Дијаспора

ПАТЕПИСИ ОД ПЕТ КОНТИНЕНТИ

ivan-trposki-kniga

ivan-trposki-kniga

Новa книгa

Во најновата книга со наслов „Патувачки симфониум“, познатиот новинар и публицист Фиданка Танаскова од Скопје, пишува и опишува шеснаесет земји во светот, меѓу кои  е и Австралија.

*********************************************

Во  најновата книга од истакнатиот новинар и публицист Фиданка Танаскова од Македонија, која е и почесен член на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј,  се  публикувани репортажи,  прилози и фотографии  за шеснаесет  земји на пет  континенти на планетата, меѓу  кои е, и Австралија.  Тоа  е  петто  дело во кое таа е автор или коавтор.  Да споменеме, дека во 1990 година  Танаскова ја напиша првата книга за првиот претседател на слободната македонска земја Методија Андонов-Ченто. Долго и  многу  макотрпно трагаше  по вистината за судбината  на првиот претседател на Македонија,  храбро зафаќајќи се со предизвиците   во време, кога  Ченто  беше забранета тема во Република Македонија.  Потоа, според нејзино сценарио, за Ченто беше снимен и документарен филм за Македонската телевизија.

Во најновата книга со наслов „Патувачки симфониум“, која излезе деновиве,  се застапени  Македонија, Австралија, Америка,  Канада, Аљаска, Германија, Русија, Франција, Швајцарија, Италија, Австрија, Шпанија, Португалија, Турција, Србија, Словенија и Аргентина.

На 220 страници  со убав, лесен  и читлив јазик и стил, авторот опишува  познати и непознати места, градови, реки, езера, кањони, села, полиња,  природни реткости, водопади, потоа, пишува за разни луѓе, настани, свечености и други случувања.

patuvacki-simfonium

Насекаде каде што постоеле услови и можности, Танаскова трага и пронаоѓа  и афирмира  наши Македонци од различни генерации кои  век  векуваат  во  земјите  на нивниот пристан, што ѝ дава посебна тежина на книгата. Авторот навистина  прави афирмативни блесоци на Македонци,  на македонски заедници  и  нивни   дела и постигања, како  и  за нивната роднокрајна  љубов и носталгии,  низ  светските  меридијани  од Аргентина  до Австралија, од Франција  до Америка.

Австралија има посебно место во „Патувачки симфониум“ бидејќи за време на посетите на петтиот континент, Фиданка  овековечува  многубројни визити, средби и разговори во домови на нашите луѓе, во друштва, организации, здруженија, асоцијации, црковни општини, клубови, училишта и универзитети. И тоа најмногу  во Мелбурн и Сиднеј, во Волонгонг и Канбера итн.

Инаку, Танаскова е истакнато новинарско име, која долги години поминала во редакцијата на весникот Нова Македонија, а пишувала и за списанието „Македонија“ и весникот „Денес“. Таа известувала и за бројни македонски радио-програми, меѓу кои за државното австралиско радио SBS, за WDR – западно германското радио од Келн, како и за радио-емисиите во Берлин, Торонто, и Париз. Повеќе од дваесет години и  сега,  се јавува за македонската радио-програма Триплзет (ZZZ) од Мелбурн, а неколку години и  за програмата Оро македонско од Детроит и Чикаго.

Таа е добитник на повеќе награди и признанија  во земјата и надвор од неа.  Да  споменеме    дека  е прогласена  за новинар на годината и добитник на „Златно перо на хуманоста“ на Македонскиот црвен крст, добитник е најпрестижната   републичка награда за публицистика, потоа на годишната  награда  на Здружението  на новинарите на Македонија, како  и на највисоката државна награда за животно дело во новинарството „Мито Хаџивасилев Јасмин“, што  е исклучително признание за нејзиниот полувековен   журнализам   и  творештво  .

Најновата книга на Фиданка Танаскова која деновиве излезе од печат, наскоро ќе биде промовирана во Скопје.

Иван  ТРПОСКИ

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top