Дијаспора

Иселенички собири во Трново, Битолско и Љубојно во Преспа (33)

ilinden33-1

ilinden33-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во Трново, на 2 август 2003 година, како и триесет и една година пред тоа, на Илинден се одржа традиционалниот иселенички собир. Импозантен беше бројот на дојдените Македонци, собрани на едно место од сите светски меридијани. Претесен беше атарот на црквата „Св. Богородица”,во селото Трново, недалеку од градот на конзулите Битола, во чиј двор се одржува Илинденската прослава, која ги прима сите оние кои сакаат да присуствуваат на таа иселеничка средба и на тие видувања, средби и разделби. Реката луѓе почнува да пристига уште во утринските часови во тоа живописно и прекрасно пелистерско село, потонато во зеленилото и ладовината на моликата, под убавиот Пелистер.

За одбележувајне е тоа што црква „Св. Богородица“ во делото Трново, Битолско е изградена во 1837 година , но истата како и поголемиот дел од селото за време на Првата светска војна, поточно на крајот од 1916 година е разурната до темел .Селото по 1919 година повторно се населува, а во 1926 година се започнува со реконструкција на црквата. Во дворот на црквата се одржуваат средби на иселениците од целиот свет, како и на Македонците протерани од дедовската земја, Егејска Македонија.

Инаку, “Иселеничката средба“ во селото Трново за првпат е одржана во 1971 година во организација на Матицата на иселениците од Македонија, а „Пограничната средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“ за првпат е одржана во 1981 година во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола.

Од 1998 година “Иселеничката средба“ се преименува во „Светска македонска иселеничка средба“ во организација и на Светскиот македонски конгрес, а во 2014 година средбите се обединуваат во името „Семакедонска средба“, во организација на: Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејска Македонија и  Светскиот македонски конгрес.

Секоја година Собирот се закажува на големиот празник Илинден, во 10 часот, меѓутоа, многу пред тоа пристигнуваат голем број гости кои го исполнуваат просторот околу црквата „Света Богородица“. Се среќаваат луѓе дојденци, иселеници од сите делови на Македонија невидени со години.Тогаш прегратките траат долго и се силни, чувствителни, братски, притоа тие  понекогаш не можат да се одделат, а се случува и тоа често да капне и по некоја печалбарска солза.

Програмата што се подготвува се состои од поздравни говори од видни личности од Република Македонија, од егејскиот и пирински дел како и од Мала Преспа и други делови на Албанија  и други места каде живеат Македонци насекаде во светот, а особено од прекуокеанските земји Австралија, Канада, САД, Европската Унија и други земји. Потоа, настапуваат културно-уметнички друштва, фолклорни групи, пејачки групи, а свои стихови читала и поети од дијаспората. По официјалниот дел од програмата, веселбата продолжува сеʼ до доцните попладневни часови со звуците на македонската народна песна и оро.

ilinden33-2
МПЦ „Св. Богородица“ во Трново

Може да се забележи дека иселеничките средви се место за средби и разделби. Но со право се вели дека нашите иселеници се македонски амбасадори и конзули, кои придонесуваат да се чуе вистината за Македонија на сите меридијани и помогаат да се издржат сите притисоци врз нашата држава, Република Македонија. Со право се вели дека Македонците ширум светот се нераскинлив дел од македонскиот народ и од македонската грутка и, поради тие причини неопходно е да не се дозволат нови поделби меѓу нив како што ги имаше во минатото.

Исто така, со право се вели дека Македонците  не треба да се делат по тоа кој од кој крај на Македонија потекнува, тие не треба да се делат на Вардарци, Егејци, Пиринци, да не се дозволи иселениците да се делат кој на која црковна општина припаѓа. Исто така да не се дозволи партиските делби да се пренесат и во туѓина. Македонците треба да се единствени, само Македзици што не ја заборавиле татковината и родната грутка. Така тие најдобро ќе му помогнат на својот народ и на својата мајка – Македонија.

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Тој е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Трново и Љубојно да е најубави, највесели и најпривлечно.

ilinden33-3

Исто така на Илинден и во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што дошле за Илинден во убавата Долна Преспа. на Илинден во Љубојно се собираат неколку илјади иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени и Крани, како и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Со големиот народен собир што се одржува во долно-преспанското село Љубојно, 2 август во исто време претставува главен настан за жителите од Преспа и централна прослава на националниот празник на македонскиот народ во Ресенска општина и пошироко.

Така, по повод 100-годишнината од Илинденското востание, 110 години од формирањето на ВМРО и 100-годишнината од смртта на Гоце Делчев, големиот син на македонскиот народ, на чествувањото на јубилеите во 2003 година присуствуваа неколку илјади жители од Преспа, гости, туристи, посетители од Беломорска Македонија и од Албанија, како и бројни иселеници од прекуокеанските и Европската Унија (западноевропските земји). Се чини дека оваа средба беше најмасовна од сите дотогаш.

Празнувањето започна уште на први август, кога на големиот асфалтиран центар во Љубојно се собраа неколку илјади посетители да ги слушнат македонските песни и ора кои се пренесуваа во тој печалбарски крај. Веселбата траеше до доцна во ноќта, а играорни групи се разиграа во центарот на Љубојно и ги кренаа на нозе посетителите кои со одушевување го следеја вечерниот концерт. За овие прекрасни мигови се погрижиле одговорните за средба во Љобојно во соработка со раководството на „Илинденските денови” од Битола, кое секоја година доброволно испраќа по две играорни групи во Љубојно.

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

„Љубанските илинденски иселеничките средби“ се одржуваат во центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно на први и втори август. Тие започнуваат со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на општината Ресен. Веселбата ја збогатуваат младите и полетни играорци.

Затоа средбите се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетител; на Илинден Љубојно добива свечен празничен лик; тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати…

Ако Преспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живеење, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во етничка Преспа и насекаде во светот, настојуваат „Љубанските илинденски иселеничките средби“ и Македонија да бидат вечни.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top