Дијаспора

Голем протест на МАКЕДОНЦИТЕ во Канбера, Австралија

protest-kambera-1

protest-kambera-1

Жаклина Михајлова

На протестот присуствува околу 5000 преставници на македонските заедници од Канбера, Квинбијан, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Волонгонг, Њукастел, Аделаид и од други градови во Австралија.

Македонците сите заедно, сложно, гласно и јасно порачаа дека треба да се прекине со разнебитувањето на Македонија, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

protest-kambera-2

„Денеска сме собрани овде,пред Амбасадата на Република Македонија во Канбера, Австралија, за да го покажеме нашето заедништво и единство, нашата цврстина како Македонци, со единствена цел- да ги промовираме интересите на Македонците, да се изјасниме за нашите човекови права, овде сме за да бидеме чуени, да се чуе нашиот глас!“, истакнаа водителите на програмата Стивен Каранфиловски и Жаклина Михајлова.

На собирот говореа: Стивен Каранфиловски, Жаклина Михајлова, Елизабета Богдановска, Петре Крстевски, Сузана Митева, Жарко Петрески и Роза Томеска.

protest-kambera-3

Од собирот беше испратена Декларација до Претседателот на Република Македонија, до пратениците во Парламентот во Македонија и до Владата на Република Македонија. Преставници на македонската заедница го посетија Амбасадорот на Македонија во Австралија, Господинот Веле Трпевски и му ја предадоа Декларацијата,која тој, официјално, по  дипломатски пат ќе ја проследи во Македонија.

Во Декларацијата македонската заедница од Австралија, детално беа поставени барања до Претседателот, Собранието и Владата на Македонија, со кои, меѓу другото, се бара безусловно да се прекинат разговорите и преговорите за името на државата, да се отфрли законот за употреба на јазиците, со кој што се редефинира унитарноста и државноста на Македонија, да се ослободат од затвор и притвор сите осудени од случувањата на 27 април 2017,  да се укине притворот за Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец. Македонците  од Австралија, побараа македонските епископи да го повлечат барањето за прифаќање на Бугарската црква за мајка црква, зашто тоа е не канонско и е антиисториско.

protest-kambera-4

„ Ние, Македонците во Австралија, ќе ги користиме сите дозволиви средства, секогаш, секаде и пред секого, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!“ , потенцираа македонците во Декларацијата испратена од овој протест.

На собирот беше најавено дека следниот голем протест, како дел од светскиот протест на Македонците, ќе се одржи во Сиднеј, на 4-ти март. Тој ден ќе се одржат истовремено протести во поголемите градови во светот !

protest-kambera-5

Се очекува на улиците во  центарот на Сиднеј да масовно да излезат Македонците, кои ќе го дигнат својот глас за своите елементарни човечки права! Бидете и вие дел од овој Протест!

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top