Дијаспора

Претседателе Иванов, продолжете да го браните нашето достоинство

mldgp

mldgp

До: Ѓорѓе Иванов,

претседател на Република Македонија

Почитувани Иванов,

Ви се обраќаме од името на членовите на нашата Асоцијација која делува во Австралија 40 години. Исто преку ова писмо го споделуваме мислењето на сите Македонци од дијаспората кои сакаат македонската држава и нација да има иднина и просперитет.

Како прво Ви честитаме што ги штитите правата и интересите на македонската нација. За нас вие сте заштитник на Уставот и столбот на македонската Република и поради тоа вас ви се обраќаме со цел да ве подржиме во вашата одлука да не го потпишувате предавничкиот договор на премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров кој е против уставен и против барањата на Македонците.

Како што знаете, Дијаспората во моментот нема политички преставник во парламентот и не постои невладина организација која ќе застане зад нашите барања и да влијае врз одлуките на владините тела или политичките партии кои ја носат државата во пропаст.

Дијаспората пати од сите Владини несовесни одлуки и дискриминаторски потези кои негативно се одразуваат на нашиот идентитет и иднина без разлика каде живееме. Преспанскиот договор за нас како нација е срамен и понижувачки. Овде во Австралија, македонската Влада и политичарите се исмејувани, а македонскиот народ се потценува и прикажува дека е глупав што дозволува да биде воден како стока во бездна од која нема враќање. Владата го сече коренот од кој што живее нашата нација, без тој корен ние нема да постоиме.

Претседателе Иванов, нас не ни треба влез во ЕУ која е трула и се распаѓа или зачленување во НАТО, а да сме понижени и уништени како држава и како народ.

Затоа апелираме до вас и до сите прогресивни сили во Македонија кои ги почитуваат историските постигнувања, македонската култура и јазик, да продолжете да го браните нашето достоинство и не заштитите од продадените души, како Заев и Димитров, кои ја уништуваат македонската нација.

Со особена почит и со надеж дека ќе продолжете да ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат.

Од името на членовите,

Претседател

Душан Ристевски

Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev”

Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“

P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 – Australia

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top