Дијаспора

Македонски црковно – илинденски свечености во САД (37)

ilinden37-1

ilinden37-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Големиот празник на македонскиот народ – Илинден досега е прославуван во сите македонски заедници во САД. Тоа особено е изразено во македонските православни цркви, кои се национални, духовни, културни и општествени центри на Македонците, како и во нивните друштва и асоцијации кои работат во состав на духовните центри. Голем број активности се врзани за името на овој празник и се одвиваат токму во текот на празникот Илинден.

За одбележување е тоа што Македонската православна црква на северноаериканскиот континент, „Св. Петар и Павле” во Гери, Индијана, е осветена на 14 јули 1966 година, во времето кога се славеја 60 години од Илинденското востание и 22 години од АСНОМ. Чинот на осветувањето на храмот го изврши тогашниот архиепископ охридски и скопски и прв митрополит македонски г.г. Доситеј, во сослужение со митрополитот г. Кирил и свештениците Климе Малески, Кирил Стојановски и Спиро Танасковски.

На свечениот чин кој претставува темелник на идното црковно живеење на Македонците во САД и во Канада присуствуваa голем број Македонци од сите делови на Македонија и од повеќе македонски заедници. Меѓу нив бeшe и познатиот иселеник од Гери, Атанас Близнаков, кој во САД живеешe педесетина години и кој по враќањето во Македонија ја формира Фондацијата „Атанас Близнаков“, најголемата фондација од дијаспората при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Илинден беше одбележан и во македонската заедница во Сираќуз и околните места. Македонците од тој дел на САД се едни од првите кои организираа свој црковен живот, во храмот „Св. Богородица”, За жал, таа црква не се најде во крилото на Македонската православна црква. Затоа, во август 1963 година, во екот на илинданските празнувања, грула Македонци се одвоија и ја формираа Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи”.

Како резултат на тоа, во април 1965 година во Сираќуз пристигна висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Доситеј, кој во сослужение, со тогашниот Злетовско-струмичкиот епископ, г. Наум, Кирил Поповски (митриполит Кирил) и други македонски свештеници, ја отслужи првата света архиерејска литургија на македснски јазик.

Подоцна, по преуредувањето на една протестанска црква во православен храм, на 21 јули 1968 година, кога Македонците го славеја јубилејот 65 години од Илинден и 24 години од АСНОМ, е извршено осветувањето на храмот. Свечениот чин го изврши тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил. На свеченоста присуствуваа голем број верници, пријатели и претставници на американското општество.

ilinden37-2
МПЦ „Света Богородица“ во Детроит

Во екот на одбележувањето на 75 годишнината на славниот Илинден во САД и во Канада, во Детроит се вршеја подготовки за формирање македонска православна црква. Така на 13 август 1978 година е извршено осветувањето на купеното мосто на храмот „Св. Богородица”. Чинот на осветувањето го изврши митрополитот Кирил во сослужение на десетина свештеници, а во присуство на бројно иселеништво. Тоа за најбројната македонска колонија во САД, Дотроит, претставува многу значаен датум и поттик за богатиот иден црковно-национален живот на Македонците.

Денес во Детроит е изградена новата црква „Св. Богородица”, која претставува соборен храм и најголем објект на Македонската православна црква во САД. До храмот се изградени големи сали и други простории.  

Исто така, кога се прославуваше 75 години од Илинденското  востание, на 19 август 1978 година, Македонската православна црква „Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк беше свечено осветена. Во присуство на бројни иселеници, гости, претставници на американското општество, митрололитот Кирил го изврши осветувањето на храмот, што денес претставува значаен духовен, национален и културен центар за Македонците од тој дел на  државата Њујорк во САД.

Илинден се слави и во Лореин, Охајо. Овој убав град се наоѓа на езерото Ири (има над 200 илјади жители со развиена индустрија за железо, челик, машини, текстил и бродоградба) и е место каде секоја година се прославува Илинденското востание. Таму меѓу 55-те националности од целиот свет што живеат и работат во градот, видно место зазема македонската етничка група. На тие американски простори на северозаладната страна од брегот на големото и пространо езеро Ири, е подигнат Светиклиментовиот светилник за македонските генерации МПЦ – „Св. Клшент Охридски”.

Овој значаен црковен храм и културно-просветен центар е собиралиште на македонските доселеници кои живеат и работат во градовите Еиван, Лореин, Кливленд, Илирија, Емерст и во пошироката околина. А, Макодонци во овие градови има над илјада. Тие главно дошле од Битолско, Преспанско, Леринско, Охридско и Скопско.

На 11 август 1985 година, во текот на илинденското празнување митрополитот Кирил, во сослужение на пет свештени лица, пред голем број верници и во присуство на градоначалниците на Лореин и Шерфилд Леик, ги освети темелите на новата цркаа. Потоа, на 17 јули 1986 година, е завршена изградбата на новата црква и е извршено мало осветување. На тој ден беше извршен и првиот обред во црквата „Се. Клшент Охридски”.

ilinden37-3
MПЦ „Свети Климент Охридски“ во Њујорк

Во еден од најголемите градови на светот – Њујорк, кој е распространет на островот Лонг Ајленд, крај брегот на Атланскиот Океан, е формирана МПЦО „Св. Клименг Охридски”. Таму, во најголемата светска банкарска, финансиска и културна престолнина, градот со најголемо пристаниште во светот и светски студентски центар со 11 универзитети, метропола со највисоките облакодери, со најпознатите улици Бродвеј и Волстрит и седиштето на Обединетите нации, живеат и работат над 5.000 Македонци од сите краишта на Македонија. Нив особено ги има од Битолско, Преспанско, Охридско, Струшко, Леринско, Тетовско, Скопско, Кичевско, Прилепско… Сите тие секоја година го слават Илинденското востание.

Македонските иселеници во градот Њујорк и во пошироката околина во минатото претежно се собираа и беа активни во македонскиот духовно-културен дом „Св. Кирил и Методиј” и „Св. Никола” во државата Њу Џерси. Меѓутоа, со зголемувањето на нивниот број, а поради пространоста на нивното живеење, се јави потреба од формирање нова македонска православна црковна општина во Њујорк, која требаше да биде средиште за поголем број Македонци од сите делови на Македонија на тие светски простори.

Затоа, по иницијатива на неколку македонски семејства претежно од Њујорк и од блиската околина, на 17 мај 1987 година се одржа Македонско основачко народно собрание, на кое е одлучено црковната опшина да го носи името на охридскиот чудотворец и покровител на МПЦ – „Св. Климент Охридски”.

Како резултат на активностите преземени од членовите на оваа црковна општина,во предвечерието на Илинден, на 31 јули 1987 година, таа е регистрирана кај американските власти на државата Њујорк. Потоа светиот Синод на МПЦ на 22 октомври, истата година, донесе одлука црковната општина „Св. Климент Охридски“ да биде примена под канонска и духовна јурисдикција на МПЦ, и со тоа да биде составен дел од Американско-канадската македонска православна епархија.

Црковната општина има свој правилник, одобрен од Светиот синод на МПЦ, според кој се раководи и презема активности за духовното единство на македонските иселеници во тој дел на демократските американски држави.

Илинден во Њујорк и Њу Џерси секогаш е величествено прославуван. Македонскиот народ од сите делови на Македонија на тие американски простори, со својата масовност покажажува дека е верен следбеник на делото на Гоце Делчев, на овој великан на македонската историја и на неговите другари од Крушевската Република. На овој голем историски ден сите Македонци во САД биле се и ќе бидат во мислата и срцето со Илинден, со Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top