Дијаспора

Декларација на АСНОМ за основните права на ѓраѓаните на демократска Македонија (16)

asnom

asnom

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

На 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински” била прогласена Македонската држава. Со овој датум е поврзан најзначајниот настан во историјата на македонскиот народ. На тој ден било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

Во присуство на ополномоштените делегати од целата територија на Македонија, се извршило конституирањето на Македонската држава. Не било ни малку случајно што Илинден бил избран како ден на одржување на тој најзначаен чин во борбата на македонскиот народ.

Револуционерното минато на македонскиот народ живеел од НОБ и судбоносните моменти, го затреперувале срцето на секој чесен граѓанин и го покренувале во нови акции за правда и слобода на македонскиот народ и народностите, поврзувајќи го Илинден со секоја нова политичка или друга акција на младите генерации.

Така, во оригиналната Декларација на АСНОМ за основните права на Македонците и другите народности на демократска Македонија се вели:

1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи (на) нивната народност, пол, раса и вероисповедание.

2. На националните малцинства на Македонија се осигуруваат сите права на слободен национален живот.

spomenik-prilep
Споменикот во Прилеп

3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурност за личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот.

4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и  слободата на совеста.

 5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.

6. Изборното право на демократска Македонија ги вршат избирачите со тајно гласуване и основание на општото, еднаквото, непосредното и личного изборно право.

7. Правото да избируат и да бидат избрани во сите изборни тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. Додека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи од принципите на тајното и непосредното гласуване. Малкумина лица, како и лицата кој со провинет по отношение на интересите на народно-ослободителнага војна, се лишуваат от правата по точка 5 и 6 на оваја Декларација.

8.  Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествува како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди.

9.  Се забранува и прогонуваат сиге фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста на братската заедница на народите на Југославија.

10.  На секој граѓанин му е загарантирано правого на жалби против решенијата на органите на власта по начин предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака на сите државни власти.

11.  Народната власт се старее да (ја) отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна просвета.

Во манастирот „Св. Отец Прохор Пчински” на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина)

За Антифашистичкото собрание на народното ослободуене на Македонија.

Секретар:                                                                 Претседател:

Љупчо Д. Арсов                                                       Методи Антонов Ченто

Љ. Арсов, с.р.                                                           М. А. Ченто, с.р.

prohor-pcinski
Манастирот Свети Прохор Пчински

Исто така, На 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински”  е донесено Решение на Антифашистичкото собрание на народното ослободувне на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава

Член 1

Во македонската држава како службен јазт се заведуе народниот македонски јазик.

Член 2

Ова решение влегуе веднага во сила,

Во манастирот „Св. Прохор Пчински”, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина).

За Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Македонија.

Секретар:                                                    Претседател:

Љупчо Д. Арсов                                         Методи Антонов Ченто

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top