Дијаспора

Илинден – симболот на „Обединети Македонци“ од Канада (27)

kanada27-1

kanada27-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Канада се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе темелно традиционални.

Илинденските празнувања на американскиот континен имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, особено кај средствата за информирање.

kanada27-2

„ИЛИНДЕН” (1974) – ТОРОНТО

Весникот „Илинден” еспецијално издание отпечатено ло повод илинденските празнувања одржани во Торонто на 4 август 1975 година Тој е орган на „Обединети Македонци” и ги изразува целите, задачите и активностите на македонската заедница. Се печати на македонски јазик на 8 страници, среден формат ( 28 х 42 см.). Не е наведено кој е главен и одговорен уредник, освен дека бројот технички го уредил Герман Казаков, чие име стои на главата на весникот „Илинден 1974″.

На првата страница од весникот е поместена фотографија од Илинденскиот пикник (снимена од висина, веројатно од авион) на која се дадени моменти од одржувањето на пикникот. Централно место има текстот под наслов „Во срцето на македонскиот иселеник”, кој продолжува и на втората страница.

Во продолжение се поместени лригодни текстови и говорите на делегацијата од Македонија, во состав Живко Василевски, претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Наум Пејов, потпретседател на Матицата и Крсте Секуловски, претседател на Собранието на општина Ресен, кои допатуваа специјално по повод Илинден. Потоа се дадени говорите на Џим Сандерс, првиот претседател на Организацијата „Обединети Македонци”, на тогашниот секретар на организацијата Михајло Николовски – Мајорчето и на Тели Мориовче, претседател на МПЦО „Св. Климент Охридски” од Торонто.

Следи текстот под наслов „Чудно но вистинито” кој се однесува на Крушевскиот манифест, потоа фотографија и текст за приемот на Фудбалскиот клуб „Вардар” од Скопје, кој беше гостин во Канада и ја посети општината Ист Јорк, а се дадени и други информации. Во весникот „Илинден”  скоро сите текстови се дополнети со фотографии, кои ги збогатуваат содржините.

„ИЛИНДЕНСКИ ЗБОР“ (1989) – ТОРОНТО

По повод илинденските празници во Канада, во Македонската православна црква „Св. Илија” излезе од печат еден број на весникот „Илинденски збор”. во Мисисага. Тоа е периодично гласило за јули – август 1989 година, печатено на 8 страници, среден формат (19 х 34) на македонски јазик со кирилско писмо, а има текстови и на англиски јазик.

Не се наведува кој го печати ни каде, но од содржината може да се заклучи дека, покрај црквата, веројатно учествувале и членови на Организацијата „Обединети Македонци” за Северна Америка, односно еден нејзин поранешен огранок.

На првата страница од весникот е програмата на Илинденскиот пикник на 6 август и манифестациите поврзани со Илинденските празници, односно одржувањето на Комитската вечер, банкет вечерата и игранката, концертот и др. Втората страница е посветена на изградбата на вториот македонски црковен дом во Торонто „Св. Пророк Илија” во предградието на Торонто, Миссисага.

kanada27-3

Потоа на англиски јазик следи текстот за „Обединети Македонци од Северна Америка” и преамбулата од Уставот на Организацијата. На двете последни страници е поместен текстот под наслов „За Илинден, за Гоце, за слободата, за страданијата и подемот”. Овој број содржи и голем број честитки од Македонци во Мисисага. 

„МАКЕДОНСКИ ГЛАСНИК  (1999) ТОРОНТО

По повод илинденските празнувања во Торонто, во 1999 година организацијата „Обединети Македонци” од Канада го отпечати весникот „Македонски гласник”. Тој е печатен на среден формат, на 36 страници, на англиски и на македонски јазик. Весникот е исполнет со текстови кои се однесуваат на историските собитија кај Македонците пред и по Илинден.

Така, меѓу другото, во него се дадени текстови за првиот македонски Илинден – Битката кај Херонеја на 2 август 338 година пред н.е., како прв Илинден,  вториот Илинден 1903 година, самородното дело на македонскиот народ и третиот Илинден 1944 година – АСНОМ, темелникот на новата историја.

Исто така, во првиот број на весникот „Македонски гласник”, на македонски и на англиски јазик се поместени голем број текстови од историјата на македонскиот народ и држава, потоа текстови од животот и активностите на организацијата „Обединети Македонци” и од црковното живеење на македонските доселеници.

Весникот „Македонски гласник” излегуваше секој месец. Тој е еден од најдобрите македонски весници во иселеништвото што се печати и на англиски јазик. Весникот на „Обединети Македонци” е гласило на вистината за Македонија и за активностите на Македонците во Канада и пошироко. Важен момент во одбележувањето на Илинденските прослави во организација на „Обединети Македонци”, е одржувањето на  Илинденскиот фудбалски куп, кој веќе е традиционален.

kanada27-4
Членови на „Обединети Македонци“ во Вашингтон

Сите македонски фудбалски клубови се натпреваруваат за освојување на Илинденскиот трофеј, кој го доделува организацијата „Обединети Македонци”, како покровител на купот. Пехарот на победничкиот тим му се предава за време на одржувањето на Илинденската академска вечер, од страна на претседателот на „Обединети Македонци”.

Во 1979 година прослави за Илинден беа организирани во повеќе македонски колонии во странство. Особено значајни манифестации беа изведени по македонските црковни општини, кај бројни спомагателни селски и околиски друштва кои како први македонски асоцијации постојат и дејствуваат во разни краишта на американскиот континент.

По традиција централната илинденска прослава се одржува во големата канадска метропола Торонто. Македонските радио-часови во Торонто во квечерината на Илинден емитуваат празнични програми. Македонскиот ТВ час „Македонски дневник” 4 недели пред Илинден исполнува илинденски репертоар. Специјално илинденско издание објави и весникот на „Обдинети Македонци” „Македонски глас”, а на 2-ри август, во културните простории на црквата „Св. Климент Охридски” се прожектирани филмови со илинденска тематика.

Одбележувањето на илинденските празници претставува уште еден доказ повеќе дека Македонците од сите делови на Македонија кои свиле гнездо во оваа далечна и демократска земја стануваат се попознати и признати од канадското општество. Со своите активности, пак, од национален карактер, со својот фолклор, песната, орото, културата и другите национални обележја, претставуваат сеʼ позначаен дел од мозаикот на мултикултурна Канада и мост на зближувиње и соработка меѓу Канада и  Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top