Дијаспора

Јубилеј: 25 години Македонски телефонски именик

jubilej25-1

25 години „Македонска Трпеза“ во Сиднеј

Во организација на Редакцијата на Македонскиот телефонски именик, на 28 септември, во свечената сала “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по јубилеен 25-ти пат се одржа традиционалната вечер  на македонските бизнисмени и професионалци, наречена „Македонска трпеза“.  Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа и многу преставници од општествените и културните организации на македонската заедница во Нов Јужен Велс и Канбера.

jubilej25-1

Присутните ги поздрави Претседателот на АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ за НЈВ, господинот Џошуа Шерман.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот телефонски именик ги додели највисоките признанија “ Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2017 година.

Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2017 година, за натпросечни деловни резултати ја доби познатиот македонски бизнисмен  господинот Саше Петровски, сопственк на компанијата, „Smartline“  од Сиднеј. Покрај него номинирани за оваа висока награда беа: господинот Крсте Наумовски, сопстевеник на “ Kn cleaning and maintenance“, господинот  Тони Димитровски Џејмс, сопственик на „Sabton & son“  од Сиднеј и господата Тоде и Билјана Пеовски, сопственици на „Superior Paper“.

 “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2017 година, го доби ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­ Македонското Добротворно Здружение на НЈВ, од Порт Кембла, за  општествени дејности, а номинирани за ова признание беа и господинот Крис Каранфиловски, кореограф во КУД „Илинден“ од Сиднеј, КУД, „ИЛИНДЕН“ од Западен Сиднеј, како и КУД „Разиграна МАКЕДОНКА“ од Квинбијан.

Наградата за животно дело ја доби Господинот Златко Настевски од Сиднеј.

jubilej25-2

По повод дваесет и пет годишниот јубилеј, Македонскиот телефонски именик им подари кристални часовници со посвета на оние бизнисмени, кои што 25 години се рекламираат во Именикот.

 Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосфера. Присутните ги забавуваа музичката група “Без име“, а во забавниот дел настапи и танчерката со битолско потекло, Магда.

 Македонскиот телефонски именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот телефонски именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот телефонски именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

Жаклина Михајлова

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top