Дијаспора

Соопштение на ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА, за состојбата во Република Македонија

partija-na-makedoncite-vo-srbija

partija-na-makedoncite-vo-srbija

И македонската дијаспора е загрижена за моменталната состојба во Република Македонија, бидејќи се што се прави во татковината неминовно се рефлектира и на дијаспората и тоа најдиректно се одразува на односите и работата во организациите.

Не смее да се заборави дека Република Македонија не е само држава на македонските граѓани што живеат во неа, туку и татковина на нејзината дијаспора што живее надвор од неа.

Повеќе пати е истакнато дека и дијаспората може да помогне да се оствари заедничката визија да ја направиме Македонија подобро место за живеење.

И ние како политичка Партија на Македонците во Србија, со загриженост ги следиме настаните во татковината. И ние како македонско малцинство во Република Србија загрижени сме за состојбата во Република Македонија.

И ние веруваме дека можеме да помогнеме и во овој период на предизвици со кои е соочена Република Македонија. Но овојпат очекуваме и Македонија да ни помогне и нам, на дијаспората, на македонското малцинство во земјите од непосредното соседство, да ја сватиме и разбереме состојбата во Република Македонија, посебно во последните година дена.

Близината и соседството не ни се олеснителна погодност полесно и подобро да ја разбереме состојбата во Македонија, во однос на дијаспората од другите контингенти.

И ние сакаме да знаеме што се случува и каде оди Македонија, што ќе ни помогне во креирањето на политиката на нашата партија?

Интересот на дијаспората за искористување на првото на глас, и малиот број на евидентирани гласачи од дијаспората за гласањето на 05-ти Јуни, е јасен сигнал и пример за рефлексијата на состојбите во Македонија на состојбите кај дијаспората.

Јасно ни е дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот идентитет и вистински бранител на македонското битие и дека дијспората е клуч за развој на Македонија.

Затоа: Ни треба една подобра врска на дијаспората со матичната држава.

Ни треба планско и заедничко учество и присуство на дијаспората, не само на прославите на празниците во Република Македонија.

Ни треба една заедничка годишна конференција на дијаспората.

Ни треба заедничко учество на претставници на сите асоцијации на Македонците на годишните средби на иселениците.

Ни треба подобра организираност, подобра соработка, поголема грижа од страна на надлежните институции и од сите други од Македонија кои се бават со дијаспората.

Ни треба една подобра Стратегија за односот на Република Македонија кон дијаспората.

Ни треба Закон за дијаспората.

Ни треба Министерство за дијаспората, или обединување на надлежностите на Агенцијата за ислеништво со надлежностите на МНР-Секторот за следење на националните приоритети, во согласност со законот и стратегијата.

Ни треба Собрание и Совет на дијаспората, како највисоко претставничко тело на дијаспората.

Во услови на политичка криза која трае повеќе од година дена, во услови кога и Советот за надворешни работи на ЕУ сака да расправа за состојбата во Република Македонија, и ние како дијаспора упатуваме барање за вклучување на дијаспората во разрешувањето на состојбата во Република Македонија.

Не само заради олеснување на гласачкиот процес за дијаспората, туку и заради тимската долгорочна работа да ја направиме Македонија подобро место за живеење, бараме вклучување на дијаспората.

Час поскоро бараме одржување на состанок, средба со претставници од дијаспората, како почетен чекор за формирање на Собрание на дијаспората, и изворно запознавање со состојбата од страна на највисоките државни органи, посебно од Претседателот на Република Македонија.

Надлежните институции во Република Македонија /Министерство за надворешни работи, Агенцијата за иселништво и другите асоцијации кои се бават со дијаспората /ги имаат потребните податоци од Македонските Културни Заедници, Македонските Православни Цркви и останати асоцијации на Македонците ширум светот, така да лесно можат да направат евиденција и список за повикување на претставници на дијаспората.

Бараме таква средба и наше активно вклучување. И ние од дијаспората сакаме да и помогнеме на Република Македонија во овој период на предизвици и долга политичка криза.

Партија на Македонците во Србија
Претседателство

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top