Дијаспора

Никола Стојановски – истакнат иселеник кој секогаш е на страната на Татковината (30)

nikola-stojanovski

nikola-stojanovski

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Кога се зборува или пишува за активностите на црковно-национален, образовен и културно-просветен план во македонската колонија во Торонто, неопход е потребно да се спомене личноста и делото на доблесниот патриот и активист Никола Стојановски. Овој Канаѓанец од македонско потекло со своите активности има посебно место во општественото живеење меѓу Македонците, без разлика од кој дел на Македонија дошле и кои свиле привремено или постојано гнездо во демократска Канада.

Никола Стојановски, всушност, е еден од оние активисти кои дале значаен прилог и придонес во националната организација „Обединети Македонци“, на која бил еден од најуспешните претседатели, како и на македонската православна црква „Свет Климент Охридски“ во Торонто, за чиј претседател беше избран во периодот 1993/94 година, а повеќе пати бил член на Управата на црквата.

 Исто така, како резултат на неговите постигнувања на црковен и национален план, како и поради неговите човечки, организациони и други способности, Никола Стојановски беше избран за претседател на Американско-кандаско-македонската епархија, која е највисоко црковно тело и во која се вклучени триесетина македонски православни црковни општини во Канада и САД. Во образовните процеси кај Македонците во Канада посебно треба да се нагласи името и делото на  Никола Стојановски, кој заеднои со професорката Блага Дафоска долги години ги учеја македонски јазик, географија и историја учениците во Македонското училиште во црквата „Свети Климент Охридски“.

При нашата посета на бисерот на Онтарио и најголемата македонска колонија во иселеништвото – Торонто, имавме срдечна и пријателска средба со доблесниот патиорт и општественик, Никола Стојановски кој е секогаш на страната на Татковина – Македонија. Веднаш по неделната служба во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во големата сала се задржавме во подолг разговор.

Во разговорот стана збор за бројни прашања од црковен, национален, културен и друг план во македонската колонија во Торонто. Притоа, на средбата беше присутна поголема група нашинци, меѓу кои свештениците Илија Донев и Јован Босеовски, неговите пријатели:Џорџ Андреевски, Владо Савевски, Борче Видиновски, Кире Боримечковски, Тели Мариовче,  Џорџ Поповски, Владо Гроздановски сите од МПЦ „Св. Климент Огридски“, како и Мендо Бакаловски, претседател на „Обединети Македонци“ и други.

skocivir
Скочивир

Познатиот и признат македонски иселеник Никола Стојановски е по потекло од Битолско, а неговото семејство води корени од Беломорска Македонија.  Тој е роден на 15 ноември 1938 година во селото Скочивир, во Мариово, каде го заврши основното образование. Во селото Скочивир било изградено современо училиште за основно образование на учениците од 1 до 4 одделение. Наставата на македонски јазик започнала во учебната 1945-46 година. По завршувањето на 4 одделение учениците од Скочивир своето образование го продолжувале во основното училиште во село Бач кое е оддалечено 10 км.

Инаку, селото Скочивир се наоѓа во западниот дел на Мариово, источно од Битола. Се простира на брегот на Црна Река, каде започнува најголемата клисура во Македонија — Скочивирската клисура низ која во должина од околу 100 км Црна Река го поминува својот пат до Тиквешкото Езеро. Селото се простира на левиот брег на Црна Река. покрај главниот пат кој води од Битола за Старавина, а се наоѓа во состав на Општината Новаци.

Селото Скочивир има бурна историја и поминало низ бројни премрежија во последните сто години, особено во текот на Првата светска војна. Затоа, над селото,  на планинскиот врв Кајмакчалан, на надморска височина од 2521 метар, во 1921 година е изградена црквата „Свети Петар“ во чест на загинатите борци од Првата светска војна кои загинале на Македонскиот фронт во 1916 година.

Над влезната врата на црквата стои запишано: „На моите големи јунаци храбри и верни кои со своите гради ја отворија вратата на слободата и останаа овде како вечни стражари на прагот на татковината“. Подот е направен од бетон, а во средината се наоѓа крст направен од топовски гранати. На мала масичка стои книга за впечатоци во која се потпишуваат сите посетители. Во еден агол на црквата стои урна во која се наоѓа срцето на познатиот швајцарски доктор Рајс. На урната е запишано: “Овде во оваа урна на врвот на Кајмакчалан спие златното срце на Швајцарецот Рајс, српски пријател од најтешките денови на војниците во борбата за правда и вистина.”

Можеби тоа е причини повеќе Никола Стојановски постојано да биде на страната на татковината-Македонија. Во неговата биографија е забележано дека тој како  ученик заминал во Битола. Така, со средно образование се стекна во Учителската школа во градот на конзулите. По дипломирањето  работел како наставник, меѓутоа судбината или среќата го однеле во Канада уште пред близу педесет години, каде живее и работи, најпрво во Виндзор, а потоа во Торонто.

kanada-paralelka

Како и сите иселеници и Никола имал свои скокови во бизнисот, затоа остана сликата дека тој. долги години беше успешен бизнисмен. Меѓутоа, судбината сакала да си поигра и, за голема жал, во сообраќајна несреќа, што се случила надвор од Торонто, го загуби својот животен сопатник – почитувана и сакана сопруга Марија, додека тој имаше тешка фрактура на нозете. Денес, Никола, како пензионер добро се чувствува, но за подобрување на неговата здравствена состојба, тој го посетува Центарот за рехабилитација во Торонто, каде што има посебен третман за побрзо заздравување, пото, скоро секоја година патува за Куба, како и за Македонија. Во родната Македонија ги посетува сите туристички места, но најповеќе кампот во Отешево каде пријатно се  чувствува.

Во разговорот со Никола Стојановски стана збор за времето кога Никола беше претседател на црковната управа и кога се реши да се живописува тој убав макеедонски храм. Притоа Никола, меѓу другото рече дека е многу среќен што се успеа да се направи договор и да допатува од Македонија академскиот сликар Ѓорѓи Даневски со цел да ја зографиса црквата „Свети Климент Охридски“. Целата управа на чело со Никола сметаа дека овој наш голем црковен храм заслужува да го живописува голем уметник од оваа област како што е почитуваниот Даневски. За повеќе од една година, МПЦ „Св. Климент Охридски“ беше целосно завршена, со што таа стана не само македонски, туку и канадски споменик на културата. Потоа се направија усилби да се изработи нов иконостас, со што црквата стана огледало на македонската култура и на црковно-националното живеење на Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во Канада.

mihail-nikola-katin
Архиепископот г.г. Михаи, Никола и Катин

Инаку, при посетата на МПЦ „Св. Климент“ се сретнавме и со уметникот Даневски, кој на многу жив, интересен и македонски начин го живописа храмот. На пространите ѕидови на црквата ги видовме св. Климент Охридски, светите Кирил и Метдоиј, Св. Злата Мегленска, која е во македонска народна носија, браќата Миладиновцки, Филип и Александар Македонски, новото македонско знаме и многу други знаменити личности прикажани како фрески на црквата кои претставуваат дел од мозаикот на мултикултурата на Канада.

 Исто така, кога Никола Стојановски беше претседател на оваа институција, тој заедно со поголемиот дел од Управата беше најзаинтересиран да се напише монографија за црквата, со цел да остане вечен спомен за историскиот развон на црковно-националните активности на Македонците во Торонто. Така, за монографијата “Македонски вознес”, што ја подготвија авторот на овие редови Славе Катин и Фиданка Танаскова, претседателот Стојановски подготви голем број материјали како: интервјуа, писма, документи, статии од весници, списанија и други публикации, фотографии и другите писмени материјали за управите на црквата „Свети Климент Охридски“ и поединци.

Никола Стојановски даде голем придонес за афирмација на активностите и животот во македонската црковна општина  „Свети Климент Охридски“.. Сепак, очигледно е дека работата, активностите и постигнувањата на Никола не  ќе беа возможни без вклучување на бројни членови на  македонска заедница во Торонто и пошироко, чии ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Свети Климент Охридски“ и на Македонската православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина во Канада, како и на земјата на нивните предци, Македонија.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top