Дијаспора

ВО ФЛОРИДА ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

stive-pliakes

steve-pliakes

Во организација на Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида на 18 март 2018 година, се одржа промоција на монографијата за познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, Стив Пљакас. Делото, за кое се рецензенти: Академик Антоније Шкокљев-Дончо и Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј автор е публицистот Славе Катин. Публикација е на англиски и македонски јазик, на 340 страници и е посветена на името и делото на еден од големите бизнисмени и истакнати општественици од македонско потекло во Канада, Стив Пљакас. Пред голем број Македонци од сите делови на Македонија, монографијата ја промовираше Лена Гоговкса.

Промоторот Лена Гоговска меѓу другото рече дека бизнисменот Пљакас е канадски Македонец роден во селото Зелениче, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американси Држави. Тој е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на многувековното име на Македонците ширум светот, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на духовниот и националниот живот на Македонците во дијаспората.

Во изминатите триесеттина години бизнисменот Пљакас и неговата покојна сопруга Лили беа големи промотор за признавањето на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот. Стив остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со настаните и состојбите во татковината и се бори за просперитетна   иднина на Република Македонија.

Стив Пљакас беше претседател на организацијата „Обединети Македонци“, претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и претседател и спонзор на Комитетот за олимписките игри од Канада. Плљакас бил и пратеник во Општината Њумаркет. Тој даде значајна финансиска помош за Македонците – олимпијци на Олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носеше македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и беше најсрекниот Македонец во светот.

Меѓу другите активности во новата средина во Канада, бизнисменот Стив Пљакас стана  член на масонската ложа во Њумаркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот. Тој постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија,  јазик култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада.

Стив и Лили Пљакас се сопственици на големиот и единствен Трговски центар „Македонија“ во Њумаркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

Затоа со право се вели Стив Пљакас ја обедини Македонската заедница во Канада, САД и пошироко преку најразлични активности и преку спонзорирање на различни социо-културни настани. Исто така, тој соработува со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија, вели авторот Славе Катин.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top