Дијаспора

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

ilinden35-1

ilinden35-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Од илинденските свечености и академијата на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, „Свети. Ѓорѓи“ одржана на 7 август 1983 година во просториите на Македонскиот центар во Мелбурн, беше испратен Илинденски поздрав до сите Македонци, во кој, покрај другото, се вели:

,Драги сонародници!

По повод 80-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 80-години од славното Илинденско востание на македонскиот народ против петвековното турско ропство, ние Македонците од Мелбурн, Австралија, собрани во просториите на македонскиот Културно-просветен центар, најсрдечно ве поздравуваме во името на нашата црковна општина, односно првата Македонска православна црква во странство „Св. Ѓорѓи” свечено отворена и осветена на Илинден 1960 година од стрзна на македонски владика во лицето на благопочинатиот митрополит Злетовско-струмички г. Наум.

Исто така, преку вас го поздравуваме сиот македонски народ во слободниот дел на нашата татковина Социјалистичка Република Македонија, како и нашите браќа и сестри во Егејска и Пиринска Македонија, емиграцијата во западниот свет, односно во Европа, Америка, Канада, Австралија, јужноамериканскиот континент, нашата најстара емиграција во НР Бугарија, како и никогаш незаборавените бегалци и маченици од Егејска Македонија во источните земји – жргви на Грчката граѓанска војна.

Браќа и сестри, нашиот Илинден крвно не држи сите заедно и сплотени. Мориња, океани и континенти физички не делат едни од други, а со нашите луѓе во слободниот дел, Егејците и Пиринциге како и тие браќа под Албанија, поделени со злобните граници наложени со криминалните договори склучени во несреќнитегодини за Македонија од времето на Балканските војни, а потоа и од Првата светска војна, на која победниците ја потврдија поделбата на нашата мила татковина”.

ilinden35-2
МПЦ „Св. Богородица и св. Ѓорѓи“ во Мелбурн

Понатаму во поздравот се додава:

„Ние Македонците во Австралија со право можеме да се гордееме со нашиот скромен придонес во сеопштата наша заедничка борба за национална афирмација како и признавањето на нашата самобитност. Во овие заеднички напори на македонската емиграција во Австралија, ние Македонците уште пред 40 години се сплотивме во свои македонски национални организации, изградивме свои македонски цркви, еве сега изградивме и уште ќе градиме импозантни национални центри, отворивме наши македонски училишта и др.

За една стоилјадна емиграција, можеби не сме постигнале достатно, но овде е местото да се каже и тоа: успесите иа емиграцијата во странство многу се должат на победата, што вториот Илинден ја постигна, настан кој, исто така, не помалку е голем и славен како и тој од 1903 година. Кога зборуваме за вториот Илинден, тоа е да се зборува за Република Македонија, за онаа Македонија која АСНОМ на Илинден 1944 година, во просториите на историскиот манастир „Свеги Прохор Пчински” ја прогласи за народна и национална држава.

За да се извојува слобода и да се прогласи Републиката, се положија голем број жртви пред олтарот на слободата и не помалку смели и достојни јунаци влегоа на бојното поле и под знамето на Гоце и во името на Илинден ги водеа партизанските бригади во борбите против окупаторот.

Имињата на Коле Канински, Стив Наумов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Лазар Трповски, Пандо Шиперков, Мирка Гинова, Никола Вапцаров, Антон Попов и Никола Парапунов, се мал број од илјадите жртви на вториот Илинден преку чии славни имиња сакаме да се поклониме пред светата памет на сите борци и покојници од двата Илиндена.

ilinden35-3
Од Илинденскиот фестивал во Мeлбурн

Сонародници, браќа и сестри

Бидејќи горе споменавме за нашите скромни успеси во емиграцијата, редно би било да си поставиме и едно прашање, а тоа е следното: Какви прилики ние како емиграција ќе имавме за сето она што го постигнавме ако не беше нашата Република? Зар ќе имавме Извршен совет и Народно собрание на Скопје? Или ќе ни дозволеа да имаме Институт за национална историја, Академија на науките и уметностите и Институт за македонскијазик?, или ќе можевме во Австралија да имаме 14 македонски православни цркви, или пак ќе одевме да си ги задоволуваме своиге религиозни потреби ло туѓите несакани цркви.

Ете вака речено или со куси зборови кажано во одговорите на овие неколку прашања е дадено да знаеме ние Македонците дека вториот Илинден го постигна она за кое македонскиот народ пред 80-години се дигна на вооружено востание против османлиското ропство.

Фактот што догодина македонската Република ќе ја прослави својата 40-годишнина, треба да ги освести и новите поробители да му ги признаат националните права на македонскиот народ во Егејска и Пиринска Македонија, бидејќи не можеме никој од нас да веруваме дека Грција и Бугарија ќе можат и тие како султанска Турција, да издржат дури 500 години, па тогаш да се решава македонското прашање.

И на крајот драги браќа и сестри во татковината и сите вие во емиграцијата насекаде по светот, од срце ви ги честитаме прославите на 80-годишнината од Илинценското востание, а на нашата Република и посакуваме среќна иднина и среќна 40-годишнина од своето слободно творење, кој јубилеј сигурно ќе биде дочекан и прославен најторжествено од сиот македонски народ како во татковината, така и надвор од неа, до каде што има македонски народ”, се вели во „Илинденски поздрав до сите Македонци“.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top