Дијаспора

Најголемиот ден „Илинден“ кај Македонците во Австралија (24)

ilinden24-1

ilinden24-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Македонското културно уметничко друштво „Илинден” од Рокдеил, предградие од Сиднеј, каде што живеат над дваесетина илјади Македонци, е едно од најстарите и најактивните македонски друштва на петтиот континент. Тоа работи во составот на МПЦО „Св. Петка”, а во него досега членувале околу 2.000 млади играорци, музичари, пејачи и други ентузијасти.

Во изминатиот период КУД „Илинден” учествувало на бројни етнички фестивали, црковни и други манифестации и било достоен амбасадор на македонската игра и песна. Повеќе пати гостувало во Република Македонија и учествувало на бројни манифестации со постигнати видни резултати. Македонското културно-уметничко друштво „Илинден” го прослави своето пет децениско постоење, исполнето со стотици успешни концерти, со многубројни награди и признанијаи со толку многу овации и аплаузи за успешната изведба на богатиот македонски национален фолклор.

Ова значајно македонско друштво, за кое со право се вели дека е ороводник меѓу бројните културно-уметнички друштва во државата Нов Јужен Велс, е формирано на 26 ноември 1966 година од група Македонци, ентузијасти, кои преку орото, песната и музиката ја изразуваат силната љубов кон родната земја.

Почетокот не бил лесен. Друштвото работело во тешки услови, меѓутоа желбата за организираност и афирмација на македонскиот фолклор била голема. Се започнало со организирање на игранки, прослави и други свечености на кои се афирмирале младите фолклористи. Подоцна во состав на Друштвото се основапе драмска и фудбапска секција, кои имапе за цел да ги опфатат младите Македонци да се приклучат во севкупното живеење на доселениците од Македонија.

Со изградбата на македонската православна црква „Св. Петка” во ноември 1976 година, Друштвото „Илинден” навлегло во една нова фаза: се формирал Одбор од голем број активисти задолжени во црковната општина и кои решиле тоа да биде во состав на Црквата.

Денес КУД „Илинден” кое работи при црковната општина „Св. Петка” е носител на најголемиот број активности во Рокдеил и пошироко. Многубројните членови на најдостоен начин го презентираат македонскиот фолклор пред македонските доселеници и другите етнички групации кои живееат во мултикултурна и демократска Австрапија.

Друштвото настапува на бројни фолклорни фестивали меѓу кои заслужува да се споменат. Така, тоа настапи на Етничкиот фолклорен фестивал „Квантас” што се одржа на 6 јуни 1991 година во познатата светска куќа „Опера Хаус” под покровителство на Владата на Нов Јужен Велс.

На овој и слични концерти КУД „Илинден” достојно го презентираше македонскиот фолклор, со другите етнички групи што живеат во Австрапија. За успехот на фестивапот КУД „Илинден” е рангирано во таканаречената „Златна група”, за што и доби парична награда.

ilinden24-2
Од прославата на 50-годишнината на КУД „Илинден“

„ИЛИНДЕНСКИ ПОЗДРАВ” (1980) – ПЕРТ

Летокот, односно изборот „Илинденски поздрав“ е отпечатен во Перт во август 1980 година, на 14 страници (формат 20 х 33 см,) со исклучок на неколку текстови на македонски јазик, а поголемиот број се фотокопии и дадени во оригинал на англиски јазик. Цената на чинењето е 50 центи. Тој е отпечатен како „Илинденски поздрав” – 1903-1980 година, на чија насловна страница се поместени фотографии од Никола Карев, Гоце Делчев, Кочо Рацин и Никола Вапцаров.

На втората и третата страница е поместен текст под наслов „Илинденски поздрав до македонскиот народ, а Македонија е предмет за дискусија на светската сцена”. Во текстот се вели дека еден дел од светските политичари жилаво се заинтересирани за македонското национално прашање и продолжува:

„Искрено веруваме дека светското мислење е од големо значење за афирмација на еден поробен народ, а за македонскиот народ тоа значи уште повеќе. Тука треба едно да ни биде јасно и чисто, оти и мислењето, желбите и мислите на македонскиот народ, како и неговото достоинство во борбата за национална слобода, афирмација и   обединување, се и ќе бидат решавачки фактор во тој однос”.

ilinden24-3
Перт

Исто така, во продолжение, покрај другото. се вели: С.Р. Македонија од своето создавање во 1944 година има постигнато огромни успеси, во борбата за национална афирмација и за признавање на националните права на македонската нација. Но, да се добие национална слобода за самиот македонски народ Републиката треба да се бори за целиот македонски народ ширум светот”.

Изборот на материјалите во „Илинденски поздрав” е на англиски и во оригинал. Така, на четвртата страница е поместен текстот на „Вашингтон пост” (Washington Post) од 11 мај 1979 година под наслов „Македонија се враќа од минатото како субјект на дипломатијата”. На пет страници е поместен текстот „Советскиот фактор на македонската разврска“, објаѕен во „Срвеј” (Ѕипvеу) журнал за источни и западни проучувања. вол. 24 6р. 3 (108) од Оксфорд.

Потоа текстот под наслов „Кој треба да ја има Македонија” објавен во весникот „Обсервер” (Оbѕеrvег) од 30 јули 1978 година”, текстот „Прашање што ги вознемирува границите”, објавен во весникот „Западен Австралијанец” (West Australian), од 21 април 1979 година и други текстови.

Исто така, во него се поместени текстови за Илинден, илустрирани со фотографија на Гоце Делчев, и за трагичната смрт на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, како и информацијата за антимакедонската пропаганда во Грција во која, покрај другото се вели дека таа лропаганда се пренесува во Австралија и дека претставува директен напад врз официјаланата мултикултурна политика на петтиот континент.

„МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК” (1986) – МЕЛБУРН

Во гласилото „Македонски илинденски весник“ од Мелбурн има наслови  поместени и на англиски јазик. Од изворните текстови, пак, треба да се истакне оној што се однесува на црковниот живот и активностите на Македонската православна пштина и црква „Св. Ѓори”. Поголемиот број текстови на македонски и англиски јазик се преземени од весници и списанија што се печатат во Републиката, а кои се однесуваат на реагирањата во средствата за јавно информирање против антимакедонската пропаганда во Грција.

Исто така во весникот е отпечатена и Резолуцијата од масовниот собир на Македонците во Мелбурн, одржан на 3 август 1975 година, која се однесува на грубото и неосновано негирање на постоењето на Македонците во Пиринска Македонија и воопшто во Бугарија, испратена до партиските лидери и до Владата на Бугарија, а содржи и други вести и информации.

Во изминатите шеесетина години македонските радио часови биле и се извор на информациите за Илинден, Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ. Тие се неодминливи информатори за сите историски настани и заслужуваат посебно место во прославата на Илинден 1903-2003.

ilinden24-4

Меѓу првите етничи радио-програми во Сиднеј е македонската. Македонскиот радио-час започнал да се емитува на 13 јули 1975 година на Радиостаницата 2 ЕА во Сиднеј, кога првпат се слушнал македонскиот збор и песната на тие простори.

Во рамките на етничкото радио, покрај јазиците на другите народи во Австрапија, одекнала македонската песна. Со тоа австралиските власти им дозволија на македонските доселеници во рамките на експерименталната програма сами да подготвуваат пригодни емисии.

Втората радио-програма била емитувана на 3 ав-густ и се повторила трипати во траење од по два часа. Започнала во 8 часот, а била посветена на најголемиот празник на македонскиот народ – Илинден. Исто така, во Перт, секоја недела се емитуваше радио-часот на Македонското културно-уметничко друштво „Илинден”.

Денес во Австралија има десетина радио – часови на македонски јазик, кои се вистински информатори и афирматори на илинденската елопеја на илинденската вистина и на Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top