Дијаспора

ПРОМОЦИЈА НА СТОТИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО “МАКЕДОНСКИ ГЛАС”

makedonski-glas-1

makedonski-glas-1

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ХРВАТСКА

14 јуни 2016 година, Загреб, Хрватска

– Минатата недела, на 9 јуни 2016 година, во Загреб, Заедницата на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) го промовираше jубилејниот стоти број на своето списание “Македонски глас“. Списанието континуирано се печати од 1993 година.

makedonski-glas-2

Програмата ја водеше Елизабета Петровска, заменичка на главната уредничка на “Македонски глас“ и секретар на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Во улога на промотори се јавија д-р Никола Гроздановски – првиот и почесен претседател на ЗМРХ, Огнен Бојаџиски – првиот главен и одговорен уредник на списанието, Илија Христодулов – претседателот на ЗМРХ и Милена Георгиевска – главната и одговорна уредничка на списанието на македонската национална заедница во Хрватска “Македонски глас“.

makedonski-glas-3

Промоцијата беше збогатена со музички дел, каде што настапи пејачката група “Моми бисерни” којашто делува при МКД “Охридски бисер” од Загреб. Под диригентство на водителот Сафиудин Алимоски, тие испеаја неколку македонски песни, а Ѓулијана Алимоски ги придружуваше на флејта.

Својата поддршка на Заедницата на Македонците во Хрватска ја изрази и Колинда Грабар – Китаровиќ, претседателката на Република Хрватска, која испрати поздравно писмо со честитки.

makedonski-glas-4

За време на промоцијата им’ се одаде почит и благодарност на главните уредници, новинари и дописници, кои се заслужни за формирањето и развојот на ова списание.

makedonski-glas-5

На промоцијата присуствуваа и голем број Македонци од Загреб и нивни пријатели. Меѓу нив беше и Maчеј Качоровски – советник во Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска, Ангел Митревски – член на Советот за националните малцинства на Република Хрватска, Диана Машала Перковиќ од Хрватската матица на иселенците, протојереј Кирко Велински – свештеник на Македонската Православна Црква во Хрватска, Томе Апостолоски – претседател на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, Мирјана Mајиќ – претседателка на МКД “Билјана“ од Задар, Благој Штерјов – претседател на МКД “Охридски бисер“ од Загреб, Ивона Дуноски Митев – претставничка на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија, Ненад Јовановиќ – претседател на новинарите за националните малцинства при ХНД (Хрватско новинарско друштво) и многу други.

makedonski-glas-6

Промоцијата беше проследена со видео проекција на фотографии од списанието “Македонски глас“. Покровител на промоцијата беше Советот за националните малцинства на Република Хрватска.

Светски Македонски Конгрес

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top