Дијаспора

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски – најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (6)

dzordz6-1

dzordz6-1

ПОСЕБНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Голем број досегашни историски и археолошки наоди потврдиле значаен број факти од балканско, европско и светско значење. Бројните карактеристики за Македонија почнувајќи од Античка Македонија која била прва организирана држава на Балканот и пошироко, до денешно Скопје, каде е родена света Мајка Тереза, една од најхуманите жени во светот

Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски – Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а  е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Во ова значајно моногравско дело е забележано дека голем број досегашни историски и археолошки наоди потврдиле голем број факти од балканско, европско и светско значење на коишто изворите им се од Македонија и за кои ние Македонците треба да бидеме горди.

Меѓу бројните карактеристики за Македонија се следните:

• Античка Македонија била првата организирана држава на Балканот и пошироко која имала утврдени граници;

• Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики), први ги вовеле војничките родови: пешадија, коњица и морнарица;

• Македонската фаланга била најдисциплинирана и најобучена војска и била наоружана со дотогаш непознатото долго копје. Таа војувала неколку децении, често во битки со неколкукратно побројни војски, меѓутоа не изгубила битка;

dzordz6-2

• Античка Македонија како прва европска империја воспоставила специфични цели и однесувања со потчинетите народи, како: почитување на културите на покорените, неприменување насилство и грабежи на оние кои доброволно се согласиле да се приклучат кон Империјата, утврдување карактеристични државни обележја и организирање посебна одбрана на териториите;

• Македонците биле првите во Европа кои го прифатиле христијанството како религија и преку кои се проширило во Еврпа и Азија;

• Од Македонија потекнуваат браќата свети Кирил и свети Методиј кои ги превеле црковните христијански книги на посебно славјанско писмо (старомакедонското), со корени од Македонија;

• Во Охрид е отворен првиот словенски универзитет, од кој, покрај христијанството се формирала и ширела посебната славјанска култура;

• Во Македонија е нацртана првата ренесансна слика која и денес стои во манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, Скопско;

• Кокино кај Куманово е една од ретките неолитски опсерватории во светот;

• Македонија е една од ретките територии со карпести уметности;

dzordz6-3

• Алшарот е еден од ретките минерали, преку кој науката може да ги открие тајните на постанокот на вселената;

• Во Македонија е роден Аександар III Македонски (Велики), кој заедно со својот татко Филип II Македонски претставува меѓник на историјата на војувањето, тактиката и досега е ненадминат војсководец;

• Во Македонија е роден Аристотел, „таткото“ на науката и филозофијата;

• Од македонско потекло е и најпознатата жена во историјата на човештвото – кралицата на Египет – Клеопатра;

• Во селото Таор, Скопско е роден и најпознатиот византиски владетел Јустинијан, чии правни одредби се учат и денес во сите светски универзитети;

• Во Македонија е роден свети Димитрија, познат христијански маченик;

• Во Македонија е роден „таткото“ на современа Турција, Кемал Ататурк;

dzordz6-4

     • Во Скопје е родена света Мајка Тереза, една од најхуманите жени во светот.

     • Македонија е карактеристична и по народно пресметување на времетраењето на месеците.

Така, според истражувањата на етнолозите и антрополозите, времетраењето на месеците во народната култура на Македонците, најчесто се пресметувало и одредувало според одредени празнични денови, нарекувани меѓници или синори. Тоа се големите христијански празници кои ги има во секој месец од годината. Времетраењето на месеците во народното живеење на Македонците изгледало вака:

Период

Јануари од Вртолом до Василица

1. Јануари – Коложег од Василица до Свети Трифун.

2. Февруари – Сечко од Свети Трифун до Летник.

3. Март – Цутар од Летник до Благовец.

4. Април – Тревен од Благовец до Еремија.

5. Мај – Косар од Еремија или Ѓурѓовден до Духовден или до Петрови поклади.

6. Јуни – Жетвар од Духовден или Петровденски поклади до Иванден.

7. Јули – Златец од Илинден до Голема Богородица.

8. Август – Житар од Голема Богородица до Крстовден.

9. Септември – Гроздобер од Крстовден до Петковден.

10. Октомври- Листопад од Петковден до Митровден.

11. Ноември – Студен од Митровден до Богородица Пречиста.

12. Декември –  Снежник од Богородица Пречиста до Света Ана или Свети Игнат.

Според ваквото времетраење на месеците, може да се забележи дека годината има 13 месеци, што всушност се поклопува со бројот на месечевите мени во текот на една година. Ова, пак, укажува дека луѓето во минатото ги одредувале месеците и се ориентирале според бројот на промени на месечината во една година.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top