Дијаспора

Натпревар по рецитирање во НЈВ

natprevar-po-recitiranje-2

Успешна традиција

Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во  Сиднеј по единаесети пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.

natprevar-po-recitiranje-2

Голем број ученици  од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.

Рецитирањето е древна македонска вештина, која  се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или помнењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.

Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните учители кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите  родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот.

natprevar-po-recitiranje-1

Жири комисијата во состав  проф. д-р Ирена Чолакова Велјанова,  проф. Славица Ристеска и почесниот претседател на МПУО господинот Тоде Кабровски, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат:

Од забавиште

Леона Јанкова од Carlton PS

Stage 1( 6-8 god)

1.Вера Наумовска од „Kliment Ohridski” Rockdale

1.Алекс Николоски  од MEU „Nikola Karev “ Bonnyrigg

2.Ивана Ферманова од „Kliment Ohridski” Rockdale

3. Клои Петровска од Carlton PS

3.Александар Христовски од Carlton PS

Stage 2: (  од 8-10год)

1. Јустинијан Велковски  од  МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona

2. Ивана Велевска  од  MEU „Filip II“  Peakhurst West

3. Пејтон Трајковска од „ Kliment Ohridski” Rockdale

Stage 3 (од 11-13 год)

1. Христијан Василевски од MEU „Filip II“  Peakhurst West

2. Мартина Ѓергис од Carlton PS

3. Никита Кимовски од „Kliment Ohridski” Rockdale

Текст: Жаклина Михајлова -Учителката

natprevar-po-recitiranje-3

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top