Дијаспора

ММД НИКОЛА КАРЕВ 40 ГОДИНИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР

nikola-karev-1

nikola-karev-1

ММД ”Никола Карев”, го одржа презентациониот бал на 16 декември во просториите на Ferraro Reception. Одбележувањето на достигнувањата, макотрпната работа през годината беше наградена со доделување на пехари на играорците од сите три групи. Вечерта ја отвори и ги поздрави присутните, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишне јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро.

nikola-karev-2

Исто така значајно за оваа година е тоа што ММД “Никола Карев” додели специјални признанија на долгогодишните членови : Андријана Стојановска – 20 години, Александра Петровска – 20 години,Сашо Петровски – 18 години, Николче Петровски – 14 години, Стефан Јовановски – 17 години, Александар Јовановски – 18 години, Тони Јовановски  – 22 години

Македонското младинско културно уметничко друштво

nikola-karev-3

Наградата за доживотен член (life membership) ја доби Гордана Аневска за нејзиниот огромен допринос и долгогодишна работа во друштвото. Ова е петнаесетта личност а прва жена која го доби ова високо заслужено признание во ММД “Никола Карев”.

Вториот дел од оваа вечер продолжи со распеаниот Дамјан Стојановски во придружба на Соната бенд & Влатко, Мелбурн гајда. Дамјан за првпат гостува во Австралија и со своите гласовни квалитети докажа дека е вистински професионалец и ја воодушеви публиката со изборот на свои песни но и песни од легендата на македонската народна песна, неговиот татко Војо Стојановски.

nikola-karev-4

Прекрасно организирана вечер која беше круна на сите успешни концерти, настапи и презентации одржани во годината што измина како дел од одбележувањето на 40тиот годишен јубилеј на ММД “Никола Карев”. Честитки до сите играрци, кореографи, родители, управниот одбор, со надеж за уште поуспешни години што следуваат во негувањето на македонското оро и песна. 

Гордана Димовска

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top