Дијаспора

КУД „Илинден” од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан” од Виндзор, Канада на турнеја низ Македонија (39)

ilinden39-1

ilinden39-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

КУД „Илинден” од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан” од Виндзор, Канада, изутрината, на 23 јули 1983 година, го продолжија патувањето за Штип, каде беа топло пречекани од голем број граѓани, општествено-лолитички работници, стопанственици од „Македонка,“ и „Астибо”. Притоа, имаа можност да се запознаат со постигнатите резултати на најстарата текстилна фабрика кај нас, „Македонка”, и достигнувањата на модната конфекција „Астибо”.

Исто така, ја посетија Детската градинка што работи во состав на „Астибо” и Споменикот на паднатите броци. Во вечерните часови, на Летната сцена, каде што тешко можеше да се најде слободно место се одржа планираниот концерт.

Другиот ден, на пат за Неготино, домаќините од Штип организираа посета на училиштето во Ново Село во кое учителствувал Гоце Делчев, како и на Галеријата на икони што се наоѓа во состав на црквата „Св, Богороцица”, лоцирана во непосредна близина на училиштето.

Во Неготино, друштвата стаса околу пладне кога заради жешкото сонце и лозарите се прибираа во ладовина. Како и во претходните години, гостопримството на домаќините беше на висина. Им го покажаа Градскиот музеј и направија прошетка низ градот што се гордее со своите убави нови градби. Вечерта, за време на концертот, во Неготино вриеше како во кошница. Цел град беше на Плоштадот каде се одржа заедчичкиот концерт на гостинските друштва и КУД „Јане Сандански” од Неготино.

Малку изморени од претходната бурна ноќ, другиот ден гостите заминаа за Прилеп, каде уште на чешмата кај Плетвар беа топло пречекани од домаќините. Таму, во дебелата сенка на паркингот, симпатичниот состав на КУД „Весели Прилепчани” кој работи во рамките на Сојузот на пензионерите од Прилеп, ги пречека гостите со избор на староградски песни и им посака добредојде во градот херој.

Потоа, ја посетија Могилата на непобедените, Тутунскиот комбинат и фабриката „11 Октомври”. Вечерта, во преполнетата величенствена сала на Домот на културата „Марко Цепенков”, се одржа заеднички концерт со КУД „Мирче Ацев”.

ilinden39-2
МПЦ „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штип

По напорните неколку дена и четирите концерти, фолклористите пристигнаа во Ресен, каде малку здивнаа, се одморија и ја почувствуваа свежината и убавината на Преспа и Преспанското Езеро. Потоа ги посетија: Отешево, Претор, Крани, фабриката „Агроплод” и одржаа концерт во Царев Двор, каде голем број присутни, меѓу кои повратници, иселеници и времено вработени, топло ги поздравија и возвратија со долготраен аплауз за нивниот успешен културно-уметнички настап.

Секако, најзначаен и најинтересен момент за гостите беше учеството на Дефилето низ улиците на Битола и учеството на КУД „Илинден” на првата вечер на манифестацијата „Илинденски денови”. На преполнетото ракометно играпиште, десетилјадната публика долго им ракоплескаше на играорците на КУД „Илинден” од Австралија кои „гореја” на сцената за преку орото и песната да ја покажат и докажат љубовта кон Илинден, кон Македонија.

На 30 јули, во центарот на Ресен се одржа XX „Преспанска иселеничка средба” на која заедно со гостите настапи и КУД „Таше Милошевски” од Ресен. Средбата им остана во трајно сеќавање на гостите по успешниот настап пред широкиот аудиториум и по извонредното гостопримство од страна на домаќините.

По традиција, беше избрана убавица на сродбата. Ласкавата титула и припаднала на Виолета Толеловска од КУД „Ѓердан”, а за придружнички беа избрани Вирџинија Главинчева од КУД „Илинден” и Дорина Маљановска од КУД „Ѓердан”.

Наредниот ден гостите заминале за „Св. Наум”, каде учествуваа на „Охридската иселеничка средба”. Исто така, во вечерните часови настапија на традиционалните „Езерски средби” кои се одржуваа на Пристаништето во Охрид.Завршната вечер од фестивалот „Илинденски денови” во Битола им припадна на КУД „Ѓердан”, чии играорки ги воодушевија посетителите. За нив тоа беше најдоброто и најпријатното фолклорно доживување.

ilinden39-3

На Илинден, на славниот ден на македонскиот народ, тие учествуваа на „Битолската иселеничка средба” во Трново, на која пред околу десет илјади посетители, од кои повеќе од две илјади беа иселеници, ги покажаа своите високи фолклорни квалитети. Истиот ден заминаа за Крушево за да настапат на „Гумење” и да земат учество на прославата на 80-годишнината од Илинденското востаиие и Крушевската република.

Од Крушево, заминаа за Битола каде голем број членови остана да ги посетат своите. Таму имаше искрени, пријателски и другарски разделби, размени на адреси и многу солзи радосници од членовите на двете друштва. Потоа, неколку членови останаа во Ресен и Охрид, а другите се придружија на заедничката веселба со Делегацијата на Матицата на иселениците од Македонија што се одржа во Маврово.

Во текот на гостувањето низ Републиката двете културно-уметнички друштва приредија 14 концерти на кои присуствуваа околу 50 илјади посетители. Исто така, гледачите на малите екрани имаа можност да ги следат директните преноси од нивните настапи на фестивалот „Илинденски денови” во Битола, преку кои тие се претставија и на широката публика во Република Македонија.

Успехот што го постигнаа културно-уметничките друштва „Илинден” од Сиднеј и „Ѓердан” од Виндзор беше дело на сите членови и управите на друштвата, а во организација на Матицата на иселениците од Македонија. Нивниот ентузијазам и богатство на фолклорот, беа израз на чувствувањето на фолклорниот дух и традициите на македонскиот народ, а со тоа и љубовта кон дедовската земја Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top