Дијаспора

Македонско друштво „Илинден“ -Tирана распишува конкурс за дизајн на лого по повод 10-годишнината од формирањето на Македонско друштво „Илинден“ -Tирана

Ilinden-Tirana

Ilinden-Tirana

Ова лого треба да ги одразува досегашните активности на Здружението. Логото ќе се користи во текот на 2017-2018 година. Секој предлог треба да содржи: предложеното лого треба да биде изработено компјутерски во висока резолуција; концизно објаснување на предлог- дизајнот и основни податоци за дизајнерот.

Општи услови за учество на конкурсот:

1. Предлог-логото треба да ја изразува концепцијата на 10-годишнината од основанјето на Македонското друштво “Илинден” -Tирана

2. На натпреварот можат да учествуваат средношколци, студенти и млади уметници.

 3. Делата мора да бидат оригинални, необјавени, а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност.

4. На натпреварот ќе бидат прифатени само индивидуални учесници.

5. Предлог-логото може да биде од земјата и од странство.

6. Предлозите треба да се достават на е-пошта
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

7. Предлозите мора да бидат доставени најдоцна до 29 декември 2016 година

8. Предлозите ќе бидат објавен на 31 декември 2016 година, по што ќе има едномецечно гласање од страна на членовите на Друштвото, подржувачите и другите заинтересирани.

9. Победникот ќе биде избран од страна на комисијата и од гласањето на социјалните медиуми.

10. Награди: Прва награда 100 евра и благодарница “Илинден”, втората награда и третиот благодарница “Илинден” и сувенири.

11. По завршувањето победникот на конкурсот мора да даде изјава за откажување од правото на користење на лого, по што логото станува сопственост на Македонско друштво “Илинден” -Tирана.

Македонско друштво “Илинден” -Tирана ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози.

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top