Дијаспора

Информативни гласила со името „Илинден“ на „Обединети Македонци“ од Канада (26)

karta-makedonija

karta-makedonija

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Организацијата “Обединети Македонци” е прва национална институција во македонската дијаспора која ги собра Македонците од Торонто и пошироко од Канада и САД, а кои потекнуваат од сите делови на Македонија да се организираат на национална основа. Во историјата на оваа организација е забележано дека во педесетите години од минатиот век се појави група Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија, која имаше за цел да формира самостојна национална македонска организација. Притоа, беше поставено и прашањето за зачувување на македонскиот национален идентитет, како и обединување на македонските доселеници во Канада и пошироко

Првиот чекор, во оваа смисла, беше направен на пикникот во 1958 година, кој има посебно значење во националниот живот на Македонците во Торонто и пошироко. Тој претставува прв значаен симбол на иселеничкото единство на Македонците од етничка Макеонија. Меѓутоа, 28 април 1959 година е запишан со златни букви.  На тој ден се одржа историската Конференција, кога беше прифатен Уставот и беше донесено решение за формирање на македонската национална организација “Обединети Македонци”.

Во продолжение ги претставуваме информативните гласила на организацијата „Обединети Македонци“ од Канада.

„ИЛИНДЕНСКИ ПИКНИК” („ILINDEN PICNIC“) (1967- 1978) ТОРОНТО

По повод стогодишнината на Канадската федерација (1867 – 1967), Организацијата „Обединети Македонци – Канадски комитет” издале посебен весник под име „Илинденски пикник”, посветен токму на Илинденскиот пикник што се одржал на 30 јули 1967 година, отпечатен на македонски и на англиски јазик, на 8 страници голем формат (41 х 58 см.).

Лево на клишето од главата на весникот „Илинденски пикник” е амблемот на „Обединети Македонци”, кој се состои од три факели, под кои стои „Егеј, Вардар и Пирин”; а од десната страиа, знакот на Канадската федерација. Не е назначено кој го уредувал, што е вообичаено кај гласилата на оваа организација, но познато е дека го уредиле членовите на „Обединети Македонци”.

На првата страница е поместена фотографијата на Гоце Делчев и сите потребни информации за одржувањето на ликникот во месноста Граит Ривер Парк. Во продолжение следат материјали од историјата и културата на Македонија и македонскиот народ, обично позајмени од гласила што излегуваат во Република Македонија.

ilinden-toronto-2017
Од прославата на Илинден во Торонто во 2017 година

Од изворните текстови посебно место е посветено на Резолуцијата испратена од МПЦ „Св. Климент Охридски” од Торонто до архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската православна црква г.г. Доситеј, со која се бара прогласување автокефалност на Македонската православна црква.

Во 1970 година повторно излегува ѕесникот „Илинденски пикник”, на ист формат и број страници како и претходниот. Овојпат на главата од овој број од левата страна е поместен амблемот на Канада. Исто така, на првата страница е ликот на Гоце Делчев кој постојано е присутен во сите следни броеви, а има и бројни информации за Илинденскиот пикник.

По повод Илинденскиот пикник од 30 јули 1972 година беше отпечатен уште еден број, на формат 43 х 58 см., на чие клише од главата на англиски јазик стои „Обединети Македонци од Северна Америка”, под тоа „Гранка Торонто”, а под тоа „Илинденски пикник”. Од левата страна е поместено знамето и грбот на Македонија, а од десната знамето на Канада, додека во средината е амблемот на „Обединети Македонци”.

Следи фотографијата на Гоце Делчев, а од двете страни списокот на имињата на македонски села и градови, со посебна нагласка на Егејска Македонија, додека на долниот дел се поместени информации за одржувањето на пикникот. Овој број е отпечатен на 8 страници и претставува „терк” за идните броеви, со насочување Македонците во Канада што поцелосно да бидат информирани, особено за прашањата од национален интерес.

Во гласилото „Ипинденски пикник” од 1973 година на првата страница се дадени фотографиите на шест попознати илинденски дејци. Потоа на англиски јазик е објавен Правилникот (Конституцијата) на „Обединети Македонци” од Северна Америка, текст со фотографии по повод 70-годишнината од смртта на Гоце Делчев, како и други позајмени историски материјали.

Во 1974 година весникот е сличен како претходните броеви, но на 10 страници, а на клишето на главата додадена е етничката карта на Македонија. Покрај големиот број материјали, посебен простор е посветен на изворните информации за активностите на македонските доселеници во Торонто, особено во МПЦ „Св. Климент Охридски”, каде што се одржуваат бројни манифестации и претставува средиште на целокупниот живот на Македонците во Торонто и пошироко.

Следниот број на  „Илинденски пикник” за август 1975 година е отпечатен на 12 страници. На клишето од главата лево е етничката карта на Македонија, а десно амблемот на „Обединети Македонци”. Покрај другите материјали и информации, има и позајмени од „Македонска ревија” (Macedonian Review) и од други информативни гласила, како и бројни фотографии од поранешните пикници, честитки и рекламни материјали.

По повод илинденските празници во 1976 година, отпечатен е уште еден број на весникот „Илинденски пикник” на 10 страници. Вообичаено, на првата страница е поместена програмата и други информации за одржувањето на пикникот, а посебен простор е посветен на текстот за војводата Васил Чакаларов и картата на Македонија од 1770 година. Во продолжение се поместени текстови за македонскиот литературен јазик, за првото училиште во Леринско и   за историјата на Македонија.

Весникот „Илинденски пикник” отпечатен 1977 година е еден од побогатите со материјали. На 12 страници содржи материјали позајмени од други гласила, потоа Резолуцијата на Обединетите нации, за почитување на човечките права на Македонците во Бугарија и Грција,како и  Крушевскиот манифест и текст по повод десет годишнината од автокефалноста на Македонската православна црква.

По повод 75-годишнината на Илинденското востание, во август 1978 година се појави специјално издание на „Илинденски пикник”, кој е идентичен на претходните броеви. Овој број е отпечатен на 16 страници и обилува со бројни историски материјали, за Гоце Делчев, Крушевската Република и друго.

 Посебен простор е посветен на текстот за Виничката трагедија, за Македонската православна црква и за манифестацијата „Недела на македонската култура” што се одржа во Торонто, потоа пригоден текст за Канадско-македонското место (Старски дом), а неколку страници се исполнети со честитки и рекламно-пропрагандни материјали.

Овој е последен број под ова име.

ilindenski-vesti

„ИЛИНДЕНСКИ ВЕСТИ” (1970- 1971) – ТОРОНТО

Во 1970 година Организацијата „Обединети Македонци од Северна Америка” издаде еден број во вид на билтен, односно предконгресно издание по името „Илинденски вести”, кое е печатен на среден формат 21,5 х 27,5 см., на 8 страници, на англиски јазик, а со текстови и на македонски јазик.

На првата страница е амблемот на „Обединетите Македонци“, а потоа преамбулата на организацијата. Во билтенот има материјал за Конвенцијата на „Обединети Македонци”, гранка Хамилтон од минатата година, како и Резолуцијата за човечки права.

Вториот број е отпечатен истата година на 12 страници. Во него покрај текстовите за Организацијата и за фудбалскиот клуб „Македонија” од Виндзор, на две страници се поместени два материјали на грчки јазик, кои се однесуваат на пишувањето на грчкиот печат за Македонците. Вакви текстови се среќаваат и во третиот број, кој е отпечатен на шапилограф и на 8 страници.

Следниот број на „Илинденски вести”, за 1971 година по повод Илинденскиот пикник се појавил на 4 страници (формат 28 х 43 см.). На првата страница се дадени поголем број информации за пикникот од 25 јули 1971 година, како и три фотографии од Гоце Делчев, Никола Карев и Даме Груев.

Во продолжение има фотографии од Ѓорче Петров, Питу Гули и Јане Сандански, текст од Блаже Конески за Македонија во советскиот учебник по историја, информација од минатогодишниот пикник за Илинден, а се поместени и рекламно-пропагандни материјали. Тој е на пониско и техничко и содржинско ниво од претходните.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top