Дијаспора

Објавена монографијата „Стив Пљакас“ од Славе Катин

stive-pliakes

stive-pliakes

Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје деновиве ја објави монографијата „Стив Пљакас“ од публицистот Славе Катин. Публикација која е на англиски и македонски јазик, на 340 страници, е посветена на името и делото на еден од големите бизнисмени и истакнати општественици од македонско потекло во Канада, Стив Пљакас.

Бизнисменот Пљакас е канадски Македонец роден на 2 јуни 1940 година во селото Зелениче, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американси Држави. Бизнисменот Стив Пљакас е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на македонското многувековно име на Македонците ширум светот, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на националниот и духовниот живот на Македонците во дијаспората.

Во изминатите триесеттина години, тој беше особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија за заштита на македонската вистина. Исто така, тој беше голем промотор за признавањето на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот. Бизнисменот Стив Пљакас остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со настаните и состојбите во татковината и се бори за просперитетна   иднина на Македонија.

Стив Пљакас беше претседател на организацијата „Обединети Македонци“, претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и претседател и спонзор на Комитетот за олимписките игри од Канада. Тој даде значајна финансиска помош за Македонците – олимпијци на Олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носеше македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и беше најсрекниот Македонец во светот.

Стив Пљакас е човекот на кого Македонија му е големата љубов. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, насекаде во светот ја раширил вистината за античка Македонија насекаде во светот. Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ  кои се смета за потомци на Александат III Македонски (Велики) во Пакистан.

Меѓу другите активности во новата средина во Канада, бизнисменот Стив Пљакас стана  член на масонската ложа во Њу Маркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот.

Македонската заедница во Торонто постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија,  јазик култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада. Затоа со право се вели дека Стив Пљакас ја обедини Македонската заедница во Торонто и пошироко, преку најразлични активности и преку спонзорирање на социо-културни настани. Исто така, тој соработува со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија.

Стив Пљакас е роден во егејскиот дел на Македонија и бил сведок на македонското партизанско движење за слобода. Но, во исто време бил и сведок кога грчкиот фашистички поредок  го направи црното сценарио за да прогони, да ги исели, а со тоа да ги избрише Македонците од својата земја, од своите вековни дедовски корени, а на нивно место да досели православни Турци (Просвиги).

Познатиот македонски бизнисмен Стив Пљакас заедно со својата сопруга Лили ја најдоа и ја почувствуваа слободата, демократијата и вистинскиот слободен живот во Канада. Затоа, тие како посветени канадски жители, се почитувани, познати и признати граѓани на демократското мултикултурно канадско општество. Тоа им даде крилја тие да бидат големи хуманисти, донатори намногу важни национални и културни манифестации во Канада и Соединетите Американски Држави каде живеат и работат многубројни Македонци од сите делови на Македонија.

Стив Пљакас долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците  во  соседните  земји  со  спонзорирање на социо-културолошки настани. Неговата покојна сопруга Лили и тој особено се грижеја за своите сонародници во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците од Мала Преспа и на други места ширум светот. Притоа, донирале средства за хуманитарни и други организации во Република Македонија, меѓу кои и апарат за дијализа. Спонзорирале информативни гласила, портали, организации, цркви и друг вид асоцијации во неговата родна земја и насекаде во светот каде живеат Македонци. Тие се сопственици на големиот и единствен трговски центар „Македонија“ во Њу Маркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

„Македонска нација“

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top