Дијаспора

Учество на КУД „Илинден” од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан” од Виндзор, Канада во Македонија (38)

ilinden38-1

ilinden38-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

На свеченостите, што по повод 80-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, беа одржани во Република Македонија, учествуваа и КУД „Илинден” од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан” од Виндзор, Канада. Двете културно-уметнички друштва беа гости на Матицата на иселениците од Македонија во периодот од 18 јули до 3 август во  1983 година..

Гостите од Виндзор пристигнаа во Републиката во неколку грули во почетокот на јули, додека членовите на КУД „Илинден” на 14 јули. Пријатната вест по повод доаѓањето на фолклорните групи на македонските  иселеници, преку средствата за јавно информирање се прошири, не само во Скопје, туку и насекаде низ Републиката. Всушност, секој од гостите беше очекуван од роднини, пријатоли, другари…

Претседателот на КУД „Илинден” од Сиднеј, познатиот иселеник Кире Циревски, инаку по потекло  од селото Перово, Преспа, неʼ информира дека друштвото било формирано на 26 ноември 1966 година од група македонски ентузијасти ком живеат во далечна и пријателска Австралија, а дека работат во рамките на МПЦ „Св. Петка” од Рокдеил. Во него членуваат повеќе од 150 членови, претежно Македонци од битолско-преспанскиот крај.

„Играорците работат во пет групи под раководство и будното око на кореографот, Цане       Пеовски. Гостуваме во Републиката по втор пат, а списокот на добиените награди, пофалници и признанија е огромен. Нашите настапи во Австралија се секогаш следени од голема публика, затоа нашата улога еод непроценливо значење не само за одржување и зачувување на македонскиот фолклор, туку и за збогатување на мозаикот на мултинационалната култура на Австралија“, рече Циревски

Претседателот на КУД „Ѓердан” од Виндзор, пак, Славко Ѓорѓиевски, истакна: „Нашето друштво е формирано за време на илинденското празнување во 1980 година, а работи во состав на МПЦ „Св. Никола” од Виндзор. Тогаш работеше само женската фолклорна група под раководство на кореографот, Ѓорѓи Котевски, и со успех настапуваше пред Македонците од Виндзор и Детроит, како и на голем број национални претстави во Канада и САД. Друштвото за првпат гостуваше во Републиката, и сакаме да  се претстави со многу програма што ветува иднина за КУД „Гердан“, рече Ѓорѓиевски.

ilinden38-2
Куд „Илинден“ од Сиднеј

Според програмата на Матицата на иселениците од Македонија, гостите од Канада и Австралија своето официјално гостување го започнаа на 18 јули, кога и почна нивната напорна турнеја низ Републиката. Меѓутоа, уште на 15 јули КУД „Илинден” го одржа својот прв концерт пред бригадирите на Сојузната работна акција „Скопје 63 – 83″ во Катланово, недалеку од Скопје, каде во пријатна атмосфера гостите од Австралија се запознаа со работата, активностите и животот на акцијашите, кои ја продолжуваа убавата традиција од времето на обновата и изградбата на Татковината. На средбата се зборуваше за активностите, успесите, проблемите, интересот кон македонскиот фолклор и за сеʼ што е сврзано со нивниот живот.

Во периодот од 18 до 21 јули двете друштвата беа сместени во хотелот „Скала” во Скопје, а притоа имаа средби со лретставници на Музичката младина на Македонија, Домот на младитд „25 Мај” и КУД „Гоце Делчев”. Исто така, ја посетија црквата „Св. Спас” и гробот на најголемиот македонски син, Гоце Делчев, црквата „Св. Диштрија” и гробот на поглаварот на МПЦ, починатиот архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј.

Тие беа примени и во Македонската архиепископија и ги посетија Соборната црква „Св. Климент Охридски“ (тогаш во изградба), Етнолошкиот музеј, Трговскиот центар, Старата чаршија и новиот дел на Скопје. Двете друштва беа први гости на Скопје што се возеја на стариот начин низ градот, со пајтон и со стариот автобус, кои служеја за туристичко разгледување на градот.

Работниот ден од програмата на 21 јули беше целосно исполнет. По одржаната проба, во вечерните часови, гостите од Канада и Австралија настапија со своја програма на Кејот на Вардар, пред Камениот мост, во рамките на „Скопското културно лето”. Пред околу четири илјади посетители, културно-уметничките друштва „Илинден” од Сиднеј и „Гердан” од Виндзор, се претставија со сиот фолклорен сјај, за што беа наградени со бурни, искрени и долготрајни аплаузи.

Вечерта, на заедничката вечера во хотелот „Скала”, од Матицата на иселениците од Македонија на претседателот на КУД „Ѓердан” му беше предадена Златна плакета за заслугите што ги имаше ова младо културно-уметничко друштво во популаризирањето и зачувувањето на македонскиот фолклор во Канада.

Златна плакета на Матицата на иселениците  КУД „Илинден” доби при гостувањето во 1978 година, а овојпат, заедно со гостите од Виндзор, доби две народни носии подарок од Матицата. На славјето и доброто расположение им немаше крај. Се пееше и се играше до доцна во ноќта.

ilinden38-3
Црквата „Свети Никола“ во Виндзор

Гостите од Сиднеј и Виндзор ја започнаа турнејата низ Македонија на 22 јули. Најпрвин го посетија Тетово, градот под Шара, од каде голем број Македонци живеат во прекуокеанските земји, особено во Детроит, САД. Заедно со големата група иселеници кои дојдоја во родниот крај, го посетија текстилниот комбинат „Тетекс” и „Алумина ” – Тетово, а потоа со автобус се искачија на Попова Шапка и се восхитуваа на убавините што лриродата ги подарила на оваа македонска убавица.

Вечерта, во преполнетата сала на Културниот дом во Тетово, одржа целовечерен концерт. Во Тетово каде наидоја на срдечно добредојде, чувство на љубов, признание и задоволство. Домаќините сториле сеʼ гостувањето на двете групи да биде што поуспешно.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top