Дијаспора

Двата Илиндена – меѓници на Македонската држава (18)

ilinden18-1

ilinden18-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Гоишното чествување на стогодишнината од Илинденското востание и 59-годишнината од историското заседание на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), исто така на ден Илинден во 1944 година, во историјата на македонскиот народ, се од големо значење. Низ вековната ослободителна борба за самостојна држава, Илинден и АСНОМ претставувале континуитет на најсветлите слободарски идеали, што се пренесувале од една на друга генерација, со незгаснат стремеж да го задржат тој факел на слободата, запален од непокорот и немирењето со ропството наметнато со оружје и крв.

Во средиштето на целокупната политичка философија на македонското ослободително движење, секогаш како цел стоела државноста на Македонија. Од Разловечкото и Кресненското востание (1876 – 1879) и преку Илинденското востание и Крушевската Република (1903), до Првото заседание на АСНОМ (2 Август 1944) и Референдумот за самостојна Република Македонија од 8 септември 1991 година.

Кревањето на Илинденското востание на 2 август 1903 година, претставувал чин на масовен облик за отфрлање на ропството на Империјата и создавање самостојна политичка платформа. Тоа требало да доведе до државничка автономија, односно отворање нови насоки кон целосно заокружување на ослободителното движење во самостојна македонска држава, која според прогласите на народот, пледирала на граѓанска формула за сожителство со другите национапности, без притоа да биде загрозена неспорната – македонска нација.

Зашто, соседите на Балканот, и во Илинденското востание гледале можност за задоволување на своите „наследни” интереси од територијата на Империјата, во чиј состав се наоѓала Македонија. Софиските врховисти, во тој чин на македонскиот народ, кој преку познатиот Крушевски манифест ги повикал на востание сите угнетени, без оглед на националност и вероисповед, презеле се’ на востанието да му дадат неславан крај, со изјавите во светската јавност за нивната „незаменлива” улога, ако востанието било во нивна организација!

А, всушност, востанието го разгорувале над 30.000 востаници од македонското население, зафаќајќи една забележлива востаничка територија од околу 10.000 квадратни километри. Според оригиналните извори, најголеми успеси постигнале востаниците во и околу Крушево. Таму, Реонскиот штаб организирал претставнички, извршни и судски тела, управа која, всушност, ја претставувале единствената од овој вид на Балканот, Крушевската Република.

ilinden18-2

Управната структура на власта на Крушевската Република поаѓала од политичката платформа на една цела плејада македоиски револуционери, на чело со Гоце Далчев и Ѓорче Петров, со неразделните Даме Груев, легендарниот Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, претседателот на Крушевската Република Никола Карев и сите оние кои во таа ослободителна епопеја станале темелник на денешната македонска државност.

Нивната политичка философија, нивната револуционерност и нивното директно учество во таа македонска револуција што траела во континуитет, биле насочени, пред се’, кон зачувувањето на самостојноста на македонското ослободително движење, задржување на природната, економската, етничката, а во догледно време и државната целост на Македонија.

Меѓутоа, ваквите поставки не воделе само кон национална, туку и кон формулата за граѓанска држава. што секако не се исклучувале меѓусебно. Оттаму и то] висок степен на хуманистички пристап на Илинденското востание, кон севкупното население кое го носело во себе слободарскиот дух.

Бруталното задушување на Илинденското востание, подоцнежните настани на Балканот, Младотурската револуција, а потоа и Балканските војни, ги поттикнале великобуржоаските пропаганди спрема, и во Македонија, за делби, денационализација и асимилација на македонското население. За ново приграбување на териториите, што како природна географска, историска, етничка и економска целост, биле основните постулати на македонското ослободително движење.

Визионерството на идеологот на ова движење, соборецот на Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов за Втор Илинден, бил новиот, идеолошки изграден лозунг, што мошне брзо бил преточен во нов револуционерен поттик и во организирана форма. Тоа било постигнато низ веќе осведочената и бескомпромисна антифашистичка коалиција на македонскиот народ и националностите во Втората светска војна, преку народно-ослободителни формации, ја доживеало својата кулуминација во текот на новото бугарско-германско окупаторско фашистичко ропство наметнато во 1941 година.

Самостојното ослободување во 1944 година било крунисано со претходниот чин од 2 август истата година, во манастирот „Свети Прохор Пчински”, каде што биле удрени темелите на македонската државност на Првото заседание на АСНОМ.

Вториот Илинден што го посочи Димо Хаџи Димов во децениите пред тоа, претставувал логична реализација на стогодишните стремежи за самостојна македонска државност, а тоа за денешна Република Македонија започнало од таа илинденска дата и епопеја. Решенијата на АСНОМ, всушност, биле чин на конституирање на таа државност, преку кои, прв пат во нашата историја, биле конституирани врховното законодавно извршно претставничко тело, и највисокиот орган на македонската државна власт.

Тоа било чин на суверено право и волја на народот, кој во ослободителната војна имало десетици илјади жртви, како и неброени последици и рани. Како федерална единка, ги добило сите права за изградба на татковината, озаконување на мајчиниот јазик, признавање на правата на националностите и, воопшто, здобивање со заеднички државнички компетенции.

Со Референдумот од 8 септември 1991 година, Република Македочија ја заокружи својата самостојност, преземајќи ги сите функции на државата во свои раце, пред се’ со воведуаањето на повеќепартискиот систем и изградувањето на новите демократски форми за управување со сопствената иднина.

Република Македонија, држава со сите карактеристики на самостоен и меѓународно признат субјект, со целосна сувереност и вклученост во светските демократски процеси, празнувањето на двата Илиндена го доживува во услови што се мошне значајни за нејзината натамошна егзистенција, и покрај сета нивна сложеност.

Навраќајќи се на времињата минати, што наведуваат на неизбежна споредба со денешните отворени хоризонти на таа вековно сонувана и конечно изборена државна самосгојност, не можат да се заборават некои појави од нашето соседство на Балканот, што на извесен начин претставуваат рецидиви на минатото.

Времето на делбите и освојувачките војни на Балканот, одамна се зад нас, па секоја ваква пројава на националистички, шовинистички, иредентистички или манифестации на верска нетрпеливсст, претставуваат опасност за мирот на Балканот, за сите држави на овој простор, за секој народ што сака да се вклучи во напредниот свет.

Овие илинденски празнувања. за жал, и денес се во фокусот на некои сенишни појави, дел од анахроните доктрини за негирање на македонската самобитност, нејзината државност и нејзините демократски институции, што со уставни решенија обезбедуваат рамноправност на сите граѓани на Република Македонија.

Конечно, на сево ова, без оглед дали е во нашето соседство, или пак се манифестира делумно и во нашата средина, треба да се одговори со неотповикливите историски поуки, што толку остроумно ги дефинираат сите последици од било какви обиди за нови делби и поткопување на мирот толку неопходен за Балканот, каде што се воделе најнемилосрдните и истребувачки војни.

Двата Илиндена на Република Македонија, секако се најочигледен пример за тоа како се достигнува слободарската цел, и колку таа скапо се плаќа. Секое посегнување врз интегритетот на една ваква демократска држава, претставува сериозна закана за севкупниот мир на Балканот. Барем така не учи историјата, досега онаа што ја оставивме зад себе.

ilinden18-3

Затоа, овој пат скромно ќе напишеме за симболот – споменикот на македонскиот народ „Македониум“ кој треба да не води кон посреќната иднина. Имено, Споменикот кој зафаќа поголем простор се наоѓа на местото „Горно Гумење”, каде во 1903 година заседавал Горскиот штаб. Споменичкото решение претставува комплекс на повеќе компоненти. Самиот споменик кој е во вид на кулола е висок 20 метри, а во основата 17 метри. Споменикот е поделен на два дела – горен и долен.

И двата претставуваат една функционална целина. Долните четири галерии се обликувани со релјефи посветени на македонскта историја. А другите четири со витраж. Горниот дел на споменикот е простор во кој се емитува аудио-визуелна програма со одбрани текстови од нашата поезија и музика, додека долниот дел претставува проекциона сала во која се проектира  фотографска документација за вековниот стремеж на македонскиот народ за национална слобода и независност.

Овој споменик, чиј автори се Јордан и Искра Грабул, е прв во Македонија, кој претставува синтеза на повеќе уметнички гранки – скулптура, архитектура, витражи и мозаик, музика, поезија итн.

Сломеникот беше завршен на 2 август 1973 година, на јубилејот на Илинденското востание.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top