Дијаспора

ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

makedon

makedon

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и секретријатот на Петтата светска средба на децата бегалци оствари средба со претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов.

Делегацијата го запозна на претседателот на Републиката со подготовките за Петтата светска средба на децата бегалци што ќе се одржи на 30 јуни и 1 и 2 јули годинава и во таа прилика му предаде Програма.

Делегацијата му ја пренесе на претседателот на Републиката загриженоста поради најава за организација на паралелна Петта светска средба на децата бегалци под покровителство на премиерот, без согласност на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

Делегацијата изрази подготвеност за надминување на недоразбирањата и упати јавен повик сите да се приклучат кон Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

– Се надеваме дека Петтата светска средба на децата бегалци ќе ја одбележиме достојно, прокламирајќи мир и љубов, било да не се повтори, – рече претседателот на Одборот на Петтата светска средба на децата бегалци, ликовниот сликар Коле Манев.

– Додека сме живи ние, жртвите од Граѓанската војна во Грција, откорнати од своите родни огништа како деца бегалци, никој не може да ни ја одземе организацијата на Петтата светска средба на децата бегалци во оваа јубулејна 70 годишнина од голготата во 1948 година, – рече претседателот на Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци, Ташко Јованов.

Претседателот на Републиката изрази надеж за надминување на недоразбирањата и организирање на една и единствена Петта светска средба на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција.

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top