Дијаспора

Во Австралија , во 81-та година од животот, почина Госпоѓа Вукосава Донева- Варколи

Во Австралија , во 81-та година од животот, почина Госпоѓа Вукосава Донева- Варколи, македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, поетеса, преведувач и професорка.

Вукосава е родена на 22 февруари, 1935 година во Струмица, Македонија. По завршувањето на Филолошкиот факултет, група  Литература и македонски јазик, Вукосава се вработува во радио драмата на радио Скопје(1953-1957), а од 1957 до 1988 година, работи во  Македонскиот народен театар, каде што игра многу главни улоги. Вукосава Донева беше ангажирана на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како предавач по сценски говор(1970-1976). Во текот на театарскиот живот има реализирано значаен број ликови од најразличен жанр, а за улогата на Хеда Габлер е добитник на наградата „13 Ноември“ (1976).

Има реализирано седум самостојни проекти, поезија и монодрамата „Велика“, со кои настапува во Македонија и во повеќе земји.

Вукосава Донева игра во повеќе македонски филмови: „Мирно лето“( 1961),Македонска крвава свадба“(1967), „Мементо“(1967), „Време без војна“(1969),„Македонски дел од пеколот“(1971) и „Хај-фај“(1987), во кој што ја играше главната женска улога.

Од 1988 година Вукосава Донева Варколи живее во Австралија. Во овој период  таа интензивно пишува и ги објавува стихозбирките за возрасни: „Куќи за продавање и молитва“(2000), „Чаша вода за океанот“(2001), „И не како вејка на ветрот “(2003) и „Ткаење черга“(2011) .

Вукосава Донева Варколи, беше член на литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и член на Друштвото на писателите на Македонија. Со својата поезија е застапена во антологиските изданија: „Бескрајно место“(1998), „Пламен во срцето“( 1999), „Спомените на милениумот“( 1999), „Коти на копнеж  и страст“(2003). Исто така е застапена со поезија во американската антологија „Балади на нашите животи“(2005).

За своето огромно творештво, како и за доброволното инволвирање во македонската заедница во Сиднеј и во Австралија, госпоѓата Вукосава Донева Варколи ја доби најголемата Награда за животно дело „Македонско сонце“, што ја доделува Македонскиот Телефонски именик за НЈВ-Австралија.

Нека почива во мир. Ние ќе ги памтиме нејзината блага насмевка и мудрите животни совети!

Погребното опело за покојната Вукосава Донева Варколи ќе се одржи во четврток, на 9-06-2016 год, во Palmdale Crematorium, Rose Chapel, во 4 часот попладне, а специјална Комеморација ќе се одржи во просториите на Литературното друштво „Григор Прличев“, во петок, на 10-06-2016 год , во 9.30 часот.

Жаклина Михајлова

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top