Дијаспора

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“-ТИРАНА ЧЛЕН НА ФЕДЕРАЛНАТА УНИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ НАЦИОНАЛНОСТИ (FUEN) И ЧЛЕН НА ВОЛОНТЕУРОПЕ (VOLONTEUROPE)

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја изразува својата загриженост за положбата на Македонците во Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште областа Полени, Маќелара отворено ја повикуваме Владата и општина Маќелара и округот Дебар  итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон овје села и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку е инвестирано во овје села населена со македонско население. Патната инфраструктура е во лоша состојба, и срамно е во 21. век да нема асфалтиран пат. Тоа е главната причина за слабиот економски развој на селата. На овој начин, македонското население се иселува од селата Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште, поради лошата состојба. Друг посебен проблем немаме водовод и канализација, среќа што повеќето имаме бунари, а некои на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита нема здраствен дома.

Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во селото после 25 години демократски развој селото уште нема здраствен дом. Дополнителен проблем за македонслкото малцинство во Албанија е фактот што децата неможат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во селата Ербле, Долно Крчиште и Горно Крчиште, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бараат од владата,  општината и од округот Дебар да преземе соодветни мерки да се подобри ситуацијата.

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa
Претседател Никола Ѓурѓај
  

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top