Дијаспора

Историјата на македонскиот народ изобилува со политичко угнетување и неправда

omd

omdОМД: Република Македонија слави 115 години Илинден и 74 години АСНОМ

На 2 Август 1903 година, во пресрет на празникот Свети Илија, во градот Крушево пламна големото Македонско востание, во историјата познато како Илинденско Востание. Симболот на револуционерната борба на Македонскиот народ и неговиот стремеж за слободна, независна и суверена државност, заедно со првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински – Куманово, го поставија темелот на современа Република Македонија.

115 години по Илинден и 74 години по првото заседание на АСНОМ, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја памети жртвата на Македонските синови и дејци, кои со своите прогресивни заложби и толкувања на светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, важат за пример на многу генерации и општествени чинители.

Покрај тоа што Крушевската Република на чело со Никола Карев како нејзин Претседател згасна на десетиот ден со последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, непокорот за Македонските идеали за слободна и автономна Македонија опстана 41 година подоцна, кога 115 делегати го одржаа првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија), под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Историјата на македонскиот народ изобилува со политичко угнетување и неправда, но како тогаш, така и сега, ОМД верува дека треба да се остане истраен во интерес на Македонските идеали за самоопределување и сопствена држава. Земено во предвид дека секоја генерација има своја битка, во спомен на непокорот и жртвата на нашите предци, ОМД повикува на достоинствена одбрана на Македонското име, историја и идентитет, во време кога сериозно е загрозен нивниот континуитет.

Нека ни е честит и вековит Илинден, Денот на Републиката, симболот на Македонскиот непокор и државност!

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top