Дијаспора

Учество на иселеници – поети, уметници и артисти во Република Македонија (40)

ilinden40-1

ilinden40-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Република Македонија е поборник за воспоставување, одржување, проширување и потикнување на соработката и врските со иселениците и нивните потомци во дијаспората со тоа што помагала, помага и во иднина треба да помага во негувањето на националната свест, јазик, култура, религија и друго. Притоа, посебна нагласка е ставена  на  големиот празник на македонскиот народ – Илинден, кој досега е прославуван во сите македонски заедници во целиот свет.

Илинден  е особено изразен во македонските православни цркви, манастири и црковни општини, во нивните друштва и асоцијации кои работат во состав на духовните центри. Голем број активности се врзани за името на овој празник и се одвиваат токму во текот на големиот македонски празник Илинден.

Како израз на благодарност и почит за постигнатите резултати во сите области кај иселениците и нивните асоцијации, бројни институции во Република Македонија им поделиле награди и признанија на  црковните општини, на истакнати поединци, бројни асоцијации и средства за информирање.

Во оваа пригода ќе започнеме со „Струшките вечери на поезијата“.  Имено, освен на странските поети од сите светски меридијани, Струга им била домаќин и на Македонци – поети кои творат во иселеништвото. Ќе ги споменеме XXXII Струшки вечери на поезијата во 1992 година кога допатуваа и учествуваа десетина автори од дијспората, кои години наназад пишуваат стихови во средините каде што живвеле. На оваа меѓународна поетска манифестација присуствуваа двете брачни двојки од Торонто – Канада: Неда и Алексо Лозановски и Рада и Борче Видиновски, додека Гоце Малинов допатувал од Мелбурн – Австралија, а Саво Костадиновски од Келн – Германија.

Во разговорот со нив сите позитивно се изразија за организираноста на тогашните вечери на поезијата, а исто така беа неизмерно благодарни на Матицата на иселениците од Македонија што им организира  приеми кај претседателот на Републиката Киро Глигоров и премиерот Бранко Црвенковски во Охрид, како и од екскурзиите што беа организирани при разгледувањето на културно-историските споменици на Охрид и „Свети Наум”.

На свеченоста по повод доделувањето на признанието „Иселеничка грамота” што ја доделуваше Матицата на иселениците од Македонија за творечкиот олус на поет – иселеник, присуствуваа голем дел од поетите – учесници.

Ова традиционално признание му беше врачено на тогашниот најуспешен поет од иселеништвото – Саво Костадиновски, од Келн, Германија. На завршната свеченост „Мостови”, пак, настапија Алексо Лозановски и Рада Видиновска од Торонто, Гоце Малинов од Мелбурн и Саво Костадиновски од Келн.

Исполнети со прекрасни импресии од поетскиот град Струга, реката Дрим, древниот Охрид, се вратија назад во Канада, Германија и Австралија, за да ги преточат своите чувства и исполнети души во нови стихови за татковината, за родната грутка од каде што ги влечат своите корени.

ilinden40-2

Исто така, во оваа прилика ќе споменеме гостувањето на театарската група „Благоја Нешковски” од Илавара, Австралија. Имено, во преполнетата сала на Македонскиот народен театар во Скопје, Македонскиот театар „Благоја Нешковски” од Илавара, Австралија со блескав успех ја завршил својата турнеја во татковината. Тој беше сонот за кој сонуваше, како нејзиниот режисер и основач Благоја Нешковски млад, талентиран и надежен уметник, (што прерано го завршил својот живот), така и сите членови на Македонскиот театар од Австралија .

Сите што присуствувиа на претставата во Скопје, како и оние во Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани, не можеја да веруваат дека претставата „И Ѕоле прај компо” бeше дело на аматери – вљубеници во театарската уметност. Тоа беа уметници кои со сета силина на своето битие ги вложија своите актерски и режисерски потенцијали претставата да услее и да биде доказ повеќе дека македонскиот иселеник, освен во фолклорот, се афирмирал и на лолето на театарската уметност.

Пиесата „И Ѕоле прај комло” се темели врз здрава драмска структура (текстот е преведен и на англиски јазик и бил поставен на сцена од професионални театарски групи во Австрапија), во која битовиот елемент карактористичен за животот на повеќето Македонци преку океанот е доминантен.

За оваа извонредна претстава, сценографијата и костимографијата и изборот на музиката беше на Благоја Нешковски.

„Неговиот сон е остварен! – со воодушевување и солзи во очите рече членот на ансамблот, Олга Николовска. Тој сите нас не уверуваше и храбреше дека, сепак, еден ден ќе се претставиме пред театарската публика во Македонија и дека таа ќе ги прими нашите пораки, нашите страдања, нашиот разгромен живот во далечниот свет…

ilinden40-3
Македонски народен театар

За нас нема поголема радост од оваа што го доживеавме во татковината, со нашата претстава. Нашиот успех ќе биде голема инспирација театарот „Благоја Нешковски” со голема љубов да ја негува детската театарска група, која, веруваме, ќе биде уште подобра од нас, зашто почнуваме од некакви веќв поставени темели”, Тоа беа зборовите на Олга Николовска, која по завршувањето на првтставата, ги искажа со голема возбуда.

Претставата во Скопје беше вонсериски културен настан. Тој ја крена публиката на нозе и повеќе од пет минути непрекинато, со искрени аплаузи, ги поздравија остварувањата на артистичкиот ансамбл.

Требаше да се биде во салата на Македонскиот народен театар меѓу публиката, за да се почувствуваше величествениот аплауз, упатен на актерскиот ансамбл… Плачеја и во публиката и на сцената… Радоста беше бескрајна.

Радоста беше голема и за авторот на овие редови Славе Катин кој ги следеше сите настани на македонските иселеници во Република Македонија, со цел тие да бидат овековечени во списанието „Македонија“, гласило на Матицата на иселениците од Македонија.

ilinden40-4

Затоа, ќе споменеме дека  изминатите објавени четириесет продолженија во „Македонска нација“ се дел од книгата „Илинден 1903-2003 и македонски иселеници“ од авторот на овие продолженија, Славе Катин. Тој на македонската и на меѓународната културна и научна јавност иʼ е познат по бројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литерзтурата, јазикот, религијата, науката и историјата, за што е добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои, на престижната награда “Крсте П. Мисирков” на Здружението на ноеинарите на Македонија од областа на журналистиката.

Краj

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top