Дијаспора

Македонците од етничка Македонија и нивното иселување насекаде по светот (21)

ilinden21-1

ilinden21-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Слободниот национален и општествен развој и пробивот на вистината за Република Македонија се силен поттик за организираниот живот на иселениците врз национална основа. Тоа наедно значело и најефикасна одбрана против сите напори на странските пропаганди и непријателските дејствувања.

Организираното дејствување во прекуокеанските и европските земји досега го опфаќаат мнозинството македонски иселеници. Притоа, важна компонента е тоа што се единствено организирани и во нив членувапе и членуваат Македонци без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат. Иселеничките организации и нивното членство постојано бројно се зголемува, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува.

Во последните неколку децении програмите за мултикултура претставува своевидна пригода за проширувањето на соработката и еманципацијата на македонските иселеници во многу области на животот. Пред сеʼ, тоа се однесува на културата, спортот, на прашања и проблеми од областа на образованието и воспитанието, радио и телевизиските програми, социјалното згрижување и слично.

Исто така, од особена важност за презентирање на македонскиот збор, култура, историја, обичаи и традиции се многубројните македонски весници, списанија, билтени и друг вид гласила.

Бројни организации и здруженија на црковно, културно-просветно, спортско м друго поле со своето дејствување досега го одразуваат единството на Македонците, без оглед дали потекнуваат од Република Македонија, егејскиот или пиринскиот дел на Македонија или од Албанија и Србија. На тој начин непосредно придонесуваат за афирмација на Македонците како посебна и компактна етничка целина.

Има Македонци кои живеат и во Пакистан и кои се нарекуваат потомци од војската на Александар Македонски. Имено, на Хималаите, во најисточниот дел на Пакистан, живее племе кое се разликува од сите наоколу. Тие се високи и русокоси. Имаат своја автономна држава која ја нарекуваат Ханза или Ханзакут, а говорат бурушевски јазик и себеси се сметаат за Македонци, потомци на Александар Македонски.

Во Уставот на таа хималајска држава пишува дека се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време, малкумина ја прифатиле исламската религија, но си ги чуваат своите стари традиции.

Значајно поглавје во историскиот развој на Македонија во дијаспората е и прашањето на Македонците со муслиманска вероисповед. Нив ги има неколку стотини илјади во Истанбул, Измир, Бурса и во други градови во Турција, како и во земјите на Европската унија и во прекуокеанските земји. Тие се дојдени претежно од Дебарско, од Реканскиот крај, од Горно Врановци, Скопско, Тетовско, Гора, во Косово и од други места.

ilinden21-2 
Калаши од Пакистан

Карактеристично за оваа македонска популација е тоа што ја примиле муслиманската вера, а го задржале македонскиот јазик, културните вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија.  Како резултат на желбите и напорите на Македонците со муслиманска вероисповед да ги зачуваат своите корени во новите средини, тие таму формираат културно-уметнички и други друштва и асоцијации со македонски карактер.

Слични или идентични се случаите со етничките Турци во Македонија, кои носталгично се поврзани со родната земја и местата на своите предци. Тоа придонесува да се јакнат врските на духовен, културен и, особено, на економски план меѓу Република Турција и Република Македонија.

Затоа обично се вели дека Македонија е и ќе биде место каде што се вкрстуваат различни цивилизации и религии, почнувајќи од древниот период па до денес. Така, на овие балкански простори христијанството се појавило пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија. Македонија како земја, повеќе пати се споменува и во Библијата.

ilinden21-3

Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на различни племиња кон југ, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии.

Треба да се одбележи дека првите форми на собирање меѓу македонските иселеници се појавиле во времето на масовното доаѓање во новите средини, каде со себе ја донеле своја култура, традиции и обичаи. Како резултат на тоа, во сите поголеми центри, како што се: Детроит, Гери, Понтијак, Торонто, Перт, Мелбурн, Сиднеј, уште на почетокот се формирале помагателни друштва кои имале за цел да ја зачуваат македонската култура, обичаите и верските традиции.

Нивната цел била да обезбедат материјална помош на социјално загрозените Македонци, како и да собираат средства за изградба на цркви, училишта и други објекти во нивните родни места во Македонија. Така, уште во далечната 1910 година била изградена лрвата црква во Торонто, додека првата банка била формирана во 1912 година.

Исто така, биле формирани повеќе селски друштва на иселениците од цела Македонија. Во почетните години, особено  биле поактивни селските друштва на Македонците од Егејска Македонија, меѓу кои Ошчимското, Баничкото и други. Македонските иселеници во прекуокеанските земји започнале да се организираат во пошироки облици дури по Првата светска војна, а во периодот меѓу двете светски војни се чувствувала забележителна раздвиженост и активност на национален план. Така, започнале да се формираат првите македонски независни прогресивни групи во САД и Канада.

Тие, во прв ред, се залагале за афирмација на реалните насоки и патишта, по кои можела да се движи македонската револуционерна и идејна борба, која била нераскинлив дел од борбата на другите напредни сили на Балканот. Овие прогресивни групи се обединиле во Сојуз, т.е. во Македонски народен сојуз (МНС) подоцна како Македонско американски народен сојуз – МАНС, по првата конференција во 1930.

Главната цел на МНС била борбата за извојување слобода на Македонија, со желба да се создаде Балканска федерација во која би се гарантирале националните, политичките и социјалните права и слободи на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ од сите делови на Македонија. За реализирање на таквата политичка платформа МНС сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, особено од оние на Балканот,

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top