Дијаспора

Илинденски прослави на „Обединети Македонци“ од Тронто во 1972 година (36)

ilinden36-1

ilinden36-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Прославата на Илинден на американскиот континент посебно 1972 година претставува силно национално движење. Како сеʼ да живееше за тој празник неколку месеци однапред, сеʼ беше во знакот на Илинден во сите градови каде што живеат Македонци. Сите славја, како одржувањето на свечените академии, културно-уметнички и забавни приредби, пикници, спортски натпревари, рецитали, прожектирање на долгометражни македонски филмови, се беше во чест и во знакот на Илинден.

Посебно „македонската метропола”, како што многумина го нарекуваат Торонто, беше најголемата македонска патриотска оаза, чија главна движечка сила беше македонската културно-просветна организација „Обединети Македонци”, која организираше неколку-дневна прослава на Илинден.

На 2 Август 1972 година, денот на Илинденското востание, во културниот центар „Св. Климент Охридски” беше организиран коктел, а потоа присутните гости имаа можност да видат неколку филмови од македонската национална историја. Напладне на 5 август, пред споменикот на незнајниот војник во Торонто, претставници на „Обединети Македонци” положија венец, а истиот ден вечерта, на Илинденската вечер, во концертната сала на црквата „Св. Климент Охридски” беше изведена културно-уметничка и забавна програма, на која учествуваа солисти на народни песни, музичари и рецитатори.

Таа вечер беа претставени и гостите од СР Македонија: митрополитот Кирил со епархискиот секретар Александар Цандовски, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија, Живко Василевски, членот на Претседателството на Матицата Перо Чокревски и уредникот на Радио Скопје, Димче Билјановски.

Најсвечениот дел на прославата беше на 6-ти август, на грандиозниот Илинденски пикник во Интернационалниот парк. Осамна сончев, неделен ден и небото над Торонто блескаше во синевина. Веќе од 6 часот наутро почна да тече непресушната река автомобили во зелените ливади и шуми на Интернационалниот парк, која до 3 часот попладне не престануваше. „Обединети Македонци” можеја да бидат задоволни, зашто ова беше една од најуспешните прослави на Илинден; се собраа ловеќе од 20 илјади Македонци од сите делови на Македонија и нивни канадски пријатели.

ilinden36-2
Македонски владици и свештеници во „Св. Климент Охридски“ vo Toronto

Беше тоа една спектакуларна голема сцена, глетка која возбудуваше во својата масовност, но најповеќе од сеʼ со својата свеченост и топлина: ракувања со пријатели, топли прегратки на пријатели што долго не се виделе, солзи радосници, бакнежи…

Малку требаше да мине од утрото па Интернационалниот парк да се претвори во едно големо македонско славје, во славје кога се пееше и играше, кога секое македонско срце биеше со мисла за Македонија, за родната татковина.

Се добиваше впечаток дека целиот народ беше едно големо семејство, македонско семејство, дека никој и никогаш не би можел да го разбие тоа толку силно единство. Во таква атмосфера беспрекорно течеше и програмата организирана во чест на големиот Илинден.

Најпрвин митрополитот г. Кирил во чест на паднатите борци од двата Илиндена одржа панахида. Беа одржани многу говори, меѓу кои и говорот на претседателот на Матицата на иселениците од Македонија, Живко Василевски, кој ги пренсе поздравите од Македонците во Татковината.

На пикнкот беше прочитана и усвоена Декларацијата упатена до владите на Бугарија, Грција, Обединетите нации идо премиерот на Канада  г. Трудо. Во Декларацијата беше нагласено значењето на Илинденското востание и создавањето на Крушевската  Република, како прва република на Балканот, потенцирајќи ги огромните жртви, високата цена за обновувањето на македонската државност по петвековното ропство, посебно одбележувањето на 75-годишнината од херојската смрт на Гоце Делчев.

Понатаму во Декларацијата се говори за 34-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, денот кога конечно се остварени идеалите на македонскиот народ, односно создавањето на сувердната македонска република.

ilinden36-3
Македонски собир во Торонто

Притоа беа нагласени повоените години на сестраниот развој на националното битие на македонскиот народ во сите области на општествениот, културниот, економскиот и црковниот живот, како „период на придонеси кон општиот развој на човештвото”.

Давајќи оценка за положбата на македонската етничка група во Канада, како земја која во тешките години по завршувањето на востанието во 1903 година на Македонците им овозможи слободна употреба на македонскиот јазик и задоволување на човечките потреби и развивање на етничкиот идентитет, се искажува благодарност кон оваа земја.

Истовремено се изрази загриженост и вознемиреност за положбата на Македонците во Бугарија и Грција, кои ги немаат основните национални права и слободи, а кон нив се води асимилаторска и денационализаторска политика, и се негира постоењето на македонската нација.

На крајот во Декларацијата се истакнува барањето владите на овие земји да ги извршат своите обврски кон македонското национално малцинство во согласност со меѓународните договори.

Пикникот во 1972 година заврши во добра атмосфера со веселба до доцна во ноќта. По повод Илинден, премиерот на Канада Пеиер Трудо упати поздравна телеграма, а претседателот на владата на провинцијата Онтарио поздравно писмо во кое на иселениците топло им го честита големиот празникот на македонскиот народ и на Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top