Дијаспора

Одбележана 73-годишнината од смртта на Кочо Рацин

poetsko-citanje-1

poetsko-citanje-1

Македонското Литературно Друштво “Кочо Рацин” од Мелбурн, ја одбележа 73 годишнината од смртта на истакнатиот поет, основоположник на македонската литература Коста Солев Рацин. Во просториите на библиотеката во Мил Парк на 12 јуни, одржаа несекојдневен настан, посветен на Рационовото творештво на неговата поезија. Потсетувањето на ликот и делото на Рацин, го направија преку читање на биографски податоци, податоци за творечката дејност, низ кои истовремено се испреплетуваа и стиховите на Печал, Татунчо, Тутуноберачите, Елегии за тебе, Копачите, Сандански, Утрото над нас,  рецитирани од Крсте Наумовски Мечкар, Виолета Јовановска, Гордана Димовска, Стеван Ацески, Вера Горгиевска. Младите, Даниел Димовски и  Алиша Симинели исто така ја изненадија публиката со прекрасната рецитација на поемата Денови на Македонски и Англиски јазик. Најмладиот учесник Шана Јовановска како и секогаш импресионира со нејзината рецитацијата на Каранците на баба и дедо, Кукла, и нејзиниот проект: “Мојот развој од раѓање до денес”. На крајот од официјалниот дел претседателкат на МЛД Кочо Рацин додаде: Се поклонуваме на неговите идеали, на неговата самопожртвуваност, борба за афирмација на македонската самобитност, на неговото богатото литературно творештво.  И после 108 години од раѓањето а 73 од неговата смрт, постои потребата за зацврстување на македонската самобитност, зачувување на името, јазикот, историјата, постои потреба од обединетост меѓу сите нас како во дијаспората така и во родна Македонија. Ја продолжуваме  борбата и афирмацијата на македонскиот јазик преку делата на Нове Младеновски,  Крсте Наумовски, Виолета Јовановска, Љубица Поповска, Вера Горгиевска и сите кои допрва ќе творат.

Македонска нација

poetsko-citanje-2

poetsko-citanje-3

poetsko-citanje-4

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top