Дијаспора

ВИСТИНСКИ АМБАСАДОР НА ПИШАНИОТ ЗБОР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈА

savo-kostadinovski-kniga

По повод 25 години активно членство и соработка, Сојузот на германски писатели му ја доделуваа оваа ПОЧЕСНА ПОВЕЛБА на писателот Саво Костадиновски, во знак на благодарност и признание за досегашната меѓусебна соработка.

Писателот Саво Костадиновски половина век живее во Германија, земја која со право ја смета за негова втора јазична татковина, па како дводомен автор пишува на македонски и на германски јазик. Овде, во оваа земја, тој се оформи, се издигна како добар автор, лиричар. За тоа сведочат неговите објавени дела: „Литературно ателје“ од Бон, романот „Трите века“, збирките раскази „Роден крај со срце“ и „Бисера и Филип“, како и неговите бројни книги со поезија за возрасни објавени двојазично, на македонски и на германски јазик, во Македонија.

Сето ова сведочи за тоа колкава е неговата поврзаност со родната татковина и со татковината во која тој сега живее. Еден живот во две средини не е едноставно да се живее, но на многумина писатели таков живот им годи за да живеат уметнички, инспиративно, црпејќи од различни теми. Резултатот е тоа што на почетокот од оваа 2018 година писателот Саво Костадиновски објави еден том збирка со поезија за млади и возрасни со вкупно 81 збирка. Со објавувањето на овој том, тој се вброи во најпродуктивните автори со објавени над 100 книги со поезија и проза за млади и за возрасни.

Неговата долгогодишна соработка со Сојузот на германски писатели преку промоции на книгите, преку средбите и разговорите, читањата, настапите на разни други пригоди, послужи да се зближат нашите две култури, македонската и германската, и токму поради тоа ние, Германците, го сметаме за вистински Амбасадор на пишаниот збор меѓу Македонија и Германија. Освен ова, писателот Саво Костадиновски е носител и на други награди и признанија кои му се доделени и во Македонија и во Германија.

Превод : Тереза Ројб

Лектор:  Дијана Петровска

savo-kostadinovski-kniga

savo-kostadinovski-kniga-2

БЕЛЕШКА ЗА ПИСАТЕЛОТ САВО КОСТАДИНОВСКИ

Саво Костадиновски e мaкeдонски и германски поет, раскажувач,patopisec,писател за деца и возрасни, прepejuвач. Роден на 30 мај 1950 год. во село g.Ботуше – Македонски Брод, Maкeдонија. По катастрофалниот земјотрес во 1963 год. во Скопје, живее надвор од границите на Македонија. Во 1971 се доселува во Германија. Вишо техничко училиште завршил во Келн, во градот каде што од 1973 год. постојано живее. Како дводомен автор пишува лирика и проза за деца и за возрасни на македонски и на германски јазик. За неговите книжевни дела е наградуван и преведуван на повеќе јазици. Застапен е во избори, лексикони, антологии во Македонија и во Германија. Активен член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на германските писатели.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top