Дијаспора

Македонски иселенички асоцијации во светот и нивната улога (22)

ilinden22-1

ilinden22-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Македонските иселеници во прекуокеанските земји манифестирале позитивен став и голема лојалност кон Народноослободителната борба и НР Македонија, и пружиле организирана помош во нејзината обнова и изградба по војната. Така, најкрупна и најзначајна по својот ефект и значење била кампањата за изградба на Американската болница во Скопје, која започнала ао 1946 година, а во 1958 година била свечено пуштена во употреба.

Македонците, особено во прекуокеанските земји во изминатиот период биле тесно поврзани со традициите. Затоа, тие често се населувале на порано формираните македонски етнички населби. Таму, во светските метрополи, македонските доселеници постигнале забележителни резултати во областа на културата, образованието и социјапниот живот воопшто.

Нивните постигања на економски, образовен и културен план, во голема мерка, придонесувале тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интеграпен и важен дел во новата средина, познати и признати од домашниот фактор и од другите етнички групи.

Голем број на деловни луѓе од македонско потекло низ светот постигнале и постигнуваат евидентни резултати. Ваквиот налредок, пред сеʼ, придонесува за нивната општествена афирмација и поповолен третман во средините каде живеат, однесувајќи се кон нив како кон посебна етничка заедница, рамноправна со другите етнички групации во многунационапните општества во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Европската Унија (Европа), Јужна Америка, Турција и во други земји.

Паралелно со остварените материјални услови се јавува и тран­сформација на животните навики кај Македонците во дијаспората, осо­бе­но од егејскиот дел на Македонија, од кои голем број се пробиле во ви­сокото општество, пред сé со своите инте­лек­туал­ни, об­разовни и научни верификувани потенцијали и способности. Денес има голем број иселеници  од ма­ке­донско потекло кои се про­фесори, лекари, инженери, музичари, писатели, умет­ни­ци и други професии.

Инаку, по­­стиг­нувањата на Македонците во дијаспората се бележити, потврдени и значајни во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто, особено на економски план. Меѓуто, во име на вистината треба да се каже дека македонските доселеници сé уште не се соодветно присутни и во поли­тич­киот живот на та­мош­ното оп­ште­ство, а та­к­ов е слу­ча­јот и со дру­гите иселеници од Балканот.

ilinden22-2

Од политички и други причини, на Македонците од егејскиот дел на Македонија не им било дозволено да се школуваат на својот мајчин јазик, а многу мал бил бројот на оние што завршиле грчки училишта. Затоа, поголемиот број Македонци од овој дел на Македонија, (а кои во прекуокеанските земји се најбројни и ги има околу 60 отсто), дошле во новата средина со многу ниско или со никакво образовно ниво.

Меѓутоа, мотивирани од желбата да обезбедат основна егзистенција и да создадат подобри услови за живот на семејството, посветувале поголемо внимание и на образованието и личниот статус. Како резултат на тоа, голем број од нив го научиле англискиот јазик, а своите деца ги испраќале на школување во англиски училишта, колеџи и универзитети.

Ова било изразено кај последните неколку генерации, особено кај иселениците од поново време кај кои повисокото воспитно-образовно и културно-научно ниво, придонело за подобрување на нивната образовна и бизнис структура и општествениот статус.

Свој придонес на овој план има и Македонската православна црква која игра значајна улога во олфаќањето на Македонците надвор од земјата, особено во прекуокеанските земји, а во поново време и во Европската Унија. По обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на автокефапноста во 1967 година, Македонската православна црква направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците кои повремено или постојано се вработиле во заладноевропските, односно Европската Унија и други земји.

Идејата за формирање македонски црковни општини во прекуокеанските земји се родила најпрвин во Мебурн – Австрапија, каде што била осветена првата македонска православна црква „Св. Ѓорѓи”. Тоа е прв мaкедонски храм на австралискиот континент, а и воопшто во иселеништвото, осветен од македонски владика.

Тој чин за сите Македонци во Мелбурн и пошироко бил од особена важност и претставува темелник на Макодонската православна црква во прекуокеанските земји. Во 1962 година е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Се. Петар и Павле” во Гери, САД, во 1964 година на црквата „Св. Климент Охридски” во Торонто, Канада, а во 1973 година на црквата „Св. Наум Охридски” во Малме, Шведска.

Тој број постојано се зголемува, па активно работат бројни црковни олштини и манастири во четирите епархии на Македонската православна црква: Американско–канадска, Австралиска, Сиднеско – австралиска и Европската епархија, кои ги координираат активностите на црквите.

Денес македонски црковни општини и цркви во прекуокеанските и европските земји има 20 во САД, 10 во Канада, 28 во Австралија, а 28 во Европската Унија (поранешни западноевропските земји) и една во Африка.

Македонските православни цркви и општини се мошне ценети во домашните средини, пред сеʼ, заради резултатите што Македонците ги постигнаат во работата, а и заради нивниот лојален однос кон новата татковина. Тие досега претставуваат најзначајни и најголеми собиралишта на иселеници од сите делови на Македонија. Македонските православни цркви во прекуокеанските и европските земји го одразуваат единството и непосредно придонесуваат за афирмација на Македонија.

Од особена важност за активното живеења на македонските иселеници досeга е создавањето на црковните општини, градењето цркви и манастири. Така, преку своите црковни општини ја афирмираат Македонија како членка на меѓународната заедница. Всушност, тие се мост на соработката на Република Македонија со Европа, Европската Унија, со Австралија, САД и Канада.

ilinden22-3

Досега не еднаш е кажано дека македонското иселеништво и неговите асоцијации, како што се македонските црковни општини, прераснало во мошне значаен и позитивен фактор во градењето на добрите и заемни односи меѓу земјите во кои живеат македонските иселеници и Република Македонија.

Македонските православни цркви, културно-уметничките, спортските друштва, женските секции, македонските училишта, радио и ТВ часовите, весниците, списанијата и билтените играат огромна улога за македонските иселеници во прекуокеанските земји. Тие се можност и средство за афирмирање на културните вредности и постигања на македонските иселеници во прекуокеанските земји, но и афирматори на Република Македонија, како нераскинлив и интегрален дел на меѓународната заедница.

Треба да се потенцира дека Македонците во дијаспората претставувале една хомогена целина, веќе афирмирана и често посочувана како пример по својата организираност и активност меѓу  етничките грулации.

Во македонските православни црковни општини македонските доселеници, без оглед на тоа од кој дел на Македонија се дојдени, зборуваат ист јазик, пеат исти песни, играат исти ора, учат на македонски јазик и ги продолжуваат македонските илинденски традиции и обичаи донесени од Македонија. 

Паралелно со создавањето на македонските друштва, цркоаните организации и другите асоцијации, особено по Втората светска војна, македонските доселеници покренале и издавање на иселенички весници, списанија и отворање радио-часови на мајчинјазик, преку кои ги изразуваат целите и задачите на организациите, нивните активности и целокупното живеење, како и стремежите на нивните постигнувања во целина.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top