Дијаспора

Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-7

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-7

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?

Или сонцето не свети за сите, исто така?

Зар не го дишеме воздухот сите еднакво?

Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?

Со овие стихови на Свети Кирил се отвори Саемот на книгата 2018 кој го организира МЛД “Кочо Рацин” Mелбурн во библиотеката во Мил Парк. Саемот на книгата се одржува секоја година во чест на Свети Кирил и Методиј кој воедно е и потсетување на значајноста на нивната величенствена мисија, во просветувањето на народот и создавањето на првата азбука.

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-1

Овојпат интересот за изложување книги беше најголем досега, беа изложени голем број на книги од авторите, членови на МЛД Кочо Рацин но и од други автори кои изразија желба да земат учество оваа година: Стив Јованоски со “The philospher’s game”,“The brotherhood”(романи на Англиски јазик), писателите од ЛД “Ванчо Николески”, Наум Трајчески (Одминато време), и Наум Пауноски (Душевен времеполов), голем избор од творештвото на Јанко Томов од Квинсленд(Патриотски конверзации и коментари од движењето на дијаспората, From communis to democracy) како и од писатели од Македонија.

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-2

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-3

Како и секоја година така и оваа се промовираа нови дела членовите на МЛД Кочо Рацин, а тоа беа: Љубов и завет низ виорите од Гордана Димовска и Ванѓелко Лозаноски (презентер Весна Дамчевска) додека Снежана Џамбазова Попорданоска читаше мал извадок од книгата што наиде на голем интерес кај публиката. Книгите од Љубица Поповска Патека на детството ,Песни од мојата младост ги презентираше Дона Д. Кантаровска при што прочита и неколку поеми. Поздравните писма од Ванѓелко Лозаноски и Наум Трајчески (ЛД “Ванчо Николески”, Квинбијан) ги прочитаа Славчо Трајкоски и Љупчо Столески,

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-4

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-5

Медиумите: Australian Macedonian weekly, Today newspaper (Игор Павловски), SBS radio (Васе Коцев, Маргарита Василева), веб порталот Фаланга, Танас Петрин од радио Plenty Valley, координаторот на библиотеката Џек Чен, помогнаа многу во апелирањето до македонската публика да го посети овој настан.

Настанот беше збогатен и со музика за што голема заслуга имаат: Група Извор (Зоки и Филип Стојчевски), младата талентирана пејачка Џесика Стојчевска која ја исполни песната Јовано Јованке и две песни од Тоше Проески, Хорот Плетенка, Хорот Утеха.

Izvestaj-Saem-na-kniga-2018-6

Настан кој има за цел да развива свеста за зачувување на македонскиот јазик преку афирмирање на литературните дела од македонски автори. Треба се повеќе да биде поддржуван од сите македонски организации во Викторија затоа што е од многу големо значење.

Извадоци:

“И покрај уметничките продлабочувања, низ романот се задржува стилот на македонското народно раскажување со изобилие на стилски фигури, емотивни настани, сликовито опишани, кои на романот му даваат магична привлечност. Од обичен случајна средба крај чешмата во живописната Белица, дејствијата си земаат своја насока и вешто ве водат во светот на македонското кралство, преку дијалози и емотивни изливи ќе се запознаете со ликовите на Олимпија и Крал Филип за подоцна да се воодушевувате од необичниот пресврт на настаните кога Бела Ица војува заедно со Александар Македонски. Нејзината љубов е сила која го води во огнените походи за после се таа скромно да се повлече повторно во својот обичен свет” – рецензија од книгата Љубов и завет низ виорите.

(Патека на детството – рецензија од Гордана Димовска ) Успешно зачекорување во светот на детската проза во која Љубица Поповска успеа да создаде нишка од бои низ кои се прелеваат убавите детски копнежи, смеа, палавост, итрина, досетливост и незаборавни спомени. Нејзината пасија кон пишувањето на поезија ја охрабри да зачекори и во светот на раскажувањето и да го докаже она што не можеше во поетските остварувања. Оваа збирка на раскази кои ќе го пленат вашето внимание се вистински дар за секое дете но и примамлив забавен потсетник за возрасните љубители на убавиот пишан збор.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top