Дијаспора

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

njv

njvМакедонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворната забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 27 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.

Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: претседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от  Алберт Вела, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска , координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и  претседателката на МПУО за НЈВ– Г-та Жаклина Михајлова.

Во своето обраќање до присутните, госпоѓа Михајлова истакна дека „ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие, почитувани матуранти, носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија. А, Македонија е лулка на културата. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски “, истакна Михајлова.

 Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, – Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата ѝ се насмевна на Цветанка Марковска, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.
Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на  МКУД „Илинден“ од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја воодушевија публиката.

Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.

 Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела. Водители на вечерта беа учениците од 11 година Емили Касовска и Филип Менчевски.

Матуранти 2017

Од Центарот Bankstown:

Кристина Блажевска, Натали Богоевска, Константина велковска, Јован Гашоски, Елена Димовска, Андреј Дунимагловски, Стивен Ѓорѓоски, Изабела Илиоска, Цветанка Марковска, Сара Милојковска, Вероника Превска и Александра Стојановска

Од Центарот Kogarah:

Џонатан Апостоловски, Марија Грозданова, Мелани Козаровска, Владимир Лозановски, Кристина Неданоска, Шанел Нешкоска, Тијана Петреска, Анастасија Ристовска, Мелани Спасевска, Џасинта Талевска, Климент Трајчевски  Катрина Лиговска.

Од Центарот Smith Hill:

Ана Марија Анѓелковска, Стевче Димески, Мартина Дулеска

Им честитаме!

Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:

PAYMENT METHODS

DIRECT DEPOSIT

Account Details: Macedonian School Council

BSB: 032-057

Account Number: 601 946

Bank: Westpac

Branch: Rockdale

Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.

CHEQUE

Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top