Дијаспора

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски – најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (2)

dzordz2-1

dzordz2-1

ГОЛЕМАТА ЉУБОВ КОН ДРЕВНИТЕ КОРЕНИ

Не случајно на многу трговци и каравани низ Македонија им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многу вековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил одушевен од она што го слушал, читал и доживувал за античка Македонија. А и неговото родно Марул и Прилеп кои се сместени во Пелагонија, значајниот дел на античка Македонија, ја поттикнуваат неговата љубов кон древните корени

Македонија, татковината на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец. Нејзината географска положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи.  И денес Македонија сè уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.

За историскиот развој на Македонија, од античко време па до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Често се вели дека Македонија е земја на премрежиња, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстојувања, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската Империја.

Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја.

dzordz2-2
Златниот ковчег со шеснаесет кракото македонско сонце од Кутлеш (Палатица)

Македонеците се народ на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика „тешкото”, затоа објективно и не можеле да имаат поинаква судбина и минато. Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара светска цивилизација.

Тоа се потврдило со фактот дека со името Македонија уште во античките времиња се означувала една мала покраина во непосредна близина на Пела, денешното село Постол – престолнината на античкото македонско царство. Исто така треба да нагласи дека Македонија како историско и географско подрачје се споменува како земја на неколку места и во Библијата.

Инаку, Долна Македонија, за разлика од Горна Македонија претежно е рамничарска земја. Таа на југ ја ограничуваат водите на Егејското Море, на југозапад водите на Термајскиот Залив и Перијанските Планини, на запад планините Вермион, Верас и Пајко, на север планинските масиви на Балкан, а на исток ридестата разделница меѓу долините на Вардар и Струма. Вардар ја дели Долна Македонија на источна и западна.

Западната половина на Долна Македонија физички и географски е карактеристична по централната рамнина создадена од наносите на реките Вардар, Бистрица, Лудијас и Галикос. Оваа плодна земја (со површина од околу 1.500 километри квадратни) на југ ја ограничуваат водите на Термајскиот Залив, на југозапад планините на Перија, на запад планината Вермион, на север планината Пајко, а на исток реката Вардар.

Се чини Филип II Mакедонски и Александар III Македонски (Велики), се најзначајните личности во античкиот период. Тие биле воини, стратези, генијалци и кралеви на античка Македонија. Тие го сменија текот на историјата, границите на континентите и филозофијата на животекот. Затоа и по околу три илјади години останаа да бидат непресушна инспирација и восхит за вечни времиња.

Филип II Македонски (359–336 година пред Христа) потекнувал од династијата Аргеади. Тој бил син на кралот Аминта, а станал македонски крал на 23- годишна возраст. Филип монархот со сета своја мудрост, знаење, искуство, воинственост и храброст, ги отворил вратите на својата родна Македонија кон светот.

Меѓутоа, најголем територијален, политички, воен и економски подем и процут, незапаметен и незабележан каде било на друго место на планетата Земја, Македонија доживеала во времето кога на престолот дошол најуспешниот мудрец, стратег, војсководец и бестрашен борец Александар III Македонски (Велики). Бил роден во Пела, од таткото Филип и мајката Олимпија Епирска, во јули (златец) 356 година пред Христа, од династијата Аргеади.

Стекнал слава на генијален стратег, воин, војсководец, мудрец и визионер за голема светска држава. Со своите успешни воени походи ги покорил Анадолија, Сирија, Египет, Персија и Месопотамија, проширувајќи ги границите на Македонија сè до Авганистан и Индија. Под неговата команда на илјадници километри квадратни биле бројни држави, царства, империи, племенски заедници, народи и нации.

Насекаде каде што војувал и освојувал, тој воведувал посебна власт и управа, при што ги почитувал и локалните традиции и обичаи. Истовремено бил иницијатор и организатор на големи градителски подвизи. До ден-денес останале траги од некои имиња, градови, места и обележја подигнати во Александровото време.

Само еден месец пред да наполни 33 години, легендата умира под сè уште контроверзни околности во јули (златец) 323 година пред Христа, во Вавилон. Хероите заминуваат – но делата, записите, преданијата, митовите и легендите остануваат. Александар III Македонски (Велики) впиша ново поглавје во светската историја, воената доктрина, во литературата и културата.

dzordz2-3

Затоа, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил одушевен од она што го слушал, читал и доживувал за античка Македонија, особено за Филип и Александар Македонски. А и неговото родно Марул и Прилеп кои се сместени во Пелагонија, значајниот дел на античка Македонија, ја поттикнуваат неговата љубов кон древните корени на Македонија.

Така, во една пригода ке изјави дека секогаш ја следел и ќе ја следи идејата на најголемиот Македонец на сите времиња – Александар Македонски, кој не поробуваше туку обединуваше народи. Така, таа ѕвезда – водилка Ѓорѓија го води кон духовното спокојство за повторно воскреснување и вековно опстојување на македонштината. Името македонско достојно прозвучува во светот.

Последен доказ за тоа е признавањето на Република Македонија под уставното име од страна на САД, втората татковина на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Полека но сигурно му се остваруваат сонот и визијата за иднината на неговата татковина. Тој знае дека патот е тежок, но верува дека вистината ќе ја победи неправдата – Македонците ќе го остварат отсонуваниот сон, денот да ги раздени во нивната Македонија, онаа Александровата со наш обединет Егеј, Пирин, Вардар, Голо Брдо, Гора, Мала Преспа.

Исто така, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски вели дека тоа е причината поради која соработува со сите добронамерни и чесни луѓе, кои ја сакаат родната земја Македонија и се борат за македонската кауза. На сите Македонци во земјава и пошироко им ветува дека во деновите по годините со истрајност ќе чекориме по патот кој го трасиравме – сè за Македонија и за македонскиот народ, со цел таа да ни биде вечна и вековита.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top