-kiril-i-metodij-sidnej-1

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Печалбарството, односно преселувањето од Ма­ке­­донија во пре­куокеанските земји е ка­рак­­теристично за традиционално исе­леничкит краи­ш­та: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Ох­рид­­­ско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско, Скопско и други де­ло­ви на Македонија. Иселеничките движења од овие краишта започнале уште во 19 век. Се знае дека првите печалбари од Македонија при­стиг­нале на северноамериканскиот континент во 1865 година, првата поголема група претежно од селото Буф, Ле­рин­ско, во 1898 година, а во истата година и една помала гру­­па од Долна Преспа и од Битолско. Пр­ви­те Македонци – печалбари, пак, пристигнале во Австралија по Првата свет­ска војна, додека првите групи во 1924 година.

Првата светска војна на­место слобода од петвековното ропство, на    Ма­ке­дон­ците им донесе тројна по­делба, угнетување, аси­ми­­­ла­ци­ја, денационализација и физичко униш­ту­вање, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бу­гарија, Крал­ска Југославија, Грција и Албанија. За  раз­лика од она што се слу­чу­вало во минатото, во периодот од не­кол­ку векови, по Првата светска вој­на за ре­ла­тивно ку­со време во одделни делови на Македонија на­ста­на­ле крупни миграциони движења и етнички из­ме­ни кои    има­ле долгорочни ка­та­стро­­фал­ни последици за ма­ке­дон­ското на­се­ле­ние.

Според делото „Македонскиот иселенички печат“ од авторот на овие редови, исе­­лу­вањето уште повеќе се за­си­лило по Втората светска војна, особе­­но по поразот на Де­­мократската армија на Грција во Граѓанската војна, на чија страна масовно учествуваше и ма­ке­донското населе­ние од егејскиот дел на Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие свои­те национални и   со­­цијални права. Поради репресалиите и другите смисле­ни постојани притисоци на грчките власти врз македонското на­се­ление, во тој период, голем број Македонци при­силно беа принудени на пре­селување и мораа да ги напуштат своите род­ни места. Ваквите по­јави особено беа изразени во леринско-ко­с­тур­ски­от крај, каде што по­стое­ле десетици агенции што се „грижеле“ за откор­нување на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние од нивната родна грутка – Македонија.

mitropolit-kiril

Карактеристичен е периодот и по 1960 го­дина, кога со отво­рањето на СФР Југославија кон све­тот и со вклучувањето во ме­ѓу­на­родната поделба на тру­дот, паралелно со создавањето на аграрно на­селение во градовите и  либерализацијата на политиката за оде­­ње на работа во други земји, дојде до иселување на илјадници работници и интелектуалци од тогашна СР Ма­ке­до­­нија на петтиот континент. Пре­­се­л­нич­­ките движења од етничка Македонија кон Ав­стра­­лија и Нов Зеланд и во други светски центри, не престанаа до денес, меѓутоа нивниот интензитет е разли­чен за­­висно од економско-политичкиот момент во Ма­ке­до­нија, на Балканот и во светот.

Со доаѓањето на Македонците во Нов Јужен Велс започнаа нивните активности и заедничко живеење. Меѓутоа, поорганизиран живот на Македонците во Сиднеј започна во 1946 година со формирањето на огранокот на МАНС (Македонско-австралиски народен сојуз) под име “Весела Македонија”. Членовите на оваа организација развиле широки активности во националното, културното и духовното живеење на Македонците од сите делови на Македонија на тие демократски австралиски простори, организирајќи вечеринки, пикници и други активности.

Тоа резултираше да се зголемат активностите и да се започне со формирање на македонска православна црковна општина, исто како случајот со црквата „Свети Ѓорѓи“ во Мелбуср. Така, Македонците од Сиднеј, кои беа претежно од егејскиот дел на Македонија, решија нивната црква да биде посветена на големите учители „Свети Кирил и Методиј“, од Солун, а да се изгради во населбата Розбери.

Управниот одбор на Општината, во чиј состав влегоа голем број истакнати македонски иселеници, чиј претседател беше познатиот Мик Веловски, со помош на тогашниот свештеник Методи Гогов, (подоцна архиепископ и поглавар на Македонската православна црква г.г. Михаил) купиле една методистичка црква во населбата Розбери. Набргу црквата беше преуреден во православен духовно-национален дом и адаптирана за вршење богослужби, венчавки, крштевки и други црковни обреди кои за македонските доселеници во Сиднеј значеле пресвртница во нивниот национален и црковен живот.

sv-kiril-i-metodij-2

Тогашните активности помогнаа да почне значаен  црковен живот што услови црквата „Свети Кирил и Методиј“ да биде осветена на 30 август 1970 година. Чинот на осветувањето го изврши тогашниот надлежен архиереј, на Австралиската епархија митрополитот Кирил, во сослужение на бројни македонски свештеници од Австралија, голем број верници, претставници на Светскиот сојуз на црквите, на Одделот за емиграции, југословенскиот конзул, како и македонски доселеници од Мелбурн, Њукастел, Квинбијан, Порт Кембла и Вулунгонг.

Новоадаптираната црква служеше како македонски храм цели шест години, но бидејќи беше мала по простор и неможеше да ги задоволи потребите на македонската заедница, како и да одговори на потребните културно-просветни барања, во 1976 година се пристапи кон изградба на нова црква во истото место. Темелите за новиот храм беа исто така осветени од митрополитот Кирил, а потоа се отпочна со акција за собирање средства за црквата. Црковната управа и сите Македонци имаа одговорна должност што во целост ја исполнија, собирајќи голем број донации за изградба на оваа катедрална македонска православна црква и прв храм во Сиднеј.

Изградбата на црквата беше завршена во 1977 година, кога на 16 октомври беше свечено отворена. На тој значаен ден присуствуваа голем број иселеници од сите делови на Македонија, а вратите на црквата на симболичен начин ги отвори премиерот на Нов Јужен Велс, г. Н.К.Бранс, додека осветувањето на храмот го изврши првиот поглавара на МПЦ, неговото блаженство митрополит охридски и македонски г.г. Доситеј, во сослуженија на митрополитот Кирил и сите македонски свештеници во Австралија, а во присуство на десетина илјади посетители. За прв претседател на Управниот одбор беше избран Драган Размовски, а прота Владо Поповски беше назначен за парохиски свештеник.

Интересно е да се одбележи дека црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Сиднеј има два престола, два олтара: еден посветен на св. Кирил и Методиј, а вториот на св. Ѓорѓи, кој бил осветен од архиерејот г-дин Тимотеј за време на Божиќните празници во 1989 година. Црквата има сала, помошни простории, канцеларии и библиотека. Во неа се формирани: Македонското фолклорно друштво “Даме Груев”, КУД “Илинден”, КУД “Македонка”, Фудбалскиот клуб “Македонски орел”, Неделното училиште, Женската и други секции кои играат важна улога во севкупното живеење во општината.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Сиднеј е еден од најголемите, најзначајните и најпосетените македонски храмови во Австралија, а е единствен надвор од Македонија кој има два престола, два олтара со што привлекува голем број Македонци и други христијани во Сиднеј.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top