Дијаспора

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

27 јануари 2018 година, Берлин, Германија

– Македонските заедници во Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија денес одржуваат протести за заедничка и унитарна Македонија.

Македонската заедница во Швајцарија протестот го започнува со собир во 12.00 часот на Quai Wilson 47 – 1201 Geneve – Palais Wilson. Собирот ќе продолжи со марш долж Avenue de France од 12.00-13.00 часот, до Плоштадот на Обединетите Нации Palais des Nations во 13.30-14.00 часот, каде организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонската заедница во Германија протестот го започнува со собир во 13.00 часот пред Бранденбуршката Порта во Берлин, каде организаторите ќе имаат поздравни говори. Собирот ќе продолжи со марш кон Германскиот Парламент и Владата каде што и ќе заврши.

Македонската заедница во Франција протестот го одржува во 14.00 часот на Place Joffre-Mur de la Paix (Champ de Mars) Paris каде што организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонската заедница во Италија протестот го одржува во 15.30 часот на Плоштадот Алфиери во градот Асти каде што организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонската заедница во Велика Британија протестот ќе го одржи од 14.00-16.00 часот пред зградата на Европската Унија во Лондон – European Commission Building, 32, Smith Square, Westminster, London SW1P 3 EU, каде што организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонците во Европа се обединети: (1) против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со барање за крај на разговорите со Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) против донесување на Законот за употреба на јазиците со цел двојазичност на територијата на Македонија и во нејзините меѓународни односи и редефинирање на унитарноста и државноста на Македонија; (3) против ратификација на Договорот со Буагрија, којашто не ги признава Македонците и уредува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на македонската историја; и (4) за безусловно ослободување и помилување на сите притворени и осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија и на Едмонд Темелко.

Доколку Владата не ги прифати овие барања, Македонците бараат распуштање на Собранието и организација на вонредни парламентарни избори во Македонија!

Македонските заедници во Европа овие барања ќе ги достават до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија преку македонските амбасади и конзулати и до претседателите, парламентите и владите на државите каде што престојуваат, а сите заедно и до Европската Унија, ОБСЕ, Советот на Европа и НАТО Алијансата!

Семакедонски протести наскоро се најавени и во Канада, Австралија и Холандија.

Организаторите апелираат на масовно присуство на Македонците на протестите во овие држави.

Организаторите повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, а со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател!

Заедно во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top