Дијаспора

Илинденски прослави во Сиднеј, Австралија во 1972 година (34)

ilinden34-1

ilinden34-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во 1972 година илинденските прослави во иселеништвото минаa во знакот на одбележувањето на 75-годишнината од Илинденското востание и 34-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Македонските иселеници во прекуокеанските земји приредија низа успешни манифестации. Во Торонто, Детроит, Гери, Чикаго, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Хамбург и други градови, бeа одржани свечени академии, културмо-уметнички приредби со богати програми.

На нив бeше истакнато значењето на Илинденското востание и неговото место во македонската историја. Исто така, беше зборувано за значењето на АСНОМ и за борбата на македонскиот народ за својата слобода. Во посебни осврти беа истакнати успесите што ги постигнала Ре-публиката во повоениот развој.

Исто така, македонската заедница од Сиднеј организираше неколку свечености со кои беа одбележани двата историски чина: Илинден 1903, а посебно 1944 – АСНОМ, кога на дел од националната територија на Македонија беше остварен вековниот идеал за национална и социјална слобода. Така, на 28 јули 1972 година во организација на македонските црковни општини, друштвата и етничките училишта, беше одржана „Македонска илинденска парада”.

Со транспарентите и знамињата, поворката од 2000 лица од Хајд Паркот се упатија кон местото Мартин Плејс каде на споменикот на Незнајниот јунак, тогашниот југословенскиот генерален конзул на Нов Јужен Велс Петар Бошковски и секретарот на црквата. „Св. Петка” од Рогдаел, Кире Циревски, положија свежо цвеќе. Сите присутни, со едноминутно молчење, им оддаја почит на паднатите борци во Илинденското востание и Втората светска војна, кои ги дадоја животите за својата национална и социјална слобода.

ilinden34-2
МПЦ „Света Петка“ во Сиднеј

По извикувањето на познатите пароли за Илинден, АСНОМ и Македонија, започна вториот дел од програмата: КУД „Китка” настапи со „Комитското”, а потоа следеше КУД „Илинден” придружено од ВИС „Илинден” кое се претстави со сплет народни ора од вардарскиот, пиринскиот и огејскиот дел на Македонија. По завршувањето на културната програма, следеше заедничко – братско оро на кое сите се фатија: млади и стари, за да ја споделат истата желба и љубов со својата сакана татковина, Македонија, иако далеку од неа.

Истиот ден (28 јули) вечерта, беа организирани шест приредби посветени на илинденските празници. Во организација на црквата „Се. Петка”, КУД „Илинден”, Просветно-школскиот одбор на Нов Јужен Велс и фудбалскиот клуб „Илинден”, се одржа свечена академија во населбата Рогдеил.

Покрај големиот број посетители, на свеченоста присуствува мошне угледни политички и општествени лица, меѓу, кои: југословенскиот генерален конзул Петар Бошковски, државниот министер за младинска грижа Френк Вока, Бил Морисон – претставник на премиерот на Австралија, Боб Хок, директорот на Стопанска банка, Велко Стојчев и многу други видни личности.

ilinden34-3
КУД „Илинден“ од Сиднеј

Опширен реферат за значењето на празниците прочита Кире Циревски. По повод празникот и како благодарност за дадената подршка на македонската заедница им беа доделени благодарници на: Френк Вока, Бил Морисон, Керол Норт, Џени Луман, Петар Хил, Рон Фула, Петар Бошковски, Маријан Алагиќ, Тоде Кабровски, Велко Стојчев, Јован Кокаловски, Љубинка Андоновска, Живко Нешовски, Јоне Белчев, Митре Дупешовски, Кире Циревски, Џим Трајчевски и Владо Темелковски.

Во вториот дел од програмата, со народни ора и песни настапи КУД „Илинден”, а со посебен рецитап се претстави ученичката Снежана Наумовска од Кабрамата. Во Јагуна, населба каде што живеат голем број Македонци, во организација на КУД „Македонија”, Ф.К. „Македонија” и македонското етничко училиште „11 Октомври”, исто така, на свечен начин беа одбележани двата Илиндена.

Во западниот дел на Сиднеј, во населбата Кабрамата каде се градеше новата црква „Св. Никола”, во организација на Општинскиот одбор и КУД „Македонка” се одржа свечена приредба. Претседателот на одборот Панде Трајковски ги поздравил присутните, меѓу кои беа присутен и тогашниот југословенскиот конзул Божин Николиќ, а секретарот Блаже Ристевски поднесе реферат за значењето на двата Илиндена. Во културниот дел на програмата, двете фолклорни групи на Друштвото настапија со сплет од македонски народни ора, придружени од ВИС „Кочо Рацин”. Армоникашите; Тони Атанасовски, Пеце Ристевски и Ѓорѓи Петревски настапија со своја програма.

ilinden34-4
МПЦ „Св. Кирил и Методиј“ во Сиднеј

Во центрапниот дел на Сиднеј се одржаа три прослави, и тоа во населбите: Њутаун, Темпи и Ботани. Така, во Њутаун, МПЦО. „Св. Кирил и Методиј” во организација со КУД „Св. Кирил и Методиј” од Темпи одржа свечена приредба. По читањето на рефератот за значењето на празниците, КУД „Св. Кирил и Методиј” се претстави со богата културна програма.

Во Темпи исто така се одржа свечена вечер, организирана од КУД „Танец” од Хрствил. Реферат поднесе Благој Поповски (претседателот), а подоцна придружени од ВИС „Билјана“ со сплет од македонски народни ора се претставија КУД „Танец” и КУД „Китка”.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top